Алтман: Светот има право да се плаши, но треба да им верува на компаниите за вештачка интелигенција - Канал 5

Алтман: Светот има право да се плаши, но треба да им верува на компаниите за вештачка интелигенција

Светот има право да стравува од вештачката интелигенција, алармира и шефот на OpenAI, Сем Алтман. 

Алтман: Светот има право да се плаши, но треба да им верува на компаниите за вештачка интелигенција

Тој Предупредува дека со забрзаниот развој на се помоќни модели растат и ризиците , од губење контрола до концентрација на преголема моќ во рацете на компаниите што ја развиваат технологијата. Затоа, порачува, дека компаниите мора да работат транспарентно и да изградат доверба дека безбедноста и контролата ќе останат во чекор со развојот на технологијата.

-Мислам дека светот е во право што се плаши од ова. Ги имаме овие два големи предизвика: потенцијалната опасност од несреќа со загуба на контрола или нешто друго сериозно што може да тргне на лошо, а го имаме и потенцијалот за преголема концентрација на моќ, со што луѓето стравуваат дека компаниите кои ја развиваат ВИ би можеле да им наметнат нивно мислење. Затоа, постои еден вид тесен пат по кој мораме да се движиме со прагматизам, стабилност и со способноста светот да ни верува дека ќе донесуваме сигурни одлуки,- -Сем Алтман.

Прашањето кој треба да ја контролира вештачката интелигенција отвори различни ставови и меѓу водечките компании во индустријата. дел сметаат дека можат сами да поставуваат безбедносни граници, други бараат посилна законска регулација.

Домашните експерти, пак, предупредуваат дека на глобалните технолошки компании не може целосно да им се верува, особено кога станува збор за приватноста на податоците.

Токму затоа професорот од ФЕИТ, Бранислав Геразов ја нагласува важноста на Националната стратегија за ВИ, која е во подготовка и треба да ги постави насоките за развојот, примената и безбедното користење на технологијата, по што вели, треба да следи и усогласување со европските правила.

-Можеби Европската Унија тука предничи со познатиот Акт за вештачка интелигенција, меѓутоа на светско ниво работите не се во чекор со развојот. Во најбрзо време треба да се донесе Национална стратегија за вештачка интелигенција. Потоа регулативата од Европската Унија да се преслика во нашата законска регулатива, со цел да може да се заштитиме од овие ризици. На светските компании дали може да им се верува, јас би рекол не може, затоа што приватноста на податоците коишто се разменуваат со овие модели не е загарантирана,- - Бранислав Гезаров – университетски професор ФЕИТ.

Од безбедносен аспект, Геразов ја нагласува и потребата од домашни дата-центри, кои според него, би овозможиле поголема контрола врз податоците и развој на сопствени модели на ВИ. Инаку, најавите за градење на вакви центри во земјава отворија дебата околу големата потрошувачка на струја и вода и можните влијанија врз животната средина.

Властите уверуваат дека нивниот развој ќе се одвива со почитување на еколошките стандарди и заштита на природните ресурси, а интерес како што беше посочено, веќе имало од неколку потенцијални инвеститори

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Во вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. мали компири

3 лажици маслиново масло

30 гр. путер

3 парчиња пилешки стек

4 лажици кечап

4 лажици мајонез

1 лажиче сол

половина лажиче бибер

малку рузмарин, лук во прав и магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери.

Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи.

Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти.

Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани...

Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. 

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори.

Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација.

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени.

Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување.

„Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер