3Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести
МакедонијаНајавените закони за млади брачни парови во декември влегуваат во собраниска процедура Двата закона за поддршка на младите брачни парови за решавање на станбено прашање, се очекува во декември да влезат во собраниска процедура, а веќе од идната година да започнат да се применуваат, најави премиерот Христијан Мицкоски. Едниот предвидува ослободување од комуналии при изградба на куќа, а другиот 20% пониска цена за купување стан за брачни парови до 35 години. Мицкоски вели дека се размислува условот за восраста да го исполнува само едниот брачен партнер, но дека мерките нема да важат за лица кои не се во брак. Дел од градоначалниците како што посочи Мицкоски, веќе предложиле и свои дополнителни идеи.. -Најверојатно ние ќе одиме со два специјални закони во парламентот коишто веќе се работат. Министерството за транспорт и мојот кабинет ги работат законите. Јас сум убеден, и бидејќи веќе голем дел од градоначалниците ми се јавуваат со идеи дека имаат неколку хектари земја, сакаат да ја урбанизираат, да ја парцелизираат, да ја понудат по едно евро за ваков профил на брачни парови, што е добро, што е добро. И јас сум убеден дека и овие два закона и овие две мерки ќе вродат со плод и ќе се интензивира и ќе се олесни практично домувањето кај овој профил на брачни парови,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Инаку,според последниот извештај на катастарот за периодот од јуни до септември продажбата на становите се намалила за 14%, но има раст од над 30 проценти на закупнините... Директорот на Агенцијата Иван Живковски вели дека младите се потешко го решаваат стамбеното прашање поради енормниот раст на недвижнините изминатите години, нешто што очекува да се промени токму со овие две законски решенија. -Македонија е една од земјите во којашто најголем број од населението поседува сопствен дом, некаде процентот е над 90%, за разлика од европските трендови каде што половина или повеќе од половина од популацијата живее под кирија. Меѓутоа, факт е дека во изминативе години сѐ потешко младите можат да стигнат до сопствен дом, со оглед на оној скок на цени којшто се случи пред сѐ во 2021, 2022, 2023 и 2024 година, каде што неколкукратно се зголемија цените на метар квадратен, особено во главниот град,- Иван Живковски – директор на Агенција за катастар. Анализата која ја подготвува агенцијата за катастар треба да ги покаже просечните цени на продадените новоградби низ општините, врз основа на склучените купопродажни договори. Токму овие податоци ќе бидат основа за пресметување на попустот од 20%.. Дополнително според најавените законски измени инвеститорите ќе бидат обврзани да обезбедат најмалку 10% од становите во новите објекти за младите брачни парови до 35 години Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтерјовски во ОН побара заштита на Македонците во Албанија од бугарските притисоциПретседателот на Македонската алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски побарал заштита за македонската заедница во Албанија од страна на Обединетите нации, поради како што наведува асимилациски притисоци од Бугарија. Тој на состанок организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за малцинства Николас Леврат, изразил загриженст за обидите за наметнување бугарски идентитет преку политичко влијание врз Македонците кои живеат во Албанија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтернационална конференција „одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“Во екот на дебатата за иднината и одржливоста на вториот пензиски столб и експертските ставови за можните опции за негова реформа, пензиските друштва се на став дека овој столб е неоходен за долгорочната стабилност на пензискиот систем.. За предизвиците и перспективите повеќе од Маја Стојановска.. Маја што предлагаат пензиските друштва? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтудентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протестиВеднаш да се зголеми на 180 денари студентскиот оброк,бараат студентските здруженија.Во спротивно, студентите најавуваат протест.Тие велат дека по одржаните средби со претставниците на Владата и Министерството за образование и наука, остануваат на барањето за повисок дневен износ на субвенционираниот оброк и не ги прифаќаат дигиталните ваучери. „Студентскиот оброк мора веднаш да се покачи , нашето барање денес ќе го испратиме до соодветните институции и очекуваме во рок од 7 дена да биде разгледано барањето и во рок од 14 календарски дена да биде истото реализирано и обработено со дела, студентите чекаа три години.Доколку не ни се исполнат барањата ќе протестираме заради тоа што ние немаме друг начин,веќе долго време изгубивме на средби, долго време изгубивме на иницијативи и на градење на апликации..повеќе не можеме да чекаме“, -– Ангела Василевска, претседателка на Национално студентско тело. Додека студентите најавуваат протест, од Министерството за образование и наука, пак, велат дека до нив веќе доставиле предлог за повисок износ и промена на досегашниот модел... „МОН и Владата доставија предлог до студентите за зголемување на износот на дневната субвенција за оброк, дополнителен попуст по искористување на месечниот износ и промена на моделот со цел користење на средствата исклучиво за храна. Од студентите сè уште немаме добиено писмен одговор.“– МОН. Субвенционираниот студентски оброк во моментов изнесува 140 денари. Последното зголемување беше во 2023 година, кога износот од 120 се покачи на 140 денари. Студентите во изминатиот период побараа и бесплатен јавен и меѓуградски превоз, како и подобри услови во студентските домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter