Собранието се приклучува на глобалната кампања против насилството - Канал 5

Собранието се приклучува на глобалната кампања против насилството

Денеска, се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со кој се потсетува на потребата од континуирани заложби, институционална одговорност и заедничко дејствување за спречување на сите форми на насилство. 

Собранието се приклучува на глобалната кампања против насилството

На овој ден започнува и глобалната кампања „16 дена активизам“, чија цел е подигање на јавната свест, поттикнување на општествената одговорност и испраќање јасна порака дека насилството не смее да се премолчува или оправдува.

Како највисок претставнички и законодавен дом, Собранието се приклучува кон кампањата, потврдувајќи ја својата посветеност на промовирањето на еднаквоста, заштитата на човековите права и создавањето општество во кое секоја жена и девојка ќе може да живее без страв, насилство и дискриминација.

Во пресрет на почетокот на кампањата, пратениците оставија свои пораки на симболичен банер во Собранието, приклучувајќи се кон повикот за прекинување на молкот, подигање на свеста и заедничко дејствување во борбата против насилството врз жените.

Со своите пораки, тие испратија јасна порака дека спречувањето на насилството е заедничка одговорност и дека секој поединец, институција и заедница има важна улога во создавањето безбедна средина, во која жртвите ќе добијат поддршка, а насилството ќе биде препознаено, пријавено и соодветно санкционирано.

Собранието и во наредните 16 дена ќе продолжи да испраќа пораки за подигање на свеста, охрабрување на пријавувањето и поттикнување на заедничка одговорност во борбата против насилството врз жените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Ем доби „тројче“ од Брисел, ем ги понижува соседите што добија повисока оценка – Доста! Не во наше име!

Македонските граѓани и Либерално-демократската партија се шокирани.

ЛДП: Ем доби „тројче“ од Брисел, ем ги понижува соседите што добија повисока оценка – Доста! Не во наше име!

Па дали е ова возможно?! Дали може вакво нешто да изјави некој што ѝ мисли добро на Македонија?! Откако Брисел му ја даде реалната оценка – „тројче“ со 10% зголемување на средствата од Планот за раст, додека Албанија и Црна Гора добија 15% за сработените реформи – премиерот Христијан Мицкоски, наместо да се соочи со сопствената неспособност, од Брисел порача дека нивниот пат кон ЕУ личел на „автобус што се клати“. Неверојатно!

Македонските граѓани и Либерално-демократската партија се шокирани. Ова ли е професорски, ова ли е даскалски, ова ли е едукативно и дали е ова „лидерски“ – ем доби тројче, ем ги понижи оние што добија повисока оценка и одат напред?

Оваа изјава е врв на политичката ароганција и дипломатската неодговорност. Откако власта нѐ заглави на европскиот пат и на третото место во регионот и не е способна да испорача ниту половина од реформите, сега уште ни недостасува да нѐ испокара со Албанија и Црна Гора! Додека нивните „автобуси“ ги отвораат и затвораат поглавјата, додека за нивните граѓани се повлекуваат повеќе европски пари од фондовите на ЕУ, нашиот воз под раководство на оваа влада стои паркиран во место, заглавен во празни изговори и самобендисани метафори.

Македонија НЕ го заслужува ова! Не заслужуваме премиер кој со потсмев и надменост гледа кон соседите што успеваат, само за да го прикрие сопствениот неуспех дома. Доста! Престанете да ја срамите државата и да создавате нови непријатели во регионот – не во наше име!

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Енергетската дипломатија е клучна за енергетската сигурност, новите инвестиции и регионалната соработка

Форумот го отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Божиновска: Енергетската дипломатија е клучна за енергетската сигурност, новите инвестиции и регионалната соработка

Скопје беше домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија, на кој повеќе од 200 учесници и над 15 говорници од институциите, меѓународните организации и деловната заедница дискутираа за енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето, регионалното поврзување и одржливата енергетска транзиција.

Форумот го отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која истакна дека енергетиката денес претставува едно од клучните стратешки прашања, директно поврзано со националната безбедност, економската конкурентност и геополитичката стабилност.

Таа нагласи дека во услови на глобални кризи и геополитички тензии, енергетската дипломатија има клучна улога во градењето доверба, отворањето нови правци за снабдување, поврзувањето на пазарите и воспоставувањето долгорочни партнерства.

„Не зборуваме само за застапеност. Зборуваме за влијание. Жените треба да ги поставуваат приоритетите, да ги водат преговорите, да ги градат партнерствата и да преземаат одговорност за резултатите“, порача Божиновска.

Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, истакна дека енергетската транзиција мора да биде инклузивна и да обезбеди активно учество на жените во обликувањето на енергетската иднина.

„Енергетската транзиција не е само прашање на технологија и инвестиции, туку и на тоа кој учествува во обликувањето на нашата иднина. Зелената транзиција мора да обезбеди и пристап на жените до чиста енергија и нивно активно учество во креирањето политики и носењето одлуки. Преку конкретни иницијативи и партнерства, УНДП работи на зајакнување на улогата на жените во енергетскиот сектор и создавање можности за нивно лидерство“, истакна Григорјан.

Осврнувајќи се на инфраструктурните приоритети, министерката ги посочи изградбата на гасниот интерконектор со Грција и планираното поврзување со Србија како значајни проекти за отворање нови правци за снабдување и зајакнување на енергетската сигурност. Таа потенцираше дека отпорноста и стабилноста на енергетскиот систем на Западен Балкан се тесно поврзани со енергетската сигурност на Европа, поради што регионалната соработка е заеднички приоритет.

Во тој контекст, Божиновска ги истакна и партнерствата со Соединетите Американски Држави и европските земји, нагласувајќи дека нивната вредност треба да се потврди преку конкретни проекти, инвестиции и посигурно снабдување со енергија.

Министерката се осврна и на потребата од паралелни инвестиции во обновливите извори на енергија и во електроенергетската инфраструктура. Зголеменото производство на електрична енергија од сонце и ветер бара развој и модернизација на мрежите, кои ќе овозможат нејзин сигурен пренос до потрошувачите. Во рамки на форумот се дискутираше и за можностите што ги нуди зеленото финансирање за поддршка на домаќинствата и малите компании во вложувањата во обновливи извори и енергетска ефикасност.

Важен сегмент од форумот беше посветен на женското лидерство и придонесот на жените во обликувањето на енергетската иднина. Министерката Божиновска нагласи дека нивната експертиза и професионално искуство треба да бидат препознаени и вклучени во највисоките нивоа на одлучување.

Во оваа насока, посебно значење има Скопската декларација, која ја потврдува заедничката определба за енергетска безбедност, одржлива транзиција и женско лидерство. Со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), се поставуваат основите за формирање на Мрежата на жени во енергетската дипломатија.

Мрежата треба да претставува платформа за соработка, менторство и професионален развој, со цел поголемо вклучување на жените во стратешките процеси и меѓународните енергетски партнерства.

Првиот форум за енергетска дипломатија ја потврди потребата од засилена меѓународна и регионална соработка, диверзификација на снабдувањето и реализација на инфраструктурни проекти што ќе придонесат за поголема енергетска независност и сигурност. Од Скопје беше испратена порака за дипломатија што поврзува, партнерства што создаваат конкретни резултати и заедничка одговорност за одржлива енергетска иднина.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер