Кои се новоизбраните пратеници од Коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ? - Канал 5

Кои се новоизбраните пратеници од Коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 61 пратеничко место. Најмногу пратеници од ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат од третата изборна единица – 13.

Кои се новоизбраните пратеници од Коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ?
Со оглед дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада, сосема е јасно дека ќе има поместување на овие листи, односно во првата изборна единица, каде оваа партија освои 8 пратенички места, во Собрание би влегле и оние кандидати кои се на деветта, во случајот Јелена Жугиќ, па и десетта позиција, бидејќи Груевски би бил повторно на премиерската позиција, а можно е од оваа листа некој да добие и министерско место.

Еве го распоредот:

ИЕ 1

1. М-р Никола Груевски
2. Лилјана Попоска
3. Елизабета Канческа Милеска
4. Аспазија Софијанова
5. Диме Спасов
6. Љупчо Димовски
7. Фатмир Имеровски
8. Даниела Рангелова

Дополнителни
9. Јелена Жугиќ
10. Андон Чабишев

ИЕ2

1. Гордана Јанкулоска
2. Трајко Вељаноски
3. Зоран Ѓоргиевски
4. Иван Стоиљковиќ
5. Амди Бајрам
6. Владанка Авировиќ
7. Весна Дамчевска Илиевска
8. Александар Стојкоски
9. Авдија Пепиќ
10. Олга Најденовска

Дополнителни
11. Драган Петковски
12. Бојан Стојаноски

ИЕ3

1. Никола Тодоров
2. Владимир Ѓорчев
3. Слаѓана Митовска
4. Илија Димовски
5. Никола Мицевски
6. Магдалена Манаскова
7. Емил Димитриев
8. Трајчо Димков
9. Благица Ласовска
10. Стојан Миланов
11. Иван Иванов
12. Сузана Секуловска
13. Марјанчо Колевски

Дополнителни
14. Ѓорѓи Коџабашиев
15. Милка Христова

ИЕ 4

1. Зоран Ставрески
2. Павле Трајанов
3. Ане Лашкоска
4. Васил Пишев
5. Димитар Стевананџија
6. Силвана Бонева
7. Драган Цуклев
8. Ѓоко Камчев
9. Весна Пемова
10. Ромео Тремов
11. Славе Гошев
12. Нада Ципушева

Дополнителни

13. Благородна Бојаџиева
14. Дајанчо Ефтимов

ИЕ 5

1. Антонио Милошоски
2. Зоран Илиевски
3. Лилјана Затуроска
4. Сашо Василевски
5. Благоја Деспотовски
6. Лилјана Кузмановска
7. Нола Исмаилоска
8. Крсто Муковски
9. Александар Николовски
10. Момчило Аврамовски
11. Соња Талевска

Дополнителни

12. Нико Чонески
13. Анастас Џуровски

ИЕ 6

1. Никола Попоски
2. Кенан Хасипи
3. Светлана Карапетрова
4. Сашо Акимоски

Дополнителни
5. Алими Билали
6. Валентина Мирчевска

ИЕ 7

1. Ристо Манчев

ИЕ 8

1. Павле Саздов

ИЕ 9

1. Васко Наумоски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влага, солни наслаги, видно ошетување на фреските во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка

Дали институциите доволно се грижат за многувековното духовно и културно наследство.. 

Влага, солни наслаги, видно ошетување на фреските во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка

Духовно богаствто старо повеќе од шест века, денес на милост и немилост на влагата и природните појави. Манастирот Успение на Пресвета Богородица, кој се наоѓа на само 15тина километри од срцето на Скопје, повторно го отвора прашањето за грижата кон домашното духовно и културно наследство. На ѕидовите од манастирот можат да се забележат влага, солни наслаги и видливи оштетувања, за кои познавачите алармираат дека со текот на времето можат да предизвикаат сериозни оштетувања на фрескоживописот и на самата градба. Туристичките водичи реагираат дека при обиколките на манастирот, за кои има голем интерес, се потешко можат да им ги претстават фреските на посетителите, бидејки голем дел од нив се оштетени и тешко препознатливи..

Зад мене е манастирот Успение на Пресвета Богородица, чии корени датираат уште од 14 век. Денес објектот се соочува со видливи оштетувања како последица на влага и други природни влијанија. Останува да се види дали надлежните ќе преземат конкретни мерки за негова заштита , додека граѓаните , посетителите и туристичките водичи предупредуваат дека штетите се видливи со години.

Надлежна институција за заштита на културното наследство е Конзерваторскиот центар – Скопје, до кого од Министерството за култура и туризам велат дека испратиле Ургенција за итно постапување.

Министерството за култура и туризам ве известува дека достави Ургенција за итно постапување во врска со состојбата на живописот во црквата „Света Богородица“ – Матка до законски надлежната установа НУ Конзерваторски центар – Скопје. Со барање за стручен увид на лице место, утврдување на фактичката состојба и преземање соодветни мерки согласно нивните законски надлежности.

YouTube video

Со урегенцијата од култура побарале стручен увид на лице место, утврдуваењ на фактичката состојба и преземње на сосодевтни чекори

Инаку, на терен е видливо дека се вршат одредени истражувања, но за сега без детали до каде е постапката.

Сместен на падините на Матка, манастирот Успение на Пресвета Богородица, датира уште од 1337 година..Покрај духовната улога има и големо културно и историско значење, како сведоштво за средновековното наследство, фрескоживописот и континуитетот на монашкиот живот во регионот. Манастирот е еден од најчесто посетуваните во Скопје од туристи и верници и претставува една од најатрактивните туристички дестинации на Матка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Затворска полиција ќе има и на Одделот за лекување на осуденици во болницата во Бардовци, но откако ќе поминат законските измени

Одделот нема да се префрли во Идризово, туку затворска полиција ќе ги чува осудениците со ментални нарушувања во посебното одделение во болницата во Бардовци.. 

Затворска полиција ќе има и на Одделот за лекување на осуденици во болницата во Бардовци, но откако ќе поминат законските измени

Затворска полиција ќе има во психијатриската болница Скопје во одделот за лекување на осудени лица со ментални нарушувања. Полицијата ќе почне со работа и ќе има нови вработувња откако ќе се донесат новите измени во Законот за извршување санкции. Законот чека на одобрување во министерството за правда, првиот човек на управата за извршување на санкции Алкександар Пандов апелира побрзо да се разгледаат новите измени во правда и верува дека измените ќе бидат изгласни и дека за прв пат ќе има затворска полиција во оваа установа.

„Од секогаш во болницата биле носени овие осудени лица. Секако дека со новиот закон ќе има полиција и навистина се небезбедни на овој начин и се опасност“, вели Александар Пандов директор на Управата за извршување на санкции.

На прашањето, дали овој оддел би можел да се премести во затворот во Идризово, Пандов објаснува дека нема физички можности со простори и персонал, бидејќи има оптовареност во затворот и покрај втората фаза за изградба на затворот ќе нема простор за ова одделение. За Пандов најдбро решение е воведување на електронските алки за дел од затворениците во Идризово со што би се регулирало нивното издржување на казната.

Од психијатриската болница Скопје по серијалот прилози на Канал 5 за проблемот со сместувањето на психијатриските случаи во судското одделение апелираа за присуство на затворска полиција и нови вработувања на медицински персонал.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава

Најмногу лекови на рецепт земаат граѓаните од Штип, Кочани и Делчево и останатите од источниот регион,во просек по 18 кутивчиња по човек, покажуваа анализата на Фондот, а бележи и зголемување на потрушувачката на најпознатите лекови, како Дијазепамот.

Во Источна Македонија се уриваат рекорди , по 18 пакувања лекови годишно зема жител од овој дел на земјава

На еден жител по 18 кутии апчиња. Истокот на Македонија е најзависен од лекови, барем според анализата на Фондот за здравствено осигурување, според која Метформин, Диазепам, Пантопразол и Еналаприл се трошат како алва и остануваат на листата најпродавани лекови на рецепт со над 5 милиони издадени рецепти само за нив. Директорот на Фондот Сашо Клековски вели дека граѓаните си имаат фиоки со залихи на таблети, но пострашна е двојната наплата од страна на аптеките кои освен цела сума од граѓаните му наплатуваат и на фондот. На ова треба да стави крај долгонајавуваниот проект е-рецепт, за кој има надеж дека целосно ќе профункционира годинава.

Од Фондот најавија дека за неколку дена во атеките граѓаните ќе можат по поевтина цена да купат инхалаторна терапија. Спрејот „фостер“ наменет за инхалација кој најчесто го користат луѓето со астма повеќе нема да биде единствениот на пазарот.

Од Фондот велат дека „Клексаните“ се уште се рефундираат, а од наредниот месец се очекува конечно да бидат достапни во аптека за граѓаните. Со ребалансот на буџетот за Фондот се планира зголемување од над една милијарда денари, која во најголем дел е наменета за исплата на породилните отсуства, потврдуваат од Фондот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер