3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураКомеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театарВо присуство на семејството, голем број колеги, пријатели и почитувачи, денеска во Драмскиот театар се одржа комеморацијата за актерката Ленче Делова.Во театрографијата на нејзината матична куќа останува забележено дека Ленче Делова, родена на 15 јуни 1948 година, стана професионална актерка на едвај 16 години. На сцената на театарот прв пат чекори во „Богомилска балада“, првата премиера изведена во оваа, тогаш нова и привремена зграда на Драмски, каде што останува до пензионирањето во 2004 година. Богатата уметничка кариера на актерката Ленче Делова, ја потврдуваат 63 улоги одиграни на матичната сцена меѓу кои: Џенет (Фармерки, 1965); Пере (Дундо Марое, 1966); Перце (Балада за Тил Ојленшпигел, 1968); Снежана (Пештера, 1969); Вида (Нажалена фамилија, 1971); Жената во авијатичарска облека (Ништо, 1972); Магда (Јане Задрогаз, 1974); Александра (Егор Буличов и другите, 1975); Офелија (Хамлет, 1977); Франческа/Кека/ (Рибарски караници, 1979); Евдокија, баба на Паца (Солунски патрдии, 1979); Марија Павловна Маша (Чехов – Подбивна среќо моја, 1980); Естер (Виктор или деца на власт, 1981); Ивона (Ивона, кнегиња бургундска, 1984); Папи Нортон (Хаос зад кулиси, 1985); Марија (Ноќ спроти водици, 1986); Госпожа Балабакова/Старата/ Кумата/ (Чернодрински се враќа дома, 1992); Херетка (Жени во народното собрание, 1994); Роза (Игранка во времето на Лунаса, 1995); Бејб Бортел (Злостори на срцето, 1995); Трајанка (Ни ќар, ни зијан, 1996); Меџ (Гардеробер, 1996); Марина (Вујко Вања, 1997); Бабата (Падот на невиноста, 2002); Мама (Мачка на вжештен лимен покрив, 2003); Менка (Чија си?, 2013). Ленче беше често присутна во нашите домови, преку телевизискиот екран каде што играше многу ликови во програмите наменети за најмладата публика во продукциите на сериите: „Итар Пејо“, „Ајде да се дружиме“, „Чук, чук Стојанче“, „Останок“, „Во светот на бајките“, „Салон Хармони“. Таа имаше значајни остварувања и во филмовите „Пред дождот“ и „До балчак“. Добитник е на наградата на град Скопје „13 Ноември“ за улогата на Офелија во претставата „Хамлет“ (1978). На МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп во 2006 година ја добива награда за животно дело. Во 1996 година на истот фестивал ја добива наградата за најдобро актерско остварување за улогата на Трајанка во „Ни ќар-ни зијан“ која ја одбива заедно со сите други наградени од претставата. Телеграми со сочувство беа испратени од државниот врв и колегите од повеќе македонски театри. Во телеграмата со сочувство испратена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се истакнува дека: „Со голема тага ја примив веста за смртта на истакнатата македонска театарска и телевизиска актерка Ленче Делова, уметница чие творештво остави неизбришлива трага во современата македонска култура. Во овие тажни мигови, иако не постојат зборови коишто можат соодветно да ја изразат големата загуба, упатувам најискрено сочувство до семејството, пријателите, колегите и до целата македонска културна јавност. Ленче Делова оствари бројни ролји во Драмскиот театар во Скопје, каде што го помина сиот свој работен век. Нејзините сценски интерпретации се одликуваа со автентична психолошка суптилност, топлина и природност, со што успеваше да интерпретира ликови кои остануваат трајно врежани во колективното сеќавање на публиката. Особено значајно место во нејзината уметничка биографија заземаат телевизиските остварувања што го одбележаа детството на многу генерации: Бушава азбука, Ајде да се дружиме, Чук, чук Стојанче и Во светот на бајките. Преку овие култни емисии, Ленче Делова не само што ја потврди својата актерска виртуозност туку и даде непроценлив придонес во воспитно-образовниот и културниот развој на младите. Извонредните актерски остварувања и благородната личност на Ленче Делова ќе останат трајно запаметени како дел од највредното наследство на македонската театарска сцена и телевизискиот медиум“. Министерот Зоран Љутков во телеграмата напиша: „Со искрено жалење ја примив веста за заминувањето на истакнатата македонска актерка Ленче Делова, доајен на македонското глумиште и една од најпрепознатливите личности на нашата културна сцена. Ќе ја паметиме по нејзините улоги, по силните и автентични интерпретации со кои ѝ даваше живот на секоја сцена, по нејзиниот препознатлив глас и достоинствена појава. Со својот талент, посветеност и професионализам, таа остави длабок и траен белег во македонскиот театар, филм и телевизија, вградувајќи се во темелите на современата македонска култура. Од име на Министерството за култура и туризам и од мое лично име, изразувам искрено сочувство до семејството, колегите и сите почитувачи на нејзиното дело. Нејзиното творештво ќе остане трајна вредност и инспирација за идните генерации.“ Колегите од Македонскиот народен театар во телеграмата споделија сеќавање на долгата кариера на Ленче од самите нејзини почетоци во 1965 година со зборовите: „Израсната и оформена како актерка во нејзиниот Драмски театар, Ленче Делова во текот на својата неколку децениска актерска кариера покажа како лирската прецизност може да остане траен спомен и четиво за иднината. Со широкиот дијапазон на улоги од комика и гротеска до драма и трагедија, ја покажа нејзината способност наизглед споредниот лик да го претвори во движечка сила на сцената. Сето тоа, акцентирано со нејзината насмевка и топол поглед. Нејзинатата уметничка дарба и сценска посветеност оставија траен белег во македонскиот театар и во срцата на сите што имаа чест да соработуваат со неа. Ќе остане запаметена како тивка сила на сцената и како уметник со редок интегритет и во театарот и на телевизија. Нејзиното отсуство е ненадоместлива загуба, а нејзините дела - светол патоказ за идните генерации“. Од ансамблот на Албанскиот театар – Скопје колегите изразија искрено сочувство по повод загубата на истакнатата македонска актерка Ленче Делова: „Нејзиниот исклучителен уметнички придонес ќе остане трајна вредност во театарската уметност и културниот живот на нашата земја. Ќе ја паметиме по нејзината посветеност, талент и човечка топлина, кои оставаа длабока трага кај сите што имаа чест да ја познаваат и да соработуваат со неа. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејството, колегите и сите што ја сакаа и почитуваа“. Во телеграмата пристигната од колегите од Театар за деца и младинци се вели дека ѝ оддаваат почит на уметницата која остави значаен белег во македонскиот театар, филм и телевизија: „Со децении активно присутна на сцената, таа беше дел од бројни претстави и остварувања што ја обележаа современата културна продукција и допреа до повеќе генерации публика“. На комеморацијата последен поздрав кон колешката со која ја делел сцената над четириесет години, упати актерот Благоја Чоревски. Тој во своето емотивно обраќање пред присутните се потсети дека со Ленче се дружеле и настапувале заедно во драмски аматерски претстави уште од својата рана младост. Во навраќањето на тие денови, тој ја сподели радоста и ентузијазмот на нивното гостување на Хвар, на фестивалот на „Југословенски театарски аматерски групи“, на кој Ленче ја освоила својата прва актерска награда на возраст од само 14 години. Во името на македонското глумиште и колективот на Драмски театар на комеморацијата се обрати директорот Роберт Вељановски потсетувајќи дека театарот е уметност на мигот која нè плени со секоја нова изведба на театарските сцени. Тој замоли со силен аплауз, единствената почит со која се искажуваат најсилните емоции, да се простиме од големата уметница, актерката Ленче Делова и воедно да се потсетиме на нејзината најголема поддршка и на сцена и во семејството, нејзиниот починат сопруг Урош Делов – Руше. Тој беше голем познавач на „театарската светлина“ и расветните тела потребни за доловување на магијата на сцената и обучувач на генерации осветлители и мајстори на светло во Драмскиот театар. Македонската актерка Ленче Делова беше погребана во понеделникот во присуство на семејството, бројните колеги и претставниците на македонската театарска и културна јавност. Нека ѝ е вечна слава! Драмски театар, СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПродолжува политичкиот ќорсокак во Шведска- премиерот Крисерсон доби нов рок за формирање влада Шведскиот премиер Улф Кристерсон ќе добие уште една недела да се обиде да формира нова влада, изјави претседателот на парламентот, откако опозицијата не успеа да формира влада и покрај победата на септемвриските избори.Кристерсон доби задача од претседателот на парламентот минатата недела да ја истражи можноста за формирање влада откако крајно десничарските Шведски демократи се откажаа од кандидатурата за министерски места, објави Ројтерс. Тоа би можело да ѝ го олесни на Кристерсон преговарањето со Партијата на центарот и да ја убеди да го поддржи неговиот десничарски блок, наместо да застане на страната на лидерката на централно-левичарската опозиција Магдалена Андерсон. Блокот на Кристерсон го загуби мнозинството на септемвриските избори, но лидерката на социјалдемократите Андерсон досега не успеа да ја обезбеди поддршката од Зелените, Левичарската партија и Партијата на центарот, кои ѝ се потребни за да освои доволно гласови за да биде избрана за премиер. Мандатот на Кристерсон да се обиде да формира влада требаше да истече во вторник, но претседателот на Риксдаг, шведскиот парламент, Андреас Норлен, рече дека повторно ќе разговара со лидерите на сите партии и ќе му даде на премиерот уште една недела. „После тоа, ќе ги објавам следните чекори во овој процес“, рече Норлен во соопштението. Андерсон во вторникот изјави дека побарала од претседателката на парламентот нова шанса да се обиде да формира влада додека се обидува да обезбеди доволно гласови за да стане премиер. Таа врши притисок врз Левичарската партија да се откаже од своето барање да биде дел од владата. Партијата на центарот јасно стави до знаење дека нема да прифати влада во која е вклучена Левичарската партија, која се соочува со обвинувања за антисемитизам, што би можело да ја наведе да ја поддржи десничарската алтернатива на Кристерсон. „Мојата проценка е дека работите сега почнуваат да се движат“, изјави Андерсон за новинската агенција ТТ, по извештаите дека опозициските партии планираат уште еден состанок.Тагови: Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМонета од 2 евра вреди 80.000 евра- можеби ја имате дома? (ВИДЕО)Може ли обична монета од две евра да вреди дури 80.000 евра? Токму тоа тврдење се појавува на Инстаграм, каде што е објавено видео од германска монета од 2002 година, за сума што за многумина може да звучи како мало богатство. Видеото прикажува раце во бели ракавици како ја превртуваат монетата, прикажувајќи ги двете страни. На едната страна е германскиот федерален орел, додека на другата е апоенот од две евра. Цифрата од 80.000 евра е напишана низ целото видео. Сепак, авторот не наведува зошто оваа конкретна копија може да достигне толку висока цена, ниту пак покажува доказ дека монетата всушност е продадена за наведената сума. Што е прикажано во видеото? Станува збор за германска монета од две евра од 2002 година, кога еврото беше воведено во готово. На нејзината национална страна е орел, традиционален симбол на германската државност, опкружен со 12 ѕвезди на Европската Унија. Овие монети биле произведени од пет германски ковници, кои се разликуваат по ознаките на буквите A, D, F, G и J. Според нумизматичките каталози, само во 2002 година биле ковани повеќе од милијарда германски монети од две евра со овој мотив. View this post on Instagram A post shared by Coin2euro (@coin.europa) Дали навистина вреди 80.000 евра? Во случај на колекционерски монети, вредноста зависи од неколку фактори, вклучувајќи реткост, состојба на зачуваност, специјални серии и можни грешки направени за време на ковањето. Поединечните примероци со необични грешки може да имаат поголема нумизматичка вредност, но тоа не значи дека секоја монета од истата година е колекционерско богатство. Во достапните нумизматички каталози, стандардните германски монети од две евра од 2002 година генерално имаат вредност блиска до нивната номинална вредност, додека подобро зачуваните колекционерски примероци може да се проценат на малку повисоки износи. На што треба да обрнете внимание? Граѓаните кои поседуваат постари евро монети можат да ја проверат годината на издавање, ознаката на ковницата и сите отстапувања од вообичаениот изглед на монетата. Сепак, за сериозна проценка на вредноста, потребно е да се контактира нумизматички експерт или да се спореди примерокот со сигурни каталози и документирани резултати од аукции. Поточно, потребно е да се направи разлика помеѓу цената што некој ја бара на Интернет и износот за кој всушност е продадена монетата. Доколку имате германска монета од две евра од 2002 година, не ја сметајте автоматски за вреден колекционерски предмет. Многу е веројатно дека нејзината вредност не е многу поголема од две евра.Тагови: монета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветТрамп: Америка не ја започна војната со Иран (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп денеска прогласи победа во војната против Иран, која трае повеќе од осум месеци. За време на говорот на Денот на ветераните на Националните гробишта Арлингтон во Вирџинија, тој рече дека американската војска веќе победила и дека Вашингтон може да одлучи кога да го заврши конфликтот, објавува „Тајмс оф Израел“. „Ние возвративме и победивме. Само е прашање кога сакаме да ја завршиме војната“, рече Трамп. Сепак, американскиот претседател не објави крај на воените операции или повлекување на американските сили од регионот. Тој нагласи дека не сака да ја запре војната пред САД да ги постигнат сите свои цели. „Сакаме целосна победа“ Трамп рече дека САД не ја започнале војната со Иран, туку дека Техеран со децении водел непријателска политика кон Вашингтон. „Америка не ја започнала војната со Иран. Иран е во војна со Америка од 1979 година“, рече Трамп. „Сакаме да бидеме сигурни дека сме постигнале целосна победа, а не победа од 93 проценти. Тоа ќе биде целосна победа“, рече американскиот претседател. Trump on Iran War: We won. We want to make sure we have a total victory, not a 93% victory. https://t.co/d4DTeWZZls — Clash Report (@clashreport) November 11, 2026 Трамп, исто така, тврдеше дека на Иран ќе му бидат потребни 25 години за да го обнови она што американските сили го уништија. Тој изрази надеж дека дополнително уништување нема да биде потребно и го повтори тврдењето дека американските бомбардери Б-2 го спречиле Иран да добие нуклеарно оружје. Го најави претстојниот крај на војната За време на својот говор, американскиот претседател ги спомена и паднатите американски војници. Тој тврдеше дека во конфликтот се изгубени 18 животи, а потоа повторно го најави неговиот претстоен крај. „Изгубивме 18 прекрасни луѓе, но кога овој конфликт ќе заврши, а наскоро ќе заврши, целиот свет ќе биде многу побезбедно и помирно место“, рече Трамп. Неговата изјава доаѓа по месеци најави за брз крај на војната. Уште во април, Трамп рече дека конфликтот наскоро ќе заврши, а во текот на летото постојано тврдеше дека Иран е воено поразен. А во недела, на 8 ноември, тој прогласи американска победа, велејќи дека конфликтот сè уште треба да се заврши. Еден ден подоцна, по разговорот со катарскиот премиер, тој изјави дека Иран е практично воено поразен и дека постои добра можност за постигнување договор. Блокадата на Иран од страна на САД останува на сила И покрај прогласувањата за победа на Трамп, поморската блокада на Иран од страна на САД продолжува. Вашингтон одржува силно воено присуство во регионот, а американските сили продолжуваат да преземаат мерки за ограничување на иранската трговија и приходи. Трамп во понеделник изјави дека во моментов не гледа потреба од нови големи воени напади, но дека американските сили се подготвени да одговорат доколку се променат околностите. Во исто време, американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, изјави дека преговорите со Техеран сè уште не донеле напредок. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ја отфрли можноста за завршување на војната само со воена сила или со зголемување на санкциите. Тој рече дека Вашингтон мора да ги прифати условите на Иран и да пристапи кон преговорите со почит. Војната започна на 28 февруари со американските и израелските напади врз Иран. Конфликтот предизвика големи прекини во снабдувањето со нафта, зголемување на цените на енергијата и политичко незадоволство во САД, каде што републиканците ги загубија своите мнозинства во двата дома на Конгресот минатата недела.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook