Македонија го одбележува Светскиот ден на аутизмот - Канал 5

Македонија го одбележува Светскиот ден на аутизмот

Под мотото „Еден свет за сите“ Македонија по трет пат годинава го одбележува Меѓународниот ден на аутизмот. Централната манифестација ќе се одржи во Скопје сити мол во организација на здружението „Во мојот свет“ под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.

Македонија го одбележува Светскиот ден на аутизмот
Децата, заедно со поддржувачите на кампањата, ќе составуваат сложувалка со боите на аутизмот, а ќе биде приредена и музичка програма.

Целта е да се придонесе за подобрување на условите за живот на оваа ранлива група граѓани.

По повод Меѓународниот ден, делегација на Македонското научно здружение за аутизам и семејства кои имаат деца со аутизам ќе го посетат претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Целта е со посетата да ја подигнат јавната свест за аутизмот во Македонија и да покажат дека ооваа популација не е маргинализирана.

Од здружението „Во мојот свет“ посочуваат дека во Македонија не постои официјален регистар на лица со аутизам, но се проценува дека има 2.500 лица со аутизам и 12.000 кои влегуваат во аутистичниот спектар на нарушување.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека во соработка со Министерството за здравство почна реализацијата на идејата за воспоставување национален регистар на лица со аутистичен спектар на нарушување. Се надеваат дека националниот регистар ќе биде појдовна основа за креирање национална стратегија за справување со атуистичниот спектар на нарушување. Очекуваат и да се зголеми свеста на јавноста и на професионалците за овој проблем, да се унапреди едукацијата на стручните кадри за работа со деца и лица со аутизам и да се формираат што поголем број специјализирани центри за лица со аутизам.

- Значајна и длабока човечка смисла се открива при секој потфат за заштита, рехабилитација, воспитување и образование на лицата со аутизам, затоа што тоа е една од најблагородните и најзначајни активности кое што во рамките на своите надлежности може да ги спроведе Министерството за труд и социјална политика во соработка со останатите надлежни субјекти. Таквата висока вредност и смисла не обврзува сите нас, секој од својот домен на делување, на еден посебен начин да придонесеме кон развој на еден единствен квалитетен систем на здравствени, социјални, рехабилитациски и воспитно-образовни установи, служби, институции, со еден збор хуман однос кон оваа категорија на лица, велат од Министерството.
Најавуваат дека како една алка од овој интегративен систем го подготвиле и до крајот на овој месец целосно ќе го стават во функција Дневниот центар за деца со аутизам, кој што ќе биде потврда на напорите што се вложуваат, овие деца да се интегрираат во општеството и да не останат на неговите маргини.

Во Центарот, кој како организациска единица ќе функционира во рамките на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, а просторно ќе биде сместен во Заводот за рехабилитација на деца и младинци-Скопје, ќе бидат опфатени вкупно 20 деца со аутистичен спектар на нарушувања, кои ќе бидат распоредени во три возрасни групи од 5-10 години, 10-15 години и 15-18 години, со кои што ќе работи посебно обучен тим од 4 специјални едукатори-дефектолози, еден логопед, еден психолог, еден социјален работник, еден физиотерапевт, медицинска сестра и двајца негователи, што само по себе докажува каков вид и степен на заштита и рехабилитација ќе им се даде на овие деца во овој Дневен центар.

Поголем број од децата со аутизам се веќе интегирани и во постојните 23 дневни центри за деца со пречки во развојот, кои што обезбедуваат услуги на дневно згрижување и престој, нега, исхрана, психосоцијална рехабилитација и реедукација, советодавна работа и услуги на организирано поминување на времето на децата со умерени и тешки пречки во менталниот развој, кои што се на возраст од 5-18 години и истите се наоѓаат во ризик од маргинализација или институционализација.

Од Министерството додаваат дека како поддршка на семејствата на децата со аутизам, во континуитет еден од родителите, на овие деца го остварува правото на посебен додаток согласно Законот за заштита на децата во висина од 4.200 денари, а истовремено доколку нивните родители или старатели се во работен однос согласно со позитивните законски прописи може да го остварат и правото на надоместок на скратено работно време.

Аутизмот е биолошко развојно нарушување на мозокот. Главни карактеристики се слаба или никаква социјална интеракција и комуникација, ограничени активности и повторувачки шеми во однесувањето. По тие карактеристики аутизмот се разликува од останатите нарушувања од групата нарушувања од групата нарушувања од аутиситичниот спектар.

Причините за ова нарушување не се во целост познати, но голем број експерти тврдат дека до него водат различни причини.

Институциите кои ги третираат лицата со аутизам порачуваат дека е многу значајно раното дијагностицирање. Со современите знаења, средства и методи аутизмот може да се детектира најрано на возраст од околу 18 месеци со што се создава основа за интервенција кога мозокот е во фаза на формирање. Со раното откривање на аутизмот може да се обезбеди излез за аутистичните деца како и за луѓето околу нив.

Важна е и раната консултација на родителите со педијатарот и психијатарот и низ мултицисциплинарен преглед во институционална фаорма правилно да може да се лоцира симптоматологијата на аутизмот и да ги препознае критеријалните однесувања кои го лоцираат аутизмот. Родителите обично ги забележуваат симптомите во првите две години. Симптомите обично се развиваат постепено, но има исклучоци кај некои деца со аутизам, кои отпрво се развиваат нормално, а потоа нивниот развој назадува. Иако преземањето мерки во поглед на воспитување или учење за спознавање на светот уште во раниот период од детството може да им помогне да станат способни да се грижат за самите себе, да комуницираат и да се социјализираат, не постои лек кој делува 100-процентно. Не многу деца со аутизам се осамостојуваат и живеат независно по стекнувањето полнолетство, иако некои од нив стануваат успешни. Развиена е и култура на аутистите, во рамките на која што некои бараат лек, додека пак други веруваат во тоа, дека аутизмот не треба да се третира како нарушување, туку да се толерира како разлика.

Очигледните симптоми се појавуваат постепено по 6-месечна возраст, веќе можат да се потврдат од 2 до 3-годишна возраст, и имаат тенденција да продолжуваат да се појавуваат во зрелите години, но често во променета форма. Аутизмот не се утврдува со само еден симптом, туку со карактеристичната тројка од симптоми: нарушувања во способноста за социјализација, нарушувања во способноста за комуникација и ограничени интереси и повторливо однесување. Има и други чести симптоми, како необичниот начин на јадење, но тие не се пресудни при дијагностицирањето. Карактеристичните симптоми на аутизмот се појавуваат низ целиот свет, и на тој начин што аутистите не се разликуваат драстично од остатокот од населението, при што исто така нема и некоја остра линија помеѓу поблагите и потешките патолошки случаи на аутизам.

Аутистичните бебиња обрнуваат помалку внимание на општествените стимуланси, поретко се смеат, поретко ги гледаат другите околу нив и поретко одговараат на нивното име. Аутистичните дечиња поочигледно отскокнуваат од општествената норма, на пример поретко имаат директен контакт, поретко се вртат на повик и поверојатно е да комуницираат со тоа што би ја движеле раката на некој друг. Аутистичните деца од 3 до 5 годишна возраст уште помалку покажуваат дека го разбираат општеството, тие им приоѓаат на други луѓе спонтано, имитираат, реагираат на емоции, комуницираат невербално и се вртат кога некој ќе ги повика. Но, сепак тие развиваат поврзаност со нивниот првичен негувател. Повеќето аутистични деца не развиваат таква поврзаност со негувателите, која ја доживуваат како заштита од општеството, за разлика од децата кои не се дијагностицирани со аутизам, но оваа разлика ја нема помеѓу обичните деца и децата со повисок степен на психички развој или понизок степен на НСА. Постарите деца и возрасните со НСА покажуваат полоши резултати на тестовите за препознавање на лица и емоции.

Поновите истражувања покажуваат дека тој се јавува почесто од Дауновиот синдром, од ракот кај децата или глувоста. Почесто се јавува кај машките, отколку кај женските деца и тоа за четири пати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полска компанија ќе гради статуа на Исус на Филипините од 207 метри, највисока на светот (ФОТО)

Полска компанија претстави проект за изградба на статуа на Исус Христос висока 207 метри, која, доколку биде поставена, би можела да стане највисокиот споменик од ваков вид во светот.

Полска компанија ќе гради статуа на Исус на Филипините од 207 метри, највисока на светот (ФОТО)

„Слипформ“, инженерска и градежна компанија со седиште во Шчечин, град во северозападниот дел на земјата, објави визуелни снимки од идната монументална зграда, објави ТВП Ворлд.

Изведувачот сè уште не е избран

Според планот, статуата би била изградена во покраината Илокос Сур, на северните Филипини, а проектот би можел да донесе нов технолошки пробив во изградбата на големи бетонски конструкции.

За потфатот беше разговарано и за време на минатонеделната посета на полскиот претседател Карол Навроцки на главниот град на Филипините, Манила.

Иако изведувачот сè уште не е избран, Slipform верува дека би можел да добие предност благодарение на иновативната градежна технологија што ја разви во 2023 година.

Технологија развиена во Шчеќин

„Проценуваме дека би можеле да го завршиме потпорното јадро на споменикот, изработено од армиран бетон и високо повеќе од 200 метри, за приближно 40 дена“, рече Даниел Кисала, извршен директор на компанијата.

Тој додаде дека проектот ги демонстрира можностите што ги нуди технологијата развиена во Шчеќин.

Предложениот градежен систем овозможува континуирана работа, 24 часа на ден, без потреба работниците постојано да ја расклопуваат и повторно да ја составуваат оплатата што се користи за обликување на бетонот. Таквиот пристап би можел да го скрати времето на изградба и да ја олесни изградбата на структура со извонредни димензии.

Извонреден градежен потфат

Slipform објавува дека подготвил концептуален дизајн и ги доставил своите предлози до филипинскиот инвеститор, чие име не е објавено во полските медиуми. Проектот моментално е во фаза на преглед и чека проценка и одобрување.

Според плановите, за изградба на потпорното јадро би можеле да бидат потребни дури 27.000 кубни метри бетон. Оваа количина на материјал зборува за обемот на зафатот, кој, доколку се реализира, би претставувал извонреден градежен проект. Со планираните 207 метри, статуата на Исус Христос на Филипините би ги надминала постојните монументални негови претстави, вклучувајќи ги и спомениците во Бразил и Полска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужас во Бугарија: Удрил во контејнер, па избегал- полицијата во багажникот го пронашла убиениот очув (ВИДЕО)

Четиринаесетгодишник го удрил семејниот „мерцедес“ во контејнер за ѓубре во бугарскиот град Димитровград и по несреќата избегал со мајка си. 

Ужас во Бугарија: Удрил во контејнер, па избегал- полицијата во багажникот го пронашла убиениот очув (ВИДЕО)

Кога полицијата го претресла автомобилот, го пронашла телото на нејзиниот сопруг во багажникот, објавува порталот 24chasa.bg.

Жената (32) била во брак со 67-годишниот Петар. Имале две мали деца, а нејзиниот син од претходен брак исто така живеел со нив. Семејството живеело од приходите на мажот, кој добивал голема пензија. Куќата во населбата Маријно била исто така во негова сопственост.

Нивните соседи рекле дека двојката често се карала. Според нив, ја слушнале расправијата во текот на денот во понеделник. Не е познато точно кога се случило убиството, но според медиумските извештаи, се сомнева дека жената и нејзиниот постар син долго време го планирале злосторството.

Мажот претрпел убодна рана во срцето, а се сомнева дека неговата сопруга го избодела. После тоа, момчето ѝ помогнало на мајка си да го завитка телото во ќебе.

Во понеделник околу 23:30 часот, наводно го ставиле телото во багажникот на семејниот мерцедес. Планирале да го фрлат во реката Марица. Според истрагата, имале намера да ја наследат куќата, а во меѓувреме да ја соберат пензијата на човекот, која му се уплаќала на банкарската сметка.

Меѓутоа, само неколку минути откако тргнале, момчето ја изгубило контролата врз автомобилот и се судрило со контејнер за ѓубре. Иако било речиси полноќ, сведоците ја забележале несреќата и ги повикале службите за итни случаи на 112. Потоа мајката и синот избегале.

Полицијата почнала да го движи автомобилот, а кога го отворила багажникот, го пронашла телото на Петров. Неговата сопруга и нејзиниот син набрзо биле приведени.

Истрага на лице место била спроведена во домот на семејството во текот на целиот вторник. Според неофицијални информации, пронајден е и предмет за кој се сомнева дека е употребен во злосторството.

Мајката е приведена, додека полициска заштита е наредена за нејзиниот четиринаесетгодишен син и неговите двајца помлади полубраќа. Се очекува обвинителството да одлучи дали да го обвини и постарото момче.

Според неофицијалните информации што ги објави бугарскиот весник, мајката ја презела одговорноста за да го заштити својот син. Исто така, се тврди дека неговите изјави дека убиството било однапред планирано не биле дадени во присуство на адвокат, што може да се оспори во постапката.

Според весникот, дури и ако биде осудено, момчето може да се соочи со затворска казна до пет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стапот за селфи е минато- направен е двоножен робот, кој го носи телефонот и го следи сопственикот

Деновите на незгодно обидување да ги соберете сите ваши пријатели на една фотографија наскоро би можеле да завршат. 

Стапот за селфи е минато- направен е двоножен робот, кој го носи телефонот и го следи сопственикот

Наместо селфи стап, нучниците претставија необичен двоножен робот кој го носи вашиот паметен телефон наместо вас, трча покрај вас, па дури и може да се позиционира за да ве фотографира, објави Дејли Меил.

Минијатурниот уред, наречен PhoneBot, е висок околу 19 инчи и тежи околу 4 фунти. Во почетните демонстрации, тимот покажа дека роботот од 400 долари може да оди, да следи лице и да стане од лежечка положба.

Може да носи паметен телефон кој се монтира над „колковите“ на уредот, во суштина формирајќи го неговиот торзо. Камерата на телефонот му овозможува на роботот да детектира и следи луѓе, додека неговите сензори за движење можат да собираат информации за движењето и ориентацијата на роботот.

Иако роботот е дизајниран како истражувачка платформа, тој би можел ефикасно да дејствува и како патувачки фотограф, автоматски позиционирајќи се така што сите ќе бидат во кадарот.

Во предпечатен труд објавен на платформата arXiv, истражувачите наведоа: „Овој труд го претставува Fonbot, нискобуџетна, компактна, хуманоидна платформа со отворен код која интегрира стандарден паметен телефон со модуларно тело за сензори, обработка на податоци на уредот и интеракција.“

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, објаснија дека телефонот работи со софтвер кој ги контролира движењата на роботот. Тој испраќа команди преку Wi-Fi до мал вграден компјутер, кој потоа ги пренесува до моторите.

Вкупно, Fonbot има 13 мотори - шест во секоја нога и еден што го ротира неговиот торзо. Овој дополнителен зглоб ѝ овозможува на камерата да се движи странично додека стапалата на роботот остануваат цврсто поставени на земјата.

Тимот го тестираше својот предложен систем користејќи различни телефони и откри дека сите тие поддржуваат основни функции за сензори, контрола на движење и вид.

Иако во моментов нема раце, научниците велат дека планираат да додадат лесни екстремитети за манипулирање со предмети.

Тие исто така сакаат да истражат како роботот се движи по нерамни површини, бидејќи досега е тестиран само на рамна земја.

Системот може да реагира и на гласовни команди користејќи го микрофонот и звучникот на паметниот телефон.

Сепак, засега, функциите за препознавање говор и обработка на јазик се управувани од посебен лаптоп.

Научниците се надеваат дека на крајот ќе можат да ги користат овие модели на вештачка интелигенција директно на самиот телефон, намалувајќи ја потребата од надворешен хардвер.

Севкупно, истражувачите веруваат дека паметните телефони обезбедуваат „практична основа“ за роботиката бидејќи тие веќе комбинираат камери, сензори за движење, компјутерска моќ и безжична поврзаност во еден уред.

Тие се надеваат дека оваа нискобуџетна платформа ќе понуди „прифатлива, репродуцирана платформа за образование, истражување и брзо прототипирање“, правејќи ги хуманоидните роботи подостапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер