„Охридско лето“ ја продолжува концертната традиција и надвор од фестивалските денови со врвни музички уметници
2 „Охридско лето“ ја продолжува концертната традиција и надвор од фестивалските денови со врвни музички уметници
ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
1ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
2Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
БалканМарта Кос одржа средба со четворица претставници на Студентската листа – нивните имиња не се откриваатЕврокомесарката за проширување, Марта Кос, во понеделникот во Брисел се сретнала со четворица претставници на Студентската листа од Србија. Ова е прв контакт на движењето со високи претставници на Европската Унија по изборната победа во Србија, а разговорите биле насочени кон демократијата и внатрешните политички прашања во земјата, пренесуваат српските медиуми. Претставниците на Студентската листа оваа недела го одржале својот прв состанок на високо ниво во Брисел, но во фокусот не било подобрувањето на односите со ЕУ, туку внатрешната состојба во Србија. Можеби ќе ве интересира: ЛДП: Владата со „нема напредок“ доби шлаканица од Брисел, последиците се врз Македонија – Србија има шанса за нов почеток. Новата Влада на Србија има можност да сврти нова страница, да ги зајакне демократските институции и основните права и да ги преземе неопходните чекори за напредок на патот кон пристапувањето на Србија во ЕУ – изјавила Марта Кос во средата пред пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Состанокот се одржал во периодот кога Европската комисија го финализирала извештајот Кос потврдила дека претходно оваа недела се сретнала со претставниците на Студентската листа, во периодот кога Европската комисија ја завршувала годишната проценка на земјите кандидати за членство во ЕУ. Извештајот укажува на негативни трендови во областа на основните права и присуство на антиевропска реторика. Сепак, периодот опфатен со извештајот завршил пред изборите, поради што нивните резултати не се земени предвид. – Се сретнав со претставници на Студентската листа. Разговаравме за многу работи, меѓу другото и за тоа како тие ја гледаат примарната улога на Србија во повторното воспоставување на демократијата во земјата – рекла Кос. Можеби ќе ве интересира: Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје Состанокот бил одржан во понеделникот попладне во Брисел, на покана на Марта Кос. На него присуствувале четворица претставници на Студентската листа, кои ѝ соопштиле на еврокомесарката дека нивниот приоритет е обновување на владеењето на правото и демократијата во Србија – заради европската иднина, но пред сè заради сопствените граѓани. – Тие во Србија го сакаат истото што Европската Унија го бара од Србија, а тоа значи борба против корупцијата, слободни и независни медиуми, слободно и независно судство, добрососедски односи и, секако, стратешко усогласување со Европската Унија. Подготвени сме да ѝ помогнеме на новата влада да ги спроведе сите неопходни реформи – додала Кос. Разговорот бил фокусиран на внатрешните прашања, наместо на процесот на проширување на ЕУ, бидејќи нерегуларностите на повеќе избирачки места го одложуваат финализирањето на изборните резултати, а со тоа и формирањето на новата влада. Студентската листа сè уште треба да ги разјасни своето раководство и плановите за идната влада, поради што делегацијата настапила како група. Европската комисија, според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, одбила да потврди кои лица учествувале на состанокот. Ова е прв разговор на претставници на Студентската листа на високо ниво со функционер на Европската Унија. Според објавениот распоред на состаноци на Европската комисија, тие истиот ден немале средба со ниту еден друг еврокомесар. Извор: БлицТагови: Марта Кос Студентска листа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски од Будва: Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедностМакедонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност, нашиот придонес треба да биде соодветно препознаен.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Будва, Црна Гора, во присуство на министри од земјите на Западен Балкан и претставници на европските институции и агенции. Во рамки на форумот, министерот Тошковски имаше две обраќања посветени на управувањето со миграцијата и граничната безбедност, како и на борбата против современите форми на криминал во дигиталната ера. Говорејќи за миграциските предизвици, Тошковски ја нагласи стратешката улога на Македонија на балканската миграциска рута и конкретниот придонес на македонската полиција во заштитата на европската безбедност. „Македонија не чека да стане членка на Европската Унија за да се однесува одговорно кон европската безбедност. Ние таа одговорност веќе ја преземаме. Ја преземаме преку нашата гранична полиција, преку заедничките операции со Фронтекс, преку борбата против криумчарските мрежи и преку конкретното усогласување со европските политики“, истакна Тошковски. Тој посочи дека во првите десет месеци од 2026 година е регистрирано зголемување од 29 проценти на обидите за нелегален премин на државната граница во споредба со претходната година, додека во истиот период се откриени 23 случаи на криумчарење на вкупно 144 мигранти, со преземени мерки на кривичен прогон против 38 сторители. Посебно внимание беше посветено на соработката со Фронтекс, чија заедничка операција со македонската полиција, започната на јужната граница во 2023 година, во август годинава беше проширена и на северната граница, а во завршна фаза се подготовките за проширување и на западната граница. „Успешната соработка со Фронтекс покажува дека Македонија има и капацитет и политичка волја да презема одговорност. Но, истовремено покажува и дека вложувањето во нашите гранични капацитети е директно вложување во заедничката европска безбедност“, нагласи министерот, потенцирајќи ја потребата од натамошна техничка, кадровска и финансиска поддршка од Европската Унија. Во своето обраќање, Тошковски се осврна и на напредокот во усогласувањето со европските политики за миграција и азил, особено во делот на визната политика, каде што Македонија има постигнато речиси целосна усогласеност со европската листа на држави чии државјани подлежат на визен режим. Во второто обраќање, посветено на криминалот во дигиталната ера, министерот предупреди на растечките предизвици поврзани со сајберкриминалот, онлајн измамите, злоупотребата на криптовалутите и вештачката интелигенција за криминални цели. „Криминалот веќе функционира без граници. Нашиот одговор мора да биде подеднакво поврзан, брз и ефикасен“, порача Тошковски. Тој го истакна и формирањето на новото специјализирано Одделение за истраги за злоупотреби на деца на интернет и истраги од отворени извори во рамки на МВР, со надлежност на национално ниво, како значаен чекор во зајакнувањето на капацитетите за заштита на децата од сексуална експлоатација во дигиталниот простор. Министерот повика на посилна оперативна интеграција на земјите од Западен Балкан во европските механизми за борба против криминалот, побрза размена на информации и електронски докази, како и поголеми инвестиции во дигиталната форензика, напредните аналитички алатки и одговорната примена на вештачката интелигенција во полициското работење. „Нашиот заеднички успех не треба да го мериме само преку бројот на реализирани проекти или обуки, туку преку бројот на заштитени жртви, успешно спроведени заеднички истраги, разбиени криминални мрежи, навремено обезбедени електронски докази и одземени незаконски стекнати средства“, истакна Тошковски. На маргините на форумот, министерот Тошковски оствари и билатерална средба со Нина Грегори, извршна директорка на Агенцијата на Европската Унија за азил (EUAA). На средбата беше разговарано за досегашната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Агенцијата, можностите за нејзино понатамошно продлабочување, како и за поддршката во процесот на усогласување на националното законодавство и институционалните практики со европските стандарди во областа на азилот и меѓународната заштита. Посебен акцент беше ставен на јакнењето на административните и оперативните капацитети, размената на експертиза и продолжувањето на заедничките активности насочени кон воспоставување поефикасен и функционален систем за азил. Учеството на министерот Тошковски на форумот во Будва беше можност за афирмирање на конкретните резултати на македонската полиција, унапредување на соработката со европските институции и потврдување на улогата на Македонија како активен партнер во справувањето со заедничките безбедносни предизвици.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура „Охридско лето“ ја продолжува концертната традиција и надвор од фестивалските денови со врвни музички уметници„Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови. „Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови. По концертите реализирани минатата година, Националната установа и оваа година подготвува три музички средби со реномирани уметници од меѓународната сцена, со кои ја продолжува својата концертна дејност и ја одржува врската со публиката во текот на целата година. „Со овие три концертни настани, „Охридско лето“ ја потврдува својата посветеност на континуирано негување и промовирање на врвната музичка уметност. Активностите надвор од летната фестивалска сезона се продолжение на нашата мисија - да ѝ овозможиме на публиката средби со значајни уметници и квалитетни музички содржини, а воедно да придонесеме Охрид да стане препознатливо место на меѓународната културна сцена и во текот на целата година. “, вели директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски. Според Цуцковски, целта е ваквите концертни настани да продолжат и во иднина, прераснувајќи во традиција на „Охридско лето“. „Иницијативата за организирање на вакви концертни настани започна минатата година, а со оглед на интересот, нашата намера е тие да прераснат во традиција. Концертите се бесплатни за посетителите, како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и со цел врвната музика да биде достапна за пошироката јавност, додава Цуцковски. Првиот концерт ќе се одржи на 17 ноември, во 20 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија, каде што ќе настапат виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек. Патира е добитник на главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“ во 2001 година, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал низ Европа, Јапонија, САД и Мексико, а во последните години освоил и значајни признанија на меѓународни натпревари. Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на наградата „Бриџит Дулан“ за најдобра изведба на дело од Моцарт на натпреварот во Даблин, како и на главната награда на Меѓународниот натпревар „Јоханес Брамс“ во Австрија. Настапувал на концертни сцени во Европа, Америка, Азија и Африка. Вториот концерт ќе се одржи на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен. Јуна Ли е меѓународно призната оперска уметница, особено позната по улогата на Чо-Чо-Сан во „Мадам Батерфлај“ од Пучини, која ја има изведено речиси 200 пати. Се образувала на Џулијардската школа во Њујорк, а настапувала со реномирани оперски куќи, меѓу кои Метрополитен операта и Вашингтонската национална опера. Нејзин сопруг и музички партнер е пијанистот Кенет Клецјен, кој студирал на Конзерваториумот при Колеџот Оберлин и Џулијардската школа. Концертната година „Охридско лето“ ќе ја заокружи на 7 декември со предновогодишен концерт во Охрид, подготвен како музички подарок за градот и неговата публика. На сцената ќе настапат бугарската сопранистка Илина Михајлова и италијанскиот пијанист и композитор Франческо Барбагелата. Михајлова е солистка на Државната опера во Варна и Државната опера во Бургас, а настапувала на оперски сцени во Италија, Шпанија, Австрија, Германија, САД и Јапонија. Посебно значајна е нејзината соработка со светски познатиот тенор Хозе Карерас, со кого настапувала на прошталните концерти во Софија и Атина. Барбагелата е професор по пијано-придружба на Конзерваториумот „Р. Франчи“ во Сиена и музички соработник на Фестивалот „Пучини“ во Торе дел Лаго. Соработувал со бројни реномирани диригенти и оперски уметници, меѓу кои и со Андреа Бочели, а се занимава и со компонирање и оркестарски аранжмани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЕвропаБројот на загинати во рускиот напад врз хуманитарен пункт во Украина надмина 50Бројот на загинати во рускиот напад врз пункт за поделба на хуманитарна помош во украинската област Запорожје се искачи на 53, додека потрагата по настрадани продолжува петти ден. Руските сили во понеделникот наутро извршиле повеќе воздушни напади врз селото. Првата бомба погодила училишна зграда во која се собрале локални жители за да подигнат хуманитарна помош. Украинскиот претседател зеленски изјави дека по првичното бомбардирање руските сили фрлиле уште девет воздушни бомби врз засолништето во кое цивилите, меѓудругото, се обидувале да најдат заштита.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter