Мадона објави секси фотографии,па се најде на удар: Таа е стара, болна бабичка (ФОТО) - Канал 5

Мадона објави секси фотографии,па се најде на удар: Таа е стара, болна бабичка (ФОТО)

Кралицата на попот, Мадона ја почести својата армија од 43 милиони следбеници со прилично секси фотографии на Инстаграм.

Мадона објави секси фотографии,па се најде на удар: Таа е стара, болна бабичка (ФОТО)

На фотографиите 62-годишната музичарка ги покажа своите атрибути во садомазохистичка долна облека од тантела и со моторџиска капа на главата.

Покрај фотографијата, седумкратната добитничка на Греми напиша: „И сега момент да размислите за себе ... Мадам Х“.

Иако многу фанови биле воодушевени од фотографиите и ги оставија коментарите во кои истакнуваат дека изгледа сензационално, еротско, секси ... имаше и такви кои ја прашаа – зошто откриле дека е „болна и стара“ и дека ваквите фотографии не се соодветни за „една баба“, алудирајќи на нејзините години. Други веднаш почнаа да ја бранат. "Зошто ти не објавуваш вакви слики! Таа може! Само јас така да изгледав на 60 години ..."

Овие привлечни фотографии се појавија три недели откако Австралијката Амелија Голди ја обвини Мадона на социјалните мрежи за фотошопирање на главата врз нејзиното тело уште во 2015 година.

Инаку, Мадона ги поминала последните два месеци завршувајќи го новото издание на нејзината турнеја „Мадам Х“, што ќе биде објавено на Нетфликс или Блу-реј. Покрај тоа, двократната добитничка на Златен глобус на 26 февруари повторно снимила делови од нејзината концертна турнеја Иднина и Фрозен, која вклучува 11 настапи, но заврши порано поради пандемијата на коронавирус.

Останатите 14 настапи низ Европа и Северна Америка закажани за 2019-2020 година мораа да бидат откажани поради нејзината повреда на коленото и колкот.

Мајката на шест деца буквално измислила модерна верзија на филмски концерт во документарниот филм „Вистина или одважи се“ на Алек Кешишијан во 1991 година. За нејзиниот биографски филм го напиша и сценариото со оскаровецот Диабло Коди и режира два од критикуваните проекти - Filth and Wisdom од 2008 година и W.E. од 2011 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и топло време со температура до 37 степени

Според УХМР, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе достигне 36 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски договорил дата центи – само кога граѓаните би знаеле со кого?

Мицкоски изјави дека не се откажува од дата центрите, споменува 5-6 инвеститори и најавува реализација.

СДСМ: Мицкоски договорил дата центи – само кога граѓаните би знаеле со кого?

Значи Мицкоски веќе договорил дата центри пода радарот.

Само кога граѓаните на Македонија би знаеле со кого?

На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата?

Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста.

Мицкоски договорил и не се откажува. Граѓаните никој не ги прашува. Ќе биде како што ќе каже Мицкоски.

Земјоделците нема да имаат вода за нивите. Граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата.

Храна нема да имаме, Македонија од дата-центрите нема ништо, но затоа имаат некои приватни компании и поединци.

Дата-центрите не се технолошки напредок. Дата-центрите се само хардвер за туѓ технолошки напредок, на штета на граѓаните на Македонија, како и сè со ОКГ ВМРО.

Секогаш кога Мицко договара, разговара, граѓаните ништо не знаат.

Инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити.

Затоа бараме целосна транспарентност:

Кој е инвеститорот со кој преговара Мицкоски?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 29. август 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 29. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 29. август 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Личноста со која деловно соработувате би можела и приватно да се заинтересира за вас, но вие за сега ќе бидете на дистанца.

Кариера

Добивате можност за неочекувани финансиски резултати .Кај бнекои тоа уште денеска ќе се конкретизира , а кај некои ќе се договори.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата најсакана личност би можела денеска пшријатно да ве изненади. Ќе бидете подготвени да попуштите во нешто околу што сте се оспорувале.

Кариера

Ги имате сите шанси за да успеете да договорите една голема зделка.Речиси и да енма препреки.Бидете паметни.

Здравје и совет

Мала нерамнотежа со крвната слика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска може да уживате во друштво со саканата личност , без страв дека нема да ви возврати за она што и го нудите.

Кариера

Сите работи што ги извршувате со помош на луѓе ,добро се поставени. Бидете отворени кон другите , па и тие ќе бидат отворени кон вас.

Здравје и совет

Можете и со мали чекори да стигнете до целта.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што некогаш сте си го ветиле , денеска полека се остварува.Вие уживате во друштво на личноста која ви е многу драга.

Кариера

Одличен ден за поставување темели за еден крупен и долгорочен договор , кој финансиски ќе ви се исплатува.

Здравје и совет

Ќе бидете задоволни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете полни со емоции и подготвени да ги споделите со другата страна.Задоволство , среќа и мир речиси се сигурни.

Кариера

Некои работи ќе се одвиваат подобро отколку што очекувавте. За некои тоа ќе биде причина малку да се опуштат.

Здравје и совет

Нема нешто што не можете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе откриете која личност од работното место ве симпатизира. Ќе бидете збунети , зашто нема да знаете како да се поставите.

Кариера

Вашите колеги денеска кон вас ќес е постават исклучително попустливо и ќе ви дозволат да правите она што вообичаено не би смееле.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако денеска излезете , ќе ви биде преубаво. Доколку сте сами , би можеле да се вљубите. Ако имате партнер, уживајте.

Кариера

Професиите поврзани со сценски настап , презентации или јавен настап денеска би можеле да доживеат голем успех.

Здравје и совет

Покажете се пред светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

По прашањата за срцето денеска ќе можете да го читате секој детал меѓу редови ,но не ги изразувајте своите сознанија кон другите.

Кариера

Сите дејности во кои е потребна суптилност , интуиција, креативен талент или слично , денеска се одлично поставени.

Здравје и совет

Ќе сонувате пријатни сништа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои се сами, ќе минат ден во своите сништа и мечти. Тука ќе се чувствуваат најдобро.

Кариера

Вработените во институции од затворен тип ( болници , лаборатории,институти и сл.) имаат ден полн со откритија.Другите ќе работат вообичаено.

Здравје и совет

Анализирајте ја својата потсвест.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И натаму ќе се плеткате со една личност со која работите или таа си поигрува со вас. за некои тоа ќе биде само минлив флерт.

Кариера

Иако напорите на работното место се зголемуваат , со помош на добрата волја на соработниците и на вас самите, ќе ви биде пријатно.

Здравје и совет

Не ги заборавајте шефовите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Плимата од емоции кои сега ве носат , можеби ве збунува. на некои ќе им се остварат љубовните сништа.

Кариера

Одлично ќе соработувате , како со младите , така и со позрелите соработници на работното место. Ќе бидете отворени и љубезни.

Здравје и совет

Малкумина сега се посилни од вас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што во моментов недостига во вашите приватни односи , денеска успешѓно ќе го надополнувате со секс.

Кариера

Можеби ќе бидете уморни од силните озборувања , но од таму може и да произлезат квалитетни договори. Се очекуваат само уште некои информации.

Здравје и совет

Верувајте на својата интуиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер