Вембањама со импесивни бројки против Далас - Канал 5

Вембањама со импесивни бројки против Далас

Неверојатниот Французин најавува доминација во НБА.Натпреварот на Виктор Вембањама против Далас Маверикс дефинитивно спаѓа во „друга“ категорија. 

Вембањама со импесивни бројки против Далас

Виктор Вембањама повторно ги помести границите на возможното и приреди кошаркарски спектакл за кој зборува цела НБА лига!

Французинот одигра незаборавен натпревар, предводејќи го Сан Антонио до победа од 112:111 над Далас, а неговиот учинок изгледа речиси нереално – 52 поени, 24 скока и осум блокади!

И додека кошаркарската јавност му се восхитува на неговиот историски настап, Вембањама по натпреварот изјави нешто што би можело да ги загрижи сите негови идни ривали.

Имено, тој смета дека не покажал ни приближно колку што навистина може! „Можам и подобро. Шутот денес не ме служеше, па морав да играм на начин што многу ме исцрпува. Можам да го правам тоа, доказот е пред вас. Но, можам да бидам многу подобар кога шутот ќе ме служи. Знам дека е само прашање на време“, изјави францускиот центар.

Педесет и два поени, 24 скока и осум блокади не се само импресивни бројки.

Тие се доказ за физичка супериорност, технички квалитет, кошаркарска интелигенција и способност да се влијае врз секој сегмент од играта. Против Далас Маверикс, Вембањама покажа зошто веќе се зборува за него како за потенцијално еден од најдоминантните играчи во историјата на НБА.

Неверојатниот Вемби против Далас, покажа колку е тешко да се подготви одбрана за играч кој може да постигнува поени на толку многу различни начини.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на загинати во рускиот напад врз хуманитарен пункт во Украина надмина 50

Бројот на загинати во рускиот напад врз пункт за поделба на хуманитарна помош во украинската област Запорожје се искачи на 53, додека потрагата по настрадани продолжува петти ден.

Бројот на загинати во рускиот напад врз хуманитарен пункт во Украина надмина 50

Руските сили во понеделникот наутро извршиле повеќе воздушни напади врз селото. Првата бомба погодила училишна зграда во која се собрале локални жители за да подигнат хуманитарна помош.

Украинскиот претседател зеленски изјави дека по првичното бомбардирање руските сили фрлиле уште девет воздушни бомби врз засолништето во кое цивилите, меѓудругото, се обидувале да најдат заштита.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Триглав пронајден мртов 19 годишен планинар од Србија!

Млад човек од Србија е пронајден мртов на врвот на Јулиските алпи, Триглав, во Словенија.

На Триглав пронајден мртов 19 годишен планинар од Србија!

Словенечката служба за спасување во планина соопшти дека е завршена повеќeдневната потрага по млад планинар (19) од Србија, кој исчезна во областа на Триглав.

Планинарот е пронајден мртов, а службата изрази сочувство до неговото семејство и роднините.

Во неделата, на 1 ноември, планинарот останал заробен ноќно време, во областа Племенице поради густа магла и ветер .

Во потрагата учествувале планински спасувачи од Бовец и Мојстрана, а во понеделникот, на 2 ноември, пронашле неколку негови лични предмети.

Потрагата продолжила и во наредните денови, при што во акцијата биле вклучени хеликоптерски екипи од Брник, како и хеликоптери на словенечката војска и полиција.

Интервенцијата се одвивала на исклучително тежок терен и во многу тешки временски услови, проследени со снег, мраз, дожд, ветер и магла.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“. 

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија.

- Ова е можност еден млад човек да открие во што е најдобар и да изгради иднина со сопствените знаење, труд и вештини. Тука учениците ќе вежбаат едни на други, ќе ги совладуваат фризерските техники, ќе користат професионална опрема и ќе учат како се гради доверба со клиентот. Чекор по чекор, со поддршка од професорите, ќе стекнуваат искуство и самодоверба за вистинските предизвици на својата идна професија. Особено значајно е што во рамките на практичната настава ќе можат да им нудат услуги по субвенционирани цени на учениците од другите средни училишта. Така, практичната работа добива уште поголема вредност, а младите добиваат дополнителен мотив да го изберат стручното образование и да ја препознаат својата иднина во него. Верувам во овие млади луѓе. Во нивните вредни раце, во нивната креативност и во желбата да успеат – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека обврска на Град Скопје е да им обезбеди услови на младите со кои ќе можат да го покажат сето она што го умеат, бидејќи најдобро се учи кога теоријата се претвора во практика, а практиката во професија.

- Вложуваме во младите денес, за утре да стојат цврсто на свои нозе. Со свој занает. Со своја кариера. Со можност да создадат и сопствен бизнис. Нивниот успех е успех на Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Фризерско-козметичкиот салон за учениците од „Димитар Влахов“ се наоѓа на булеварот Партизански одреди во Лептокарија во непосредна близина на Универзитет Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер