Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, осум возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, осум возеле без положен возачки испит
3ЛДП: Ем доби „тројче“ од Брисел, ем ги понижува соседите што добија повисока оценка – Доста! Не во наше име!
МакедонијаГрадоначалникот Лукровски – панелист на првиот национален форум „Општини за здравје“Лукровски учествуваше на панел – дискусијата во рамки на Првиот национален форум „Општини за здравје – Поттикнување локални активности за унапредување на здравјето и превенција“ Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, учествуваше на панел – дискусијата во рамки на Првиот национален форум „Општини за здравје – Поттикнување локални активности за унапредување на здравјето и превенција“, која се одржа денеска во хотелот „Александар Палас“. Форумот се организираше во соработка со Министерството за здравство, Министерството за локална самоуправа и со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО). Целта на денешната средба беше отворање на заеднички дијалог за можностите за унапредување на здравјето и превенцијата на локално ниво. Во таа насока, настанот ги обедини претставниците на националните институции, градоначалниците и релевантните локални партнери, кои меѓусебно разменија драгоцени искуства, идеи и добри практики. Оттука, првиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски, говореше за конкретните чекори кои општините можат да ги преземат во поглед на подобрување на здравјето на своите граѓани. Лукровски се осврна кон главните предизвици и потребната поддршка од националните институции, за поефикасно спроведување на локалните активности за унапредување на здравјето и превенцијата. За нас, превенцијата не значи само да организираме здравствени прегледи. Тоа подразбира дека треба да создадеме средина во која граѓаните ќе имаат повеќе можности да се грижат за сопственото здравје, децата ќе растат со здрави навики, а повозрасните и ранливите категории ќе добиваат соодветна поддршка. Токму затоа би сакал да напоменам дека во текот на 2026 година реализиравме и поддржавме повеќе конкретни активности – посочи Лукровски. Градоначалникот Лукровски го насочи фокусот кон редовните активности, кои според него треба да бидат дел од општинските програми, кои пак ќе покажат јасни и континуирани резултати. Во Карпош веќе имаме конкретни примери на соработка со здравствените установи, Црвениот крст, основните училишта, градинките и граѓанските организации. Преземаме иницијатива за организирање на превентивни здравствени прегледи, психолошка поддршка, здравствена едукација, грижа за повозрасните лица, развој на спортот и создавање на здрави животни навики кај децата. Затоа, за нас е важно да не започнуваме секоја година од почеток, туку да ги надградуваме активностите кои веќе ги реализираме, да ги подобриме и постепено да го прошируваме нивниот опфат – прецизираше Лукровски. Во тој поглед, градоначалникот Сотир Лукровски, предложи и една конкретна превентивна активност, која би можела Општина Карпош да ја реализира во наредните шест до 12 месеци. Би сакал, ние како локална самоуправа да започнеме со иницијатива под работен наслов „Карпош се грижи за здравјето – превенција во секоја населба“. Идејата е, во соработка со Центарот за јавно здравје – Скопје, матичните лекари и здравствените установи, да организираме локални превентивни денови во различни населби низ нашата општина. Би било добро оваа иницијатива да ја поврземе и со промоција на физичката активност, преку кратки едукативни активности за здрави животни навики, правилна исхрана и значењето на редовното пешачење. Би сакал ова да не остане само една кампања, туку да прерасне во редовна општинска превентивна активност, преку која, секоја година ќе допреме до поголем број наши сограѓани – додаде Лукровски. Инаку, „Општини за здравје“ се предлага како практична национална платформа за преточување на националните здравствени приоритети во координирани локални активности за унапредување на здравјето и превенцијата. Имено, иницијативата започна токму со денешниот национален форум, а во 2027 година ќе следуваат уште два форума. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Сотир Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, осум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, осум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: Е.Ш.(20), Б.Б.(29), Д.П.(18), Е.М.(31), Р.Ј.(25) и Ј.Ќ.(40), сите од Скопје, како и Б.К.(61) од Кичево и И.Ч.(36) од Прилеп. Додека, пак, со активна забрана возеле 27-годишната Е.Д. и Б.Е.(27), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Ем доби „тројче“ од Брисел, ем ги понижува соседите што добија повисока оценка – Доста! Не во наше име!Македонските граѓани и Либерално-демократската партија се шокирани.Па дали е ова возможно?! Дали може вакво нешто да изјави некој што ѝ мисли добро на Македонија?! Откако Брисел му ја даде реалната оценка – „тројче“ со 10% зголемување на средствата од Планот за раст, додека Албанија и Црна Гора добија 15% за сработените реформи – премиерот Христијан Мицкоски, наместо да се соочи со сопствената неспособност, од Брисел порача дека нивниот пат кон ЕУ личел на „автобус што се клати“. Неверојатно! Македонските граѓани и Либерално-демократската партија се шокирани. Ова ли е професорски, ова ли е даскалски, ова ли е едукативно и дали е ова „лидерски“ – ем доби тројче, ем ги понижи оние што добија повисока оценка и одат напред? Оваа изјава е врв на политичката ароганција и дипломатската неодговорност. Откако власта нѐ заглави на европскиот пат и на третото место во регионот и не е способна да испорача ниту половина од реформите, сега уште ни недостасува да нѐ испокара со Албанија и Црна Гора! Додека нивните „автобуси“ ги отвораат и затвораат поглавјата, додека за нивните граѓани се повлекуваат повеќе европски пари од фондовите на ЕУ, нашиот воз под раководство на оваа влада стои паркиран во место, заглавен во празни изговори и самобендисани метафори. Македонија НЕ го заслужува ова! Не заслужуваме премиер кој со потсмев и надменост гледа кон соседите што успеваат, само за да го прикрие сопствениот неуспех дома. Доста! Престанете да ја срамите државата и да создавате нови непријатели во регионот – не во наше име! Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook