Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева говорник на меѓународна конференција во Грузија - Канал 5

Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева говорник на меѓународна конференција во Грузија

Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева говорник на меѓународна конференција во Грузија по повод 30 години од основањето на Уставниот суд.

Судијката м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева говорник на меѓународна конференција во Грузија

Судијката на Уставниот суд м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, имаше свое обраќање на меѓународната конференција во Батуми, по повод 30 годишнината од основањето на Уставниот суд на Грузија. Централната тема на конференцијата е „Улогата на уставносудската контрола во државата заснована на владеење на правото“.

Васиќ-Бозаџиева се обрати на првата сесија посветена на темата „Уставниот поредок и основните човекови права”,на која свое обраќање имаа судии од Eвропскиот суд за човекови права(ЕСЧП), судии од уставните судови на Полска, Белгија, Бугарија.

Судијата Васиќ-Бозаџиева во своето излагање на темата „Од негативен законодавец до позитивно нормативно влијание: границите на уставносудскиот активизам“ го отвори прашањето дали современите уставни судови сè уште се само „негативни законодавци“ или нивната улога сè повеќе се проширува кон активно обликување на правото.

Васиќ-Бозаџиева посочува дека современото уставно судство не го напушта Келзеновиот модел на негативен законодавец, туку го надминува неговото тесно, формално разбирање.

„Уставниот суд и понатаму ја врши функцијата на отстранување на противуставните норми, но неговото дејствување има и позитивна нормативна димензија. Таа се изразува преку правните ефекти на неговите одлуки, примената на различни техники на одлучување и, во определени случаи, создавањето привремени општи правни правила. Одделно од тоа, преку развојното толкување на Уставот, Судот ја конкретизира и ја обликува содржината на уставните принципи и човековите права. Оваа втора улога не треба да се поистоветува со позитивното законодавство, туку да се анализира како творечка функција во развојот на уставното право. Особено значајна е творечката и развојната димензија на толкувањето на Уставот, преку која уставниот суд создава и развива уставноправни принципи и правила, поради што неговата улога во тој контекст може да се разбере како улога на творец на уставното право, а не како позитивен законодавец, истакна судијката.

Во заклучните согледувања, судијата Васиќ-Бозаџиева укажува дека легитимноста на позитивното нормативно влијание зависи од уставната основа, природата на повредата, неопходноста и пропорционалноста на интервенцијата, како и од зачувувањето на реалниот простор на законодавецот за вршење на неговата уставна надлежност.

„Позитивното нормативно влијание не е неограничено. Неговата легитимност зависи од уставната основа, природата на повредата, неопходноста и пропорционалноста на интервенцијата, времетраењето на привременото решение и, особено, од тоа дали на законодавецот му останува реален простор за вршење на неговата уставна надлежност. Затоа, суштинското прашање денес не е дали уставните судови треба да бидат активни. Прашањето е како да бидат доволно активни за да обезбедат ефективна заштита на Уставот, а истовремено доволно воздржани за да не ја нарушат уставната рамнотежа на власта.

Уставниот суд не смее да биде нем набљудувач на неуставноста, но не смее ниту да стане замена за законодавецот.

Неговата вистинска сила е во тоа да го обезбеди Уставот како највисок правен акт, вклучително и тогаш кога тоа бара развојно толкување и иновативни техники на одлучување, но секогаш во границите на сопствените уставни овластувања, Уставниот суд не смее да биде нем набљудувач на неуставноста, но не смее ниту да стане замена за законодавецот изјави Васиќ-Бозаџиева заклучувајќи го своето обраќање.

На меѓународната конференција која се одржува од 4 до 6 ноември во Батуми, Грузија, учествуваат претседатели и судии на уставни судови од повеќе европски и азиски држави, како и претставници на Европскиот суд за човекови права. Програмата опфаќа две тематски сесии посветени на уставниот поредок и основните човекови права, како и на историскиот развој на уставносудската контрола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи

Мицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи

„Добар ден и од мене,

Најпрво би сакал да го честитам денот на градот Валандово. Денеска некако се поклопија настаните и почнувањето на проектот Страиште, но и денот на градот Валандово и да посакам уште многу вака успешни проекти да се реализираат, не само во Валандово туку и низ цела Македонија што всушност претставува и главна цел на оваа Влада е да испорача она што им е потребно на граѓаните.

Не секогаш успеваме во таа намера имајќи в предвид со каква ситуација се соочивме и што се наследивме, разурната држава, уништени институции, систем којшто не постоеше, но се трудиме приоритет по приоритет, еден по еден да ги решаваме проблемите и се надевам дека успеваме во најголема мера да ги решиме тие проблеми.

Што се однесува до самиот проект, слушнавте и од самите говорници за каков сложен проект станува збор.

Но, она коешто е поважно е дека со овој проект ќе се овозможи земјоделците коишто ќе ги обработуваат своите ниви да имаат повеќе достап до вода, односно ќе имаат можност да имаат достап до вода тогаш кога таа им е потребна.

Ќе има можност за повеќе реколта, повеќе земјоделско производство и конечно на крај повеќе приходи за самите земјоделци и на тој начин се надеваме дека голем број од жителите во овој крај ќе се вратат повторно на нивите, ќе го заживееме земјоделството и ќе имаме поголемо производство на земјоделски производи што претставува една од основните цели на работењето на оваа влада.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на колегите од владата, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за посветената работа на луѓето од институциите во рамките на самото министерство коешто навистина со својата енергија, со својата напорна работа допринесува за овој проект денеска повторно се рестартира или отпочне со работа, на општината којашто дава своја поддршка се разбира секогаш кога е потребно за ваков тип на проекти, на пратениците од овој дел во македонското собрание коишто го поддржуваат реализирањето на ваквите проекти.

И остануваме ние како влада да решиме што повеќе проблеми, нешто коешто веќе го кажав на почетокот од моето денешно излагање и конечно на крај да се заблагодарам на нашите партнери од банката KfW коишто ги пратат овие проекти.

Се надевам дека уште многу вакви и слични проекти ќе решиме во иднина.

Нека е аирлија.“изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче

Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче за ситни политички поени.

Петрушевски: Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче

Челниците на СДС веќе ја преминаа границата.

Единствено што прават изминативе две години е ширење на паника меѓу граѓаните, обид за создавање на недоверба кон институциите, како и хистерија и хаос во општеството.

Да ја потсетиме јавноста дека поради внатрешни проблеми во партијата, Филипче ги лаже граѓаните и пробува да создава перцепција во јавноста дека работата не оди на добро.

Така, пред година дена, велеа ќе дојдат мигранти во државата по договорот со Обединетито Кралство и тоа за пари. Тоа не се случи.

Велеа дека ИПАРД програмата е суспендирана во Македонија, а дека парите земјоделците нема да ги добијат. Поминаа по тоа два месеци ИПАРД програмата продолжи да функционира, а земјоделците си ги добија финансиските средства.

Лажеа за извештајот на Томас Вајц, дека бил лош дека немал напредок, за потоа човекот на национална телевизија јасно да ги демантира СДС и Филипче.

Лажеа дека пензиите нема да бидат исплатени на пензионерите. Поминаа месеци, пензионерите имаат над 7.500 денари повисоки пензии за само 2 години, пензискиот фонд е стабилен, и нема никаква дилема дека ќе продолжат и натаму да се исплаќаат пензиите.

Ширеа хистерија за Унгарскиот кредит, со кој општините добиваа пари за нови училишта, градинки, болници, патишта, а компаниите меки кредити за своите бизниси. ДЗР пред некое време, јасно излезе и констатираше дека нема никаква малверзација со овој кредит, а унгарски функционери јасно признаа дека сме добиле кредит по ултра поволни услови.

И уште многу попратни работи за кои ќе ни треба цел ден да ги елаборираме за тоа како без срам и образ Филипче и СДС лажеа, па откако беа демантирани, не се извинија ниту пак имаат некаква одговорност.

Затоа, ваквиот однос на функционери на СДС е казнив според КЗ член 315, наречен саботажа, кој предвидува најмалку 3 години затвор за оној кој свесно предизвикува штета на правно лице.

Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фрчкоски: Мицкоски е во паника поради вистината за Алта банка, затоа се заканува на СДСМ

Мицкоски и Славески мора да одговараат што дозволија влез на банка со сомнителен капитал – пералница на Вучиќ.

Фрчкоски: Мицкоски е во паника поради вистината за Алта банка, затоа се заканува на СДСМ

Мицкоски e во паника поради вистината за Алта банка. Приказната почна да се одмотува.

Мицкоски и Славески мора да одговараат што дозволија влез на банка со сомнителен капитал – пералница на Вучиќ.

Затоа Мицкоски се заканува на СДСМ на владини прес конференции и го повикува обвинителството да не гони.

Таму си постави свои луѓе кои му работат на повик и по желба.

Кога Мицкоски зборува за „саботажа“ и „загрозување на уставниот поредок“ по Член 315 од КЗ правно да му објасниме која е вистината:

1.Законското битие на делото подразбира дејствие кое мора да произлегува од злоупотреба на работното место/обврската што едно лице ја има кон субјектот што се оштетува, со намера да се сруши уставниот поредок.

2.СДСМ нема никакви извршни функции во институциите врзани со влезот на Алта за да можат да ги саботираат одвнатре. Ниту нашите јавни прес-конференции кои претставуваат транспарентно политичко дејствување се акт против државата.

3.Бидејќи „саботажа“ произлегува од злоупотреба на работното место или обврската што одредено лице ја има кон субјектот што се оштетува, тогаш повторно доаѓаме до Мицкоски и Славевски.

Тие ги имале сите податоци на маса, сите информации, и сепак го дозволиле или овозможиле влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски систем.

Носењето потенцијално штетни одлуки од позиција на моќ и влијание внатре во институциите е суштина на членот 315.

Значи со „саботажа“кај Мицкоски работи Фројд.

Затоа, кога Христијан Мицкоски го повикува обвинителството, прво нека го повика во својата канцеларија, кај себе во Владата.

Потоа може да ги упати и кај Трајко Славески, во Народната банка.

Нека кажат што им донесе Вучиќ. Банка за перење пари од криминал и од корупција.

Александар Вучиќ - „Оскар“, како што е препознаен како шеф на балканскиот нарко картел во Sky преписките, во Македонија прво го доведе Мицкоски на власт, а потоа самиот го презеде управувањето со државата.

Донесе соработници на БИА во владата на Македонија. Да ги застапува руските интереси.

За сето ова Мицкоски знае дека ќе одговара еден ден.

Затоа е во паника и се обидува на ист начин да се заканува како што Вучиќ правеше со студентите и опозицијата во Србија кои ги нарекуваше терористи кои го рушат уставниот поредок.

Повикувањето на членови од кривичниот законик за ширење паника во Србија доведе до апсења на опозицијата. Сега Мицкоски прави copy-paste на одлуките на Вучиќ и заканите по негов налог.

Вучиќ си го чува капиталот и си прави отстапница. Во Србија во моментов се апсат сите во полицијата што учествувале во такви нарачани апсења.

Мицкоски, на Вучиќ ова не му успеа, а тебе уште помалку.

Ќе одговараш за секој украден денар и за оваа изолација на земјата.

За сè она што им го одзеде на младите и на иднината. За тоа што го загрози финансискиот систем и пензиите. За тоа што работниците се понижени.

Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата, а судството и медиумите се под политичка опсада.

Шефот Вучиќ се тресе, а и ти со него. Правдата доаѓа по своето.

Доаѓа тоа време, знаеш и ти самиот.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер