„Dodge Charger“ се враќа во Европа (ФОТО) - Канал 5

„Dodge Charger“ се враќа во Европа (ФОТО)

„Dodge“ го враќа „Charger“ на европскиот пазар, а новата генерација ќе биде достапна и со електричен и со бензински мотор.

„Dodge Charger“ се враќа во Европа (ФОТО)

Европските клиенти веќе можат да го нарачаат автомобилот, додека првите испораки започнуваат во септември.

Најмоќната електрична верзија се нарекува „Charger Daytona Scat Pack“ и има 670 КС. Благодарение на погонот на сите тркала, достигнува 100 км/ч за само 3,3 секунди, додека четвртина милја ја поминува за 11,5 секунди.

Послабата верзија „Daytona R/T“ развива 536 КС и забрзува до 100 км/ч за 4,2 секунди. И двата модели користат батерија од 100,5 kWh и архитектура од 400 волти. Брзото полнење до 350 kW овозможува батеријата да се наполни од 20 до 80 проценти за околу 27 минути.

За љубителите на класичните мотори, „Dodge“ подготви „SIXPACK“ верзии со нов 3,0-литарски шестцилиндричен двоен турбо бензински мотор. „Scat Pack“ развива 550 КС и достигнува 100 км/ч за 3,9 секунди, додека „R/T“ има 420 КС и го завршува спринтот за 4,6 секунди.

Сите верзии стандардно доаѓаат со погон на сите четири тркала, додека бензинските модели имаат можност за пренос на целиот вртежен момент на задните тркала со притискање на копче.

За европскиот пазар, почетната цена на моделот е 66.000 евра.

За оние кои сакаат да платат дополнително, „Dodge“ подготви богата „Plus“ опрема која вклучува 20-инчни тркала, „head-up“ дисплеј, камера од „360°“, безжично полнење на телефон, 16-инчна дигитална инструмент табла и амбиентално осветлување со 64 бои.

Новата генерација на „Charger“ е еден од ретките американски автомобили што официјално ќе им бидат достапни на европските купувачи, со можност за избор помеѓу целосно електричен и бензински погон.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер