Божиновска: Енергетската дипломатија е клучна за енергетската сигурност, новите инвестиции и регионалната соработка
1Божиновска: Енергетската дипломатија е клучна за енергетската сигурност, новите инвестиции и регионалната соработка
МакедонијаБожиновска: Нашата амбиција е да бидеме активен партнер во енергетските процесиМакедонија е поинаква отколку пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина“, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на отворањето на првиот форум за енергетска дипломатија во Скопје, посветен на обновливите извори и жените во енергетиката, на кој беше потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Енергетската дипломатија е клучна за енергетската сигурност, новите инвестиции и регионалната соработкаФорумот го отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.Скопје беше домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија, на кој повеќе од 200 учесници и над 15 говорници од институциите, меѓународните организации и деловната заедница дискутираа за енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето, регионалното поврзување и одржливата енергетска транзиција. Форумот го отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која истакна дека енергетиката денес претставува едно од клучните стратешки прашања, директно поврзано со националната безбедност, економската конкурентност и геополитичката стабилност. Таа нагласи дека во услови на глобални кризи и геополитички тензии, енергетската дипломатија има клучна улога во градењето доверба, отворањето нови правци за снабдување, поврзувањето на пазарите и воспоставувањето долгорочни партнерства. „Не зборуваме само за застапеност. Зборуваме за влијание. Жените треба да ги поставуваат приоритетите, да ги водат преговорите, да ги градат партнерствата и да преземаат одговорност за резултатите“, порача Божиновска. Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, истакна дека енергетската транзиција мора да биде инклузивна и да обезбеди активно учество на жените во обликувањето на енергетската иднина. „Енергетската транзиција не е само прашање на технологија и инвестиции, туку и на тоа кој учествува во обликувањето на нашата иднина. Зелената транзиција мора да обезбеди и пристап на жените до чиста енергија и нивно активно учество во креирањето политики и носењето одлуки. Преку конкретни иницијативи и партнерства, УНДП работи на зајакнување на улогата на жените во енергетскиот сектор и создавање можности за нивно лидерство“, истакна Григорјан. Осврнувајќи се на инфраструктурните приоритети, министерката ги посочи изградбата на гасниот интерконектор со Грција и планираното поврзување со Србија како значајни проекти за отворање нови правци за снабдување и зајакнување на енергетската сигурност. Таа потенцираше дека отпорноста и стабилноста на енергетскиот систем на Западен Балкан се тесно поврзани со енергетската сигурност на Европа, поради што регионалната соработка е заеднички приоритет. Во тој контекст, Божиновска ги истакна и партнерствата со Соединетите Американски Држави и европските земји, нагласувајќи дека нивната вредност треба да се потврди преку конкретни проекти, инвестиции и посигурно снабдување со енергија. Министерката се осврна и на потребата од паралелни инвестиции во обновливите извори на енергија и во електроенергетската инфраструктура. Зголеменото производство на електрична енергија од сонце и ветер бара развој и модернизација на мрежите, кои ќе овозможат нејзин сигурен пренос до потрошувачите. Во рамки на форумот се дискутираше и за можностите што ги нуди зеленото финансирање за поддршка на домаќинствата и малите компании во вложувањата во обновливи извори и енергетска ефикасност. Важен сегмент од форумот беше посветен на женското лидерство и придонесот на жените во обликувањето на енергетската иднина. Министерката Божиновска нагласи дека нивната експертиза и професионално искуство треба да бидат препознаени и вклучени во највисоките нивоа на одлучување. Во оваа насока, посебно значење има Скопската декларација, која ја потврдува заедничката определба за енергетска безбедност, одржлива транзиција и женско лидерство. Со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), се поставуваат основите за формирање на Мрежата на жени во енергетската дипломатија. Мрежата треба да претставува платформа за соработка, менторство и професионален развој, со цел поголемо вклучување на жените во стратешките процеси и меѓународните енергетски партнерства. Првиот форум за енергетска дипломатија ја потврди потребата од засилена меѓународна и регионална соработка, диверзификација на снабдувањето и реализација на инфраструктурни проекти што ќе придонесат за поголема енергетска независност и сигурност. Од Скопје беше испратена порака за дипломатија што поврзува, партнерства што создаваат конкретни резултати и заедничка одговорност за одржлива енергетска иднина. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието се приклучува на глобалната кампања против насилствотоДенеска, се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со кој се потсетува на потребата од континуирани заложби, институционална одговорност и заедничко дејствување за спречување на сите форми на насилство. На овој ден започнува и глобалната кампања „16 дена активизам“, чија цел е подигање на јавната свест, поттикнување на општествената одговорност и испраќање јасна порака дека насилството не смее да се премолчува или оправдува. Како највисок претставнички и законодавен дом, Собранието се приклучува кон кампањата, потврдувајќи ја својата посветеност на промовирањето на еднаквоста, заштитата на човековите права и создавањето општество во кое секоја жена и девојка ќе може да живее без страв, насилство и дискриминација. Во пресрет на почетокот на кампањата, пратениците оставија свои пораки на симболичен банер во Собранието, приклучувајќи се кон повикот за прекинување на молкот, подигање на свеста и заедничко дејствување во борбата против насилството врз жените. Со своите пораки, тие испратија јасна порака дека спречувањето на насилството е заедничка одговорност и дека секој поединец, институција и заедница има важна улога во создавањето безбедна средина, во која жртвите ќе добијат поддршка, а насилството ќе биде препознаено, пријавено и соодветно санкционирано. Собранието и во наредните 16 дена ќе продолжи да испраќа пораки за подигање на свеста, охрабрување на пријавувањето и поттикнување на заедничка одговорност во борбата против насилството врз жените.Тагови: собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook