Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотЛепче со паричка – на Бадник или на ВасилицаИсторијата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија.Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството жители во Кесарија беа навистина сиромашни. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера. Поради тоа, св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан. За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија. Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не кое било, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ. Така значи, со тогашната „василопита“, св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1 јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите! Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава.Ива Михаилова ја поминува границата, а системот не ја регистрира. Двата пасоши одземени, а сепак излегла. МВР вели нема евидентиран излез. Бугарската полиција вели евидентиран нема влез. Епа како? Полицијата во рацете на власта служи за гласање. Ништо друго. Safe City пуштен без закон кој ќе го контролира. Министерот рече дека имаат Пегазус софтвер и снимаат разговори на граѓани. Сè во партиски цели. Бодигардот на Мицкоски што тепа жени е пуштен. Не реагираа на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете. Сериски убиец бил на слобода. Пет тони дрога преку граница, а опремата за царина се предава свечено. Мицкоски поставува обвинител на телевизија. Наредува од собраниска говорница и по телефон. ДКСК и обвинителството ги отфрлаат сите пријави за криминалните тендери. Извештајот на Европската комисија е катастрофален: мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети. Народот талог и мочуриште. Се апсат за закани кон Мицкоски на социјалните мрежи. Обвинителството не реагира за напад на младите во Ново Село и заканите кон членови на партијата. Закон важи само кога има вперена камера. Не важи кога треба да се истражи касата, границата, тендерот. СДСМ не се меша во судството. Тоа го прави ВМРО-ОКГ. Бараме одговорност. Министерот да каже како излегла Михаилова. Како поминаа пет тони дрога. Зошто бодигардот е на слобода. Зошто пријавите за насилство не добија одговор. Зошто обвинителот работи преку телефон. Законот или важи за сите, или не важи за никого. Додека арамијата ја води бандата, правосудството е само театарска сцена. Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши. Се договорија, ја пуштија Ива Михаилова, па сега прават театар Зад грбот на народот, под маса, „под радарот“ се договорија со Бугарија и ја пуштија Ива Михаилова преку граница. Муцунски договорал, Панче ја пушти. А Мицкоски очигледно дал амин. Наместо одговорност од Тошковски сега народот гледа театар. Се повикува амбасадорот на Бугарија, се распишува потерница, се бара притвор, префрлаат одговорност на некој друг, се тера медиумска кампања, криви им се Филипче, Заев, СДСМ... Класични арамиски шеми. Секогаш кога се фатени живи како го лажат народот, како прават договори „под радар“. Ја пуштија да избега, чекаа да се појави на медиумите во Бугарија за потоа нивните медиуми, 40% под контрола на Орбан и Вучиќ да го почнат со театарот дома. Границата е швајцарско сирење, решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Ова е договорено! И затоа мора да има одговорност. СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова. Од оние договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат. Оставка од Панче Тошковски како министер што раководи со полицијата и со службите задолжени за контрола на границата. Граѓаните заслужуваат вистина и правда, државата заслужува институции што го спроведуваат законот. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМФФ Киненова вечерва се отвора со „3 недели подоцна“ на режисерот Мирослав ТерзиќАко Киненова бара филмови што оставаат трага и продолжуваат да живеат во гледачот и по проекцијата, тогаш сметам дека филмот природно се вклопува во таа категорија.11. издание на МФФ Киненова свечено се отвора вечерва во киното „Фросина“ во МКЦ со филмот „3 недели подоцна“ на Мирослав Терзиќ. Станува збор за истакнат српски филмски режисер и сценарист, препознатлив по своите длабоки социјални и политички драми кои обработуваат тешки општествени теми. Неговиот најнов филм од 2026 година се работеше под работниот наслов „Екскурзија“ и претставува сурова и емотивна драма која се занимава со врсничкото насилство и тинејџерскиот суицид. Имаше светска премиера во главната натпреварувачка програма на 60. Филмски фестивал во Карлови Вари, каде ја освои престижната награда Europa Cinemas Label, а потоа беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал. Голема чест е да се отвори фестивал кој слави храбар филмски јазик. Терзиќ ијави дека сака „да ја испровоцирате публиката и филмот да не биде заборавен пет минути по проекцијата“. На прашањето како оваа негова авторска цел се поклопува со мисијата на Киненова да прикажува филмови кои оставаат траен белег и будат општествена свест, Терзиќ вели: -Кога велам дека сакам да ја провоцирам публиката, не мислам на провокација заради самата провокација. Повеќе ме интересира филмот малку да ја наруши сигурноста со која влегуваме во приказната, за да нè натера да се преиспитаме за сопствената позиција и одговорност. Не сакам филмови што однапред му кажуваат на гледачот што да чувствува и каков заклучок да изведе. Ако Киненова бара филмови што оставаат трага и продолжуваат да живеат во гледачот и по проекцијата, тогаш сметам дека „3 недели подоцна“ (3 Weeks Later) природно се вклопува во таа категорија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНатпревар за најдобри бизнис идеи кај средношколциКои средношколци ќе го освојат милионот? Започна натпреварот за најдобра бизнис-идеја?Средношколците од цела Македонија повторно имаат можност да освојат 1.000.000 денари за своја бизнис-идеја. Започна второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја на средношколци, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, а пријавувањето е отворено до 8 ноември на milioner.mk. Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година, од државните и приватните средни училишта. Патот до милионот е следен: од сите пријавени бизнис-идеи на средношколците од Македонија, на 10 ноември ќе бидат објавени 120-те најдобри, по што започнува јавното онлајн гласање кое ќе трае до 25 ноември. Во истиот период ќе бидат организирани и седум менторски работилници, на кои учесниците ќе добијат практични совети за развојот на своите идеи. На 25 ноември ќе бидат избрани 50-те најдобри тимови, кои на 28 ноември ќе имаат само 90 секунди за да ги убедат инвеститорите во потенцијалот на својата идеја, преку форматот познат како elevator pitch. Од нив ќе бидат избрани 20-те најдобри тимови кои ќе продолжат во големото финале. На 29 ноември финалистите ќе имаат по пет минути за презентација и уште пет минути за прашања од инвеститорите и жирито, по што ќе биде прогласена победничката идеја што ќе ја освои наградата од 1.000.000 денари влог во идејата. Пред десет години некој вложил милион во неговата идеја. Денес тој вложува милион во идеите на средношколците. Приказната за натпреварот започнува многу пред неговото прво издание. Пред десетина години, Петар Ниновски, основачот на Brainster, бил млад претприемач со големи амбиции, но и со неизвесност дали ќе успее. Зад себе веќе имал неколку претприемачки обиди, од препродажба на концертни билети до бизнис со накит, кој по неуспешниот почеток во Црна Гора го продолжил во Охрид. Но пресудниот момент дошол кога група бизнис-ангели поверувале во неговата визија за создавање на подобро образование и му дале почетна инвестиција од еден милион денари. Со тие средства Ниновски го започнал Brainster, кој во следните години прерасна во образовна групација што обучува илјадници луѓе, создава работни места и развива нови и иновативни образовни програми, а денес е и лидер во Македонија на полето на вештачката или супер интелигенција. „Пред 10 години некој веруваше во мене, денес ние веруваме во младите и идеите кои носат подобра иднина“, вели Ниновски. Тројца битолчани покажаа дека милионот не е само сон Минатогодишното издание на натпреварот покажа дека во Македонија постои огромен претприемачки потенцијал кај младите. Во конкуренција на стотици пријавени тимови, победата ја однесоа тројца средношколци од Битола – Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски, со тимот Stay BE и бизнис-идејата „Систем 4“. Нивното решение користи вештачка интелигенција за подобрување на работењето на хотели и ресторани, преку телефонски агенти, чет-асистенти и други дигитални услуги. Тие не понудија само идеја на хартија, туку реално бизнис-решение со потенцијал за развој и ширење на пазарот. За тоа освоија 1.000.000 денари, а нивниот проект привлече и дополнителен интерес од инвеститори. Инвестициска понуда доби и второпласираниот тим „ПаметПакет“. Целта е поголема од милионот Целта на натпреварот е да го поттикне претприемачкиот дух кај младите, да ги охрабри да размислуваат креативно, да препознаваат можности таму каде што другите гледаат проблеми и да научат дека за успешен бизнис не е пресудна возраста, туку идејата, знаењето и иницијативата. Во наредниот период се предвидени и презентации во средните училишта низ Македонија во координација со надлежните образовни институции, со цел што повеќе средношколци непосредно да се запознаат со можностите што ги нуди натпреварот. Минатогодишните победници покажаа дека средношколските години можат да бидат вистинскиот момент за развивање на претприемачките способности, а идеите што денес се раѓаат во училишните клупи утре можат да прераснат во успешни компании. Токму затоа, организаторите ги охрабруваат средношколците од цела Македонија да ја искористат можноста, самостојно или заедно со своите соученици да развијат бизнис-идеја и да ја пријават на натпреварот. Не е неопходно да имаат готов производ или веќе основана компанија, туку идеја во чиј потенцијал веруваат и подготвеност да работат на нејзиното развивање. Пријавувањето е отворено до 8 ноември 2026 година на milioner.mk , а на 29 ноември ќе дознаеме во кое средно училиште ќе заврши следниот милион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook