Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања
2Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања
3Претставници на МВР од Одделот за внатрешна контрола во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата
СветМистерија во Мјанмар: Американски дипломат пронајден мртов во хотелАмерикански дипломат е пронајден мртов во Мјанмар, а Тајланѓанка е приведена како дел од полициската истрага за можно убиство.Американски дипломат е пронајден мртов во Мјанмар, а Тајланѓанка е приведена како дел од истрагата, соопшти американскиот Стејт департмент во среда. Членови на дипломатската заедница во Јангон потврдија дека жената е во полициски притвор, објави „Еуроњуз“. Стејт департментот ја потврдува смртта Американските претставници во Тајланд и во амбасадата на САД во Мјанмар упатија прашања до Стејт департментот. Вашингтон ја потврди „смртта на вработен во американската влада“ кој работел во амбасадата во Јангон, но не даде дополнителни детали. „Од почит кон приватноста на семејството и најблиските, во овој момент немаме дополнителни информации да споделиме“, соопшти Стејт департментот во соопштението за АП. Истрага за можно убиство Според тројца членови на дипломатската заедница во Мјанмар, кои зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да зборуваат за случајот, телото на дипломатот е пронајдено пред околу две недели во хотелот „Сакура Резиденс енд Хотел“. Имотот е комплекс со долгорочни станови популарен кај дипломати, бизнисмени и други странски посетители, и се наоѓа на околу една милја од Амбасадата на САД. Истите извори велат дека полицијата го третира случајот како можно убиство и дека тајландскиот државјанин е во притвор. Нема официјални информации Властите во Мјанмар ретко даваат информации на медиумите. Дежурниот службеник од полициската станица одговорна за областа каде што се наоѓа хотелот одби да коментира за случајот, како и менаџерот на хотелот „Сакура“. Тајландската амбасада во Јангон и тајландското Министерство за надворешни работи, исто така, одбија да одговорат дали на осомничената и е пружена конзуларна помош или да дадат дополнителни информации за случајот. Мјанмар е сцена на конфликт со години помеѓу воената влада, која ја собори демократски избраната лидерка Аунг Сан Су Ќи во 2021 година, и разни вооружени групи составени од етнички малцинства и продемократски сили. Извор: Б92Тагови: Мјанмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеД-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвотоД-р Дохчев со поддршка на кампањата, потенцирајќи ја успешната приказна во процесот на трансплантација на бубрези која датира уште од далечната 1977 година.„Органодарителството претставува највисок чин на човекољубие, нема поголема вредност за човештвото воопшто. На Клиниката за урологија ние имаме историски успешна приказна во процесот на трансплантација на бубрези. Приказната датира уште од далечната 1977 година, кога е направена првата трансплантација. Досега имаме направено 530 трансплантации, од кои 99 се од кадавер, односно починат пациент. Иако ова се импозантни бројки за Македонија, сепак се недоволни да ги задоволиме потребите на нашие пациенти за органи. Кај линвиг-донор трансплантацијата мотивацијата кај донорите е многу поголема затоа што донираат орган за својот најблизок член на фамилијата. Меѓутоа кога се работи за кадаверична трансплантација, тука имаме недоволен број на регрутирани донори, што зависи од нас самите граѓани. Ние сме потенцијални дарители на органи после нашата смрт. Затоа апелирам до сите граѓани на нашата држава да се подигне свеста за органодарителството, затоа што голем број на пациенти чекаат за добивање на орган за трансплантација. Од еден починат донор може да се спасат четири нови животи, ако се направи успешна трансплантација. Тоа се два пациенти што ќе добијат бубрези, да се спасат и да живеат нормален и убав живот. Еден пациент со црн дроб и еден пациент со трансплантирано срце. Затоа е многу важно да ја подигнеме свеста, да знаеме дека од секој починат човек, нормално, според утврдени критериуми, од националиот координатор биде потенцијален донор и да сите ние ги даруваме нашите органи после нашата смрт. Со тоа ќе спасиме многу животи за да може да профункционираат во иднина“, вели д-р Дохчев, хирург од Универзитетската клиника за урологија. Д-р Дохчев со поддршка на кампањата, потенцирајќи ја успешната приказна во процесот на трансплантација на бубрези која датира уште од далечната 1977 година. Министерството за здравство, заедно со сите чинители продолжува со оваа кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста! Тагови: Д-р Дохчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаЛишен од слобода разбојник од битолско, следува соодветна пријаваНа 09.06.2026 во 12:50 часот во с.Логоварди, битолоско, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода В.Ј.(29) од с.Новаци. Тој се сомничи дека на 08.06.2026 отишол во куќата на И.Т.(51) во с.Новаци физички го нападнал, му се заканувал и му одзел личен предмет, по што заминал. По преземени мерки, тој е пронајден и приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барањаОд средбата со бугарската колешка Илијана Јотова ни стана јасно дека не се само уставните измени туку и други барања поврзани со протоколите – порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова.Според неа, јасно е дека двете земји имаат различни интерпретации за преговарачката рамка и протоколите, но оцени дека важно е што воопшто има дијалог меѓу двете страни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50