ЛДП: Ем доби „тројче“ од Брисел, ем ги понижува соседите што добија повисока оценка – Доста! Не во наше име!
2ЛДП: Ем доби „тројче“ од Брисел, ем ги понижува соседите што добија повисока оценка – Доста! Не во наше име!
3Божиновска: Енергетската дипломатија е клучна за енергетската сигурност, новите инвестиции и регионалната соработка
МакедонијаЛДП: Ем доби „тројче“ од Брисел, ем ги понижува соседите што добија повисока оценка – Доста! Не во наше име!Македонските граѓани и Либерално-демократската партија се шокирани.Па дали е ова возможно?! Дали може вакво нешто да изјави некој што ѝ мисли добро на Македонија?! Откако Брисел му ја даде реалната оценка – „тројче“ со 10% зголемување на средствата од Планот за раст, додека Албанија и Црна Гора добија 15% за сработените реформи – премиерот Христијан Мицкоски, наместо да се соочи со сопствената неспособност, од Брисел порача дека нивниот пат кон ЕУ личел на „автобус што се клати“. Неверојатно! Македонските граѓани и Либерално-демократската партија се шокирани. Ова ли е професорски, ова ли е даскалски, ова ли е едукативно и дали е ова „лидерски“ – ем доби тројче, ем ги понижи оние што добија повисока оценка и одат напред? Оваа изјава е врв на политичката ароганција и дипломатската неодговорност. Откако власта нѐ заглави на европскиот пат и на третото место во регионот и не е способна да испорача ниту половина од реформите, сега уште ни недостасува да нѐ испокара со Албанија и Црна Гора! Додека нивните „автобуси“ ги отвораат и затвораат поглавјата, додека за нивните граѓани се повлекуваат повеќе европски пари од фондовите на ЕУ, нашиот воз под раководство на оваа влада стои паркиран во место, заглавен во празни изговори и самобендисани метафори. Македонија НЕ го заслужува ова! Не заслужуваме премиер кој со потсмев и надменост гледа кон соседите што успеваат, само за да го прикрие сопствениот неуспех дома. Доста! Престанете да ја срамите државата и да создавате нови непријатели во регионот – не во наше име! Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалникот Лукровски – панелист на првиот национален форум „Општини за здравје“Лукровски учествуваше на панел – дискусијата во рамки на Првиот национален форум „Општини за здравје – Поттикнување локални активности за унапредување на здравјето и превенција“ Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, учествуваше на панел – дискусијата во рамки на Првиот национален форум „Општини за здравје – Поттикнување локални активности за унапредување на здравјето и превенција“, која се одржа денеска во хотелот „Александар Палас“. Форумот се организираше во соработка со Министерството за здравство, Министерството за локална самоуправа и со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО). Целта на денешната средба беше отворање на заеднички дијалог за можностите за унапредување на здравјето и превенцијата на локално ниво. Во таа насока, настанот ги обедини претставниците на националните институции, градоначалниците и релевантните локални партнери, кои меѓусебно разменија драгоцени искуства, идеи и добри практики. Оттука, првиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски, говореше за конкретните чекори кои општините можат да ги преземат во поглед на подобрување на здравјето на своите граѓани. Лукровски се осврна кон главните предизвици и потребната поддршка од националните институции, за поефикасно спроведување на локалните активности за унапредување на здравјето и превенцијата. За нас, превенцијата не значи само да организираме здравствени прегледи. Тоа подразбира дека треба да создадеме средина во која граѓаните ќе имаат повеќе можности да се грижат за сопственото здравје, децата ќе растат со здрави навики, а повозрасните и ранливите категории ќе добиваат соодветна поддршка. Токму затоа би сакал да напоменам дека во текот на 2026 година реализиравме и поддржавме повеќе конкретни активности – посочи Лукровски. Градоначалникот Лукровски го насочи фокусот кон редовните активности, кои според него треба да бидат дел од општинските програми, кои пак ќе покажат јасни и континуирани резултати. Во Карпош веќе имаме конкретни примери на соработка со здравствените установи, Црвениот крст, основните училишта, градинките и граѓанските организации. Преземаме иницијатива за организирање на превентивни здравствени прегледи, психолошка поддршка, здравствена едукација, грижа за повозрасните лица, развој на спортот и создавање на здрави животни навики кај децата. Затоа, за нас е важно да не започнуваме секоја година од почеток, туку да ги надградуваме активностите кои веќе ги реализираме, да ги подобриме и постепено да го прошируваме нивниот опфат – прецизираше Лукровски. Во тој поглед, градоначалникот Сотир Лукровски, предложи и една конкретна превентивна активност, која би можела Општина Карпош да ја реализира во наредните шест до 12 месеци. Би сакал, ние како локална самоуправа да започнеме со иницијатива под работен наслов „Карпош се грижи за здравјето – превенција во секоја населба“. Идејата е, во соработка со Центарот за јавно здравје – Скопје, матичните лекари и здравствените установи, да организираме локални превентивни денови во различни населби низ нашата општина. Би било добро оваа иницијатива да ја поврземе и со промоција на физичката активност, преку кратки едукативни активности за здрави животни навики, правилна исхрана и значењето на редовното пешачење. Би сакал ова да не остане само една кампања, туку да прерасне во редовна општинска превентивна активност, преку која, секоја година ќе допреме до поголем број наши сограѓани – додаде Лукровски. Инаку, „Општини за здравје“ се предлага како практична национална платформа за преточување на националните здравствени приоритети во координирани локални активности за унапредување на здравјето и превенцијата. Имено, иницијативата започна токму со денешниот национален форум, а во 2027 година ќе следуваат уште два форума. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Сотир Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска: Енергетската дипломатија е клучна за енергетската сигурност, новите инвестиции и регионалната соработкаФорумот го отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.Скопје беше домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија, на кој повеќе од 200 учесници и над 15 говорници од институциите, меѓународните организации и деловната заедница дискутираа за енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето, регионалното поврзување и одржливата енергетска транзиција. Форумот го отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која истакна дека енергетиката денес претставува едно од клучните стратешки прашања, директно поврзано со националната безбедност, економската конкурентност и геополитичката стабилност. Таа нагласи дека во услови на глобални кризи и геополитички тензии, енергетската дипломатија има клучна улога во градењето доверба, отворањето нови правци за снабдување, поврзувањето на пазарите и воспоставувањето долгорочни партнерства. „Не зборуваме само за застапеност. Зборуваме за влијание. Жените треба да ги поставуваат приоритетите, да ги водат преговорите, да ги градат партнерствата и да преземаат одговорност за резултатите“, порача Божиновска. Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, истакна дека енергетската транзиција мора да биде инклузивна и да обезбеди активно учество на жените во обликувањето на енергетската иднина. „Енергетската транзиција не е само прашање на технологија и инвестиции, туку и на тоа кој учествува во обликувањето на нашата иднина. Зелената транзиција мора да обезбеди и пристап на жените до чиста енергија и нивно активно учество во креирањето политики и носењето одлуки. Преку конкретни иницијативи и партнерства, УНДП работи на зајакнување на улогата на жените во енергетскиот сектор и создавање можности за нивно лидерство“, истакна Григорјан. Осврнувајќи се на инфраструктурните приоритети, министерката ги посочи изградбата на гасниот интерконектор со Грција и планираното поврзување со Србија како значајни проекти за отворање нови правци за снабдување и зајакнување на енергетската сигурност. Таа потенцираше дека отпорноста и стабилноста на енергетскиот систем на Западен Балкан се тесно поврзани со енергетската сигурност на Европа, поради што регионалната соработка е заеднички приоритет. Во тој контекст, Божиновска ги истакна и партнерствата со Соединетите Американски Држави и европските земји, нагласувајќи дека нивната вредност треба да се потврди преку конкретни проекти, инвестиции и посигурно снабдување со енергија. Министерката се осврна и на потребата од паралелни инвестиции во обновливите извори на енергија и во електроенергетската инфраструктура. Зголеменото производство на електрична енергија од сонце и ветер бара развој и модернизација на мрежите, кои ќе овозможат нејзин сигурен пренос до потрошувачите. Во рамки на форумот се дискутираше и за можностите што ги нуди зеленото финансирање за поддршка на домаќинствата и малите компании во вложувањата во обновливи извори и енергетска ефикасност. Важен сегмент од форумот беше посветен на женското лидерство и придонесот на жените во обликувањето на енергетската иднина. Министерката Божиновска нагласи дека нивната експертиза и професионално искуство треба да бидат препознаени и вклучени во највисоките нивоа на одлучување. Во оваа насока, посебно значење има Скопската декларација, која ја потврдува заедничката определба за енергетска безбедност, одржлива транзиција и женско лидерство. Со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), се поставуваат основите за формирање на Мрежата на жени во енергетската дипломатија. Мрежата треба да претставува платформа за соработка, менторство и професионален развој, со цел поголемо вклучување на жените во стратешките процеси и меѓународните енергетски партнерства. Првиот форум за енергетска дипломатија ја потврди потребата од засилена меѓународна и регионална соработка, диверзификација на снабдувањето и реализација на инфраструктурни проекти што ќе придонесат за поголема енергетска независност и сигурност. Од Скопје беше испратена порака за дипломатија што поврзува, партнерства што создаваат конкретни резултати и заедничка одговорност за одржлива енергетска иднина. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter