Костадиновски: Довербата во Уставниот суд се гради со храброст, независност и отвореност - Канал 5

Костадиновски: Довербата во Уставниот суд се гради со храброст, независност и отвореност

Уставниот суд на Република Македонија денеска и утре (16 и 17 септември 2026 година) организира регионална конференција посветена на прашањето „Како да се зголеми довербата во уставните судови".

Костадиновски: Довербата во Уставниот суд се гради со храброст, независност и отвореност

Уставниот суд на Република Македонија денеска и утре (16 и 17 септември 2026 година) организира регионална конференција посветена на прашањето „Како да се зголеми довербата во уставните судови", со фокус на независноста, транспарентноста, отвореноста кон јавноста и разбирливоста на судските одлуки. Во воведното обраќање, претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски, истакна дека довербата е најважниот капитал на секој уставен суд и дека неговиот авторитет произлегува од квалитетот на одлуките и довербата што ја ужива кај граѓаните. На конференцијата воведно обраќање имаше и д-р Штефан Пирнер од Германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ, долгогодишен партнер и поддржувач на Уставниот суд и на регионалната соработка, преку проекти што ги поврзуваат судиите и правните експерти од земјите од Западен Балкан.

Во прилог целосниот говор на претседателот Костадиновски.

Почитувани присутни,

Дозволете ми да ја изразам мојата искрена благодарност до Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) за поддршката во организацијата на овој настан во рамките на регионалната соработка во Западен Балкан. Високо ја ценам поддршката што ИРЗ му ја дава на Уставниот суд на Република Македонија, како и континуираната поддршка на нашата регионална соработка.

Почитувани,

Довербата е најважниот капитал за секој уставен суд. За разлика од политичките институции, уставните судови не располагаат ниту со политичка моќ, ниту со механизми на принуда. Нивниот авторитет произлегува исклучиво од квалитетот на нивните одлуки и од довербата што ја уживаат кај граѓаните.

Прашањето за довербата во уставното судство не е ново. Тоа се појавува уште со воспоставувањето на уставното судство како институција чија основна задача е да воспостави рамнотежа помеѓу различните носители на власта и да обезбеди владеење на Уставот.

Меѓутоа, современите демократии поставуваат нови и многу покомплексни предизвици. Сведоци сме на ослабена улога на парламентите, на сѐ посилни извршни власти, на појава на демократска ерозија и авторитарни тенденции кои, иако формално се одвиваат во рамките на демократските институции, суштински ги поткопуваат темелните уставни вредности.

Истовремено, уставните судови се соочуваат и со еден сосема поинаков предизвик – обвинувањата за прекумерен судски активизам, за навлегување во сферата на законодавната власт и за преземање на улогата на т.н. позитивен законодавец, наместо да останат во рамките на својата класична улога на негативен законодавец. Овие предизвици се дополнително изразени во државите во транзиција, каде што демократските институции сѐ уште се консолидираат, политичката култура е недоволно развиена, а политичките влијанија врз институциите претставуваат секојдневен предизвик.

Почитувани,

Во такви околности, зголемувањето на довербата во уставното судство станува една од најважните задачи на секој уставен суд!

Кога започна мојот мандат како уставен судија, една од првите максими што ги слушнав беше дека „одлуката на Уставниот суд да не одлучи по определен предмет сепак претставува вид одлука“. На почетокот ова ми изгледаше како разумна и оправдана максима. Во практиката, таа најчесто се однесуваше на предметите што предизвикуваат силен политички и јавен интерес. Но, како што поминуваше времето, почнав сѐ повеќе да ја преиспитувам нејзината исправност.

Можам тоа да го илустрирам преку неколку добро познати предмети од нашата уставно-судска практика – Законот за т.н. СЈО, Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 848 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тоа беа такви предмети, додека Законот за употреба на јазиците е сѐ уште актуелен пример.

Со текот на времето дојдов до едноставен заклучок: неодлучувањето никогаш не е неутрално!

И тогаш кога Судот не донесува одлука, тој, всушност, дозволува постојната состојба да продолжи да произведува правни последици. А кога таквата состојба е противречна и создава контроверзии, Уставниот суд, со своето неодлучување, толерира состојба на потенцијална неуставност и на тој начин станува соучесник во т.н. мека ревизија на Уставот.

Уште поважно, ваквиот пристап не ја гради довербата во институцијата. Напротив, создава впечаток дека постојат предмети за кои Судот нема подготвеност да ја преземе својата уставна одговорност.

Токму затоа, кога ми беше доверена функцијата претседател на Уставниот суд на Република Македонија, се определив за поинаков пристап. Верував, а и денес верувам, дека во уставното судство не смеат да постојат „чувствителни“, „помалку чувствителни“ или „премногу чувствителни“ предмети. Постои само уставна обврска Судот да одлучува!

Секако, таквиот пристап неизбежно донесе критики, притисоци, обиди за влијание и бројни реакции. Но, истовремено, донесе и една многу важна промена. За само неколку месеци стана јасно дека политичките чинители и државните органи повеќе не можат да сметаат на комодитетот што со години постоеше околу одредени прашања.

Еден од првите такви предмети беше предметот за т.н. Балансер.

Уставниот суд покажа дека повеќе нема недопирливи предмети! Покажа храброст и одлучност и не се двоумеше да донесе одлука со која испрати јасна порака до сите носители на државната власт: комодитетот, комфорот што со децении го уживавте, повеќе го немате!

Често користам една реченица: „Кога кај политичарите и државните органи се појавува нервоза поради одлуките на Уставниот суд, тоа најчесто значи дека Судот ја врши својата уставна функција независно и без компромиси.“

Свесен сум дека патот до вистинско владеење на правото е долг процес, особено во државите со пократка демократска традиција. Но, убеден сум дека само доследното постапување го создава она што јас го нарекувам уставна дисциплина.

Кога сите носители на јавната власт однапред знаат дека секое пречекорување на уставните граници ќе биде предмет на независна уставно-судска контрола, постепено се менува и нивното институционално однесување. А од уставната дисциплина постепено се развива уставна култура!

Вториот столб на довербата, според моето искуство, се транспарентноста и отвореноста.

Под транспарентност подразбирам јавноста да има навремен и точен увид во работата на Судот. Под отвореност подразбирам нешто повеќе – активна комуникација со јавноста, објаснување на одлуките и приближување на уставното судство до граѓаните.

Во однос на транспарентноста, Судот веќе имаше воспоставено стандарди. Но, во однос на отвореноста, сметав дека може да се направи значителен исчекор. Затоа, уште во првите два месеца од мојот мандат, донесов одлука по секоја седница јас лично и/или судијата-известител да ја информираме јавноста за најзначајните одлуки на Судот.

Понатаму, јас и уште неколку судии сме често присутни во медиумите. Не со цел судиите да станат celebrities, туку како одговор на реакциите, критиките и манипулациите што неизбежно ги предизвикува еден поодлучен и бескомпромисен Уставен суд.

Целта не беше да ги направиме одлуките популарни. Целта беше тие да станат поразбирливи. Да им објасниме на нашите граѓани што конкретната одлука значи за нивните права и слободи, но истовремено и државните органи да разберат дека Судот одлучува исклучиво врз основа на правни аргументи, а не под влијание на политички, етнички, верски или какви било други преференции.

И ова е особено важно!

Судот и судиите кои немаат од што да се плашат немаат причина да се плашат ниту од максимална отвореност. Често користам една стара мудрост:

„Зениците се шират во темница.“

Охрабрени од позитивните реакции на јавноста, направивме уште еден чекор. Од март оваа година седниците на Уставниот суд започнаа да се емитуваат во живо. Свесен сум дека ова претставува исклучително редок пример во уставното судство.

Но, исто така, убеден сум дека современите институции не треба само да бидат независни, туку и јавноста да може непосредно да се увери во нивната независност.

Во држава како Македонија, која има специфичен модел на уставно судство, без посебен закон за Уставниот суд и со процес на избор на судии кој често е предмет на јавни дебати, сметам дека граѓаните имаат право сами да ги слушнат аргументите, правната дебата и начинот на кој се формираат одлуките.

Верувам дека токму тоа, на долг рок, ќе придонесе не само за поголема доверба во Судот, туку и за повисоки професионални стандарди кај сите што ќе ја извршуваат оваа функција.

Довербата во уставните судови не може да се врати преку јавни кампањи, ниту преку настојување да се носат популарни одлуки. Таа се гради преку доследно и независно вршење на уставно-судската функција – со храброст да се одлучува и за најчувствителните прашања, со јасни, правно аргументирани и убедливи образложенија на одлуките, како и со транспарентност и вистинска институционална отвореност.

Нашето искуство покажува дека ваквиот пристап на отвореност и транспарентност придонесува граѓаните да бидат сѐ повеќе запознаени со работата на Судот и со одлуките што ги носи. Зголемениот интерес за неговата работа несомнено придонесува и за јакнење на довербата во Судот, за што говори и податокот дека, заклучно со претходниот месец, во Судот се оформени вкупно 239 предмети – рекордна бројка во споредба со претходните години.

Дополнително, напредокот во работењето на Судот го потврдуваат и оценките содржани во Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото за 2026 година. Во него Комисијата констатира дека Судот продолжил да ги унапредува своите капацитети за заштита на уставноста и законитоста.

Како показатели за постигнатиот напредок се издвојуваат зголемениот број одлуки со кои се укинуваат или поништуваат неуставни или незаконски прописи, како и намалувањето на бројот на предмети постари од три години, што укажува на подобрување на ефикасноста во работењето на Судот.

Ќе завршам со мислата што често ја повторувам.

Најсигурниот показател дека Уставниот суд навистина ја исполнува својата уставна улога не се аплаузите што ќе ги добие, туку моментот кога носителите на политичката моќ ќе сфатат дека повеќе не можат да сметаат на институционален комодитет и дека единствената граница на нивното постапување е Уставот.

Ви благодарам на вниманието.

Уставен суд

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер