Дали вашиот лаптоп работи бавно? Проблемот можеби е полесен за решавање отколку што мислите! - Канал 5

Дали вашиот лаптоп работи бавно? Проблемот можеби е полесен за решавање отколку што мислите!

Кога лаптопот одеднаш ќе стане бавен, повеќето корисници веднаш се сомневаат во процесорот, „RAM“ меморијата или „SSD“-то.

Дали вашиот лаптоп работи бавно? Проблемот можеби е полесен за решавање отколку што мислите!

Сепак, причината за проблемот често може да биде нешто многу поедноставно - батеријата.

Современите лаптопи постојано балансираат помеѓу перформансите и траењето на батеријата. Поради ова, „Windows“ и другите оперативни системи честопати автоматски ја намалуваат моќноста на процесорот за да заштедат енергија. Резултатот е компјутер кој работи побавно отколку што треба, дури и кога нема сериозен дефект.

Едно од првите решенија што експертите ги препорачуваат е промена на режимот на напојување во „Најдобри перформанси“. На овој начин, системот ја дава предноста на брзината пред заштедата на енергија, што може значително да ја подобри реакцијата на компјутерот, објавува „BGR“.

Интересно е што понекогаш дури и мало ограничување на максималната брзина на процесорот може да ги подобри перформансите. Причината е таканареченото „термичко задушување“: кога процесорот се прегрева, лаптопот автоматски ја намалува својата брзина за да спречи оштетување, а со намалување на температурата, можно е да се одржат постабилни перформанси подолг временски период.

Проблемот може да биде и несоодветен полнач. Ако користите полнач со помала моќност од препорачаната од производителот, вашиот лаптоп може да ги ограничи своите перформанси за да се прилагоди на достапната енергија. Покрај побавните перформанси, ова често води до побавно полнење на батеријата.

Состојбата на самата батерија исто така игра важна улога. Истрошената батерија која повеќе не може да ја испорача потребната количина на енергија може да предизвика системот да ги намали перформансите. Истото важи и за случаите кога батеријата се прегрева при полнење.

Затоа, експертите советуваат корисниците периодично да го проверуваат „здравјето“ на батеријата и да користат оригинален или сертифициран полнач. Во многу случаи, ова може да го реши проблемот со бавниот лаптоп без скапи поправки или замена на компоненти.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во Крагуевац

Вообичаениот училиштен ден се претворил во вистинска драма во во Првото техничко училиште во Крагуевац, кога  17-годишник, ученик во четврта година упаднал во објектот и отвори оган. 

17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во Крагуевац

Откако малолетникот точно во 8 часот пукал со пушка со мал калибар, најверојатно сопственост неговиот татко. Едната вработена, која работела како хигиеничарка, била погодена од куршум, додека друга се здобила со повреди од парчиња стакло што се распрснале од силината на истрелот.

Според српските медиуми, само благодарение на сплет на среќни околности и фактот што на напаѓачот му се укочило чкрапалото на пушката избегнат масакар врз учениците и наставниците кои во тој момент биле зад затворените врати од училниците.

Двете жени веднаш биле пренесени во болница, а потешко повредената е надвор од животна опасност.

Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, потврди дека сите ученици безбедно ја напуштиле училишната зграда по пукањето и објасни дека претходно немало проблеми со ученикот кој е уапсен.

-Учениците од Првото техничко училиште безбедно ја напуштија зградата. Ученик од четврта година рани колешка, вработена во Првото техничко училиште. Колешката е надвор од животна опасност. Со брзата реакција на припадниците на МВР, ученикот е уапсен. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе се обидеме наставата што поскоро да се нормализира – изјави – Немања Јоксимовиќ, директор на Првото техничко училиште во Крагуевац .

Од српското МВР потврдија дека малолетникот е уапсен и дека полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со нападот.

Во меѓувреме, српските медиуми објавуваат неофицијални информации за активностите на осомничениот на социјалните мрежи и за наводна содржина поврзана со трагедијата во белградското основно училиште„ Владислав Рибникар “.

А, особено внимание привлекува и фотографијата која ја ставил на неговиот наводен Вибер профил, на кој е истакнат денешниот датум 24 ноември. Воедно, се појавила и фотографија на која, наводно, осомничениот ученик позира со огнено оружје, пренесуваат медиумите. Автентичноста на овие објави засега не е официјално потврдена.

Случајот предизвика големо вознемирување во српската јавност. Пред три години, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ влезе во училиштето во кое учел и со пиштолот на својот татко уби деветмина соученици и училишниот обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?

Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста.

Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?

Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста за разлика од последниот кога викендов пред поликлиниката „Јане Сандански“ беше нападната екипа на Итната помош, и затоа е потребен систем што ќе овозможи во исто време и заштита на персоналот и остварување на правата на пациентите. Ова е ставот на Здружението на сестри, акушерки и техничари „За нас“ кои реагираат за целокупниот однос кон овој кадар со години наназад од страна на државата.

-Ако системската поставеност ве штити во здравствените институции, вие сте во доволен број, имате доволно возила, па сте доволно екипи, па системски нема да морате продурални администрации да спроведувате и можете автономно да одлучувате, имате лиценца (како што нема за медицински сестри во државата) за да одлучиме за нешто, затоа некогаш може да одлучите за доброто на пациентот, а потоа да одговарате бидејќи никаде не пишува дека тоа сте смееле да го направите,- - Гордана Бешлиовска - Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Додека освен зголемување на бројот на здравствени работници, медицинските здруженија од Министерството за здравство бараат и задолжително физичко обезбедување во сите болници наместо реакција по секој нов инцидент, Министерот Клековски вели дека не е возможно да има обезбедување насекаде и со секоја екипа.

-Ангажирање на дополнително обезбедување е оправдано, но тоа е оправдано на одредени точки. Меѓутоа дека ние ќе имаме обезбедување со секоја брза помош е невозможно. Да, можеме да обезбедиме некои точки, но не можеме сите точки, не можеме да ја претвориме државата во полициска држава,- - Сашо Клековски – министер за здравство

Иако годишните пријави до МВР за напад врз лекар или медицински персонал можат да се избројат на една рака, според објавени последните објавени податоци на Лекарската комора околу 70 отсто од докторите во здравството соочуваат со насилство на работно место, најчесто со вербални напади.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер