КултураУставен суд в петок ќе одлучува за колективниот договор во културата – Синдикатот бара одложување Два дена пред Уставниот суд да одлучува за уставноста и законитоста на Колективниот договор за културата, Синдикатот бара одложување на одлучувањето и одржување јавна расправа. Како еден од потписниците на договорот, Синдикатот инсистира да му се овозможи да ги изложи своите аргументи пред уставните судии. Предупредува дека евентуалното укинување на договорот би можело да доведе до губење на стекнатите работнички права на вработените во културата. ,,Бараме Уставниот суд да го одложи одлучувањето по предметот се до овозможувањето на СКРМ да ги презентира своите аргументи и одржувањето на Јавната расправа... Овој предмет не е прашање од формално правен карактер, тој ги засега работничките права на илјадници вработени во културата и отвара прашања со пошироки последици за системот на колективното договарање и за правната сигурност во Јавниот сектор“– Претседателка на СКРМ. Вера Атанасовска. Од Синдикатот велат дека досега во два наврати доставиле писмено барање до Уставниот суд, но сè уште не добиле одговор. Најавија дека повторно ќе се обратат до Судот, а доколку нивното барање не биде прифатено, за состојбата ќе ги алармираат и меѓународните институции и дипломатските претставништва. „До Уставниот суд доставивме два писмени дописа, едниот на 14.05.2026 и еден на 19.10.2026...Со барање претставници на СКРМ да бидат повикани кога предметот ќе биде ставен на дневен ред и кога ќе се одлучува за неговата уставност и законитост. До денес не добивме ниту покана, ниту одговор на нашите барања. Дали сме на чекор до одлука со која илјадници вработени во културата би останале без колективен договор и без веќе утврдените права кои произлњгуваат од него“-– Претседателка на СКРМ. Вера Атанасовска. Од Уставниот суд пак велат дека за претстојните предмети за кои треба да се носи одлука ќе се воздржат од јавни коментари ,во конкретниот случај предметот е во фаза на гласање и е ставен на дневен ред на седницата в петок. Апелираат да се почитува независноста на Судот и одлуката да се донесе без притисоци и влијанија. Колективниот договор за културата е склучен во декември 2019 година. . Уставниот суд во април годинава поведе постапка за оценување на неговата уставност и законитост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Нашата амбиција е да бидеме активен партнер во енергетските процесиМакедонија е поинаква отколку пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина“, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на отворањето на првиот форум за енергетска дипломатија во Скопје, посветен на обновливите извори и жените во енергетиката, на кој беше потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПоликлиниката Букурешт и натаму со нефункционален мамографИ по повеќе од една година без мамограф, од директорот на Здравствениот дом Скопје Сами Исени нема одговор зошто клучниот апарат за женското здравје стои расипан во поликлиниката Букурешт. Министерот за здравство Клековски вети дека ќе добие одговор од Исени и за Канал 5 објасни дека објаснувањето на директорот на Здравствениот дом Скопје е слабо и нема доволно аргументи за причината за нефункционирањето на апартот, а овие прегледи се важни за жените за целата територија на Скопје. Една од важната карика е функционалноста на општините во зашитата на здравјето на граѓаните, со инцијативата „Општини за здравје“ се објасни за важноста за комуникацијата и актвностите со градоначалниците и здравствените домови, потенцира Клековски. Најголем проблем за целата територија и за сите општини е брзата помош, за што мора да има целосна реогранизација и самостојност, потенцриа првиот човек на здравство. И првиот човек на УНИЦЕФ Аким Али потенцира дека општините се важни во процесот на едукација за здравствените проблеми и исто времено да ги заштити граѓаните во делот на вектор пренослвите болести како што беше нилската треска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието15:00Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаКрива Паланка прекинува со протестите за проблемот со кравите Крива Паланка прекинува со протестите откако владата им подели задолженија на државните институции да го решат проблемот со кравите.Градоначалникот Сашко Митовски вели дека протестите се ставаат во мирување за да им се даде шанса на институциите да постапат, но предупредува дека остануваат отворени прашањата за роковите, сите говеда и обесштетувањето на граѓаните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието15:00Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00