МакедонијаМинчев на средба со постојната координаторка на ОН Колумбија: Заеднички фокус на јакнењето на јавната администрацијаМинистерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари средба со постојната координаторка на Обединетите нации во Македонија, г-ѓа Рита Колумбија. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамки на новата Рамка за соработка ОН–Северна Македонија 2026–2030, со фокус на доброто управување, институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на јавната администрација. Посебно внимание беше посветено на Академијата за стручно усовршување и обука на административни службеници, која треба да започне со работа во 2027 година. Разговарано беше за можностите за поддршка од системот на ОН во развојот на обуките, модулите и обучувачите, со цел континуираниот професионален развој да стане составен дел од работењето на јавната администрација. Во овој контекст беше спомената и досегашната соработка со УНДП во воспоставувањето на системот за управување со учењето – ЛМС. „Реформата на јавната администрација не е само креирање на закони. Нејзината вистинска вредност е во тоа граѓаните да добијат институции кои работат поефикасно, попрофесионално и во нивен интерес. Затоа ни се важни партнерствата што носат знаење, искуство и конкретна поддршка“ истакна министерот Минчев. Министерството за јавна администрација ќе продолжи да ја продлабочува соработката со меѓународните организации и партнери преку конкретни иницијативи и активности, насочени кон поддршка на приоритетите и реформските процеси во јавната администрација, со цел да се придонесе кон создавање на поефикасна, професионална и современа јавна администрација во служба на граѓаните. Ви благодариме. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба Николоски- Варнс: Македонија и САД имаат одлични билатерални односиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава. На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Економските врски меѓу двете земји исто така се на високо ниво, а трговската размена бележи позитивен тренд. Заменик претседателот Николоски, на средбата истакна дека развојните политики на Владата се насочени кон економски развој, токму преку реализација на крупните капитални проекти кои водат кон регионалното поврзување и интеграција. Тој додаде дека изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови. Двајцата говорници го поздравија стратешкото партнерство меѓу двете земји, истакнувајќи дека тоа е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот. Македонија и САД имаат одлични билатерални односи, се заклучи на средбата и во насока на истите постои силна подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе урна рудник за злато во Судан: Загинаа најмалку 67 лицаНајмалку 67 лица загинаа по уривањето на рудник за злато во Судан.Несреќата се случила во рудникот „Ал-Зара“ во близина на градот Нухуд, во западната провинција Западен Кордофан. Областа е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои од 2023 година се борат против суданската армија, пренесува АП. Според преживеаните, рудникот се урнал доцна синоќа, а потрагата по голем број рудари сè уште трае. Медицински извори наведуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните и да ги извлечат телата заробени под урнатините. Рударот Ал-Амин Сулиман потврди дека луѓе сè уште се заробени во рудникот. Еден од преживеаните, Каирал-Сајед Габара, го опиша уривањето како огромно и истакна дека на лице место немало тешка механизација за расчистување на земјата. At least 60 small-scale miners have died after shafts collapsed at the Al-Zaraa gold mine near El-Nahud in Sudan’s West Kordofan, with many more feared trapped under the rubble.#Sudan #MiningDisaster #GoldMine #WestKordofan #PakistanTV pic.twitter.com/aDfqO8V1Rp — Pakistan TV (@PakTVGlobal) September 16, 2026 Чести несреќи поради ниските стандарди Судан е еден од најголемите светски производители на злато, но несреќите во рудниците се чести поради слабите безбедносни стандарди. Слични несреќи се случиле и во последните години. При уривање во 2023 година загинаа 14 рудари, додека во друга несреќа во 2021 година животот го загубија 38 лица. Извор: Индекс.хрТагови: рудник Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Шасивари-БочекШасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек.Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек, на која беа разгледани активностите за реализација на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија“. Проектот, кој се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел унапредување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на современи услови за сместување, здравствена заштита, хигиена, работни и слободни активности на осудените и притворените лица, во согласност со европските стандарди. Активностите во текот на 2026 година продолжуваат согласно предвидената динамика. Во јули 2026 година е склучен и договор за стручен надзор над изградбата, додека постапката за избор на изведувач за изградбата на предвидените објекти е во тек. Министерството за правда останува посветено на унапредување на системот за извршување на санкциите и создавање современи и европски услови во казнено-поправните установи.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter