Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
1Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
АвтомобилизамКинески автомобилски гигант со тројно зголемен профит во првата половина на годинава Кинескиот производител на автомобили BYD објави дека неговиот профит се зголемил тројно во првата половина од годината, консолидирајќи ја својата позиција како водечка марка на домашниот пазар и покрај жестоката конкуренција.Во првите шест месеци од оваа година, нето добивката на BYD скокнала на 10,95 милијарди јуани (1,5 милијарди долари), покажа извештајот од Шангајската берза. Во првите три месеци од годинава тој е пет пати поголем од истиот период лани, а во периодот од април до јуни е повеќе од двојно поголем. Приходите во првите шест месеци скокнале за 72,7 отсто на 260,12 милијарди јуани. BYD ја зацврстил својата водечка позиција на домашниот пазар и покрај жестоката конкуренција и намалената побарувачка. Во октомври минатата година за прв пат на најголемиот пазар во светот продале повеќе автомобили од групацијата Фолксваген. Добрите резултати се прошириле до јули, кога BYD испорача рекорден број на хибридни модели, откако испорача 700.244 возила во периодот од април до јуни. Компанијата се приклучи на налетот на кинеските производители на електрични возила на странските пазари. Во првата половина од годината тие продале вкупно 612.425 автомобили на батерии, еден од десет на странските пазари, покажуваат податоците на кинеската асоцијација на производители на автомобили. Во истиот период, американската Тесла продала 889.015 автомобили на пазарите ширум светот. Минатата година, BYD се договори со германската компанија за изнајмување автомобили Sixt да испорача околу 100.000 електрични автомобили до 2028 година. Во првата нарачка од BYD, Sixt побарала неколку илјади возила, кои првично биле понудени на клиенти во Германија, Франција, Холандија и Британија, објави германската компанија која работи во 105 земји во светот. Од оваа година BYD продава автомобили на батерии и во Јапонија. Кинескиот пазар повторно се намали во јули, втор месец по ред, како одраз на воздржаноста на потрошувачите во услови на забавување на економската активност и намалувања на владините стимулации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“.Таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ги подготвуваат младите да бидат активни актери во обликувањето на иднината, наместо пасивни набљудувачи на промените. Според неа, особено важно е младите да размислуваат критички, да создаваат иновативни решенија и да ги користат современите технологии како средство за општествен напредок, одржлив развој и подобар квалитет на животот. Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката. Потсетувајќи на роботот Протеус, кој се свртел против својот творец, таа нагласи дека човештвото мора мудро да се однесува кон новите технологии, оти тие треба да останат во служба на човекот, а не да станат причина за губење на човечката димензија. Учесниците ги споделија своите искуства од кампот, истакнувајќи дека програмата им овозможила да стекнат нови знаења и вештини, да работат на иновативни проекти и да воспостават пријателства со врсници од различни земји. Тие ги презентираа проектите изработени за време на кампот, по што претседателката, во својство на покровителка, им ги врачи сертификатите за успешно завршување на програмата. Годинава, кампот обедини 24 млади на возраст од 11 до 15 години од македонската дијаспора во САД, Малта, Србија, ОАЕ, Германија и од неколку градови низ државата.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБешлиовска: Во 15 установи потребни се најмалку 210 нови медицински сестриСамо во 15 здравствени установи недостигаат повеќе од 200 медицински сестри, алармираат од Здружението на сестри и техничари.Според претседателка Гордана Бешлиовска, недостигот е реалност која не смее да се решава со паушални барања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаОхридскиот студентски дом под клуч, 18 институти се затворени поради незаконско работењеКлуч на врата на студентскиот дом „Никола Карев“ до негова целосна реконстукција. Ваква најава денеска од Охрид даде министерката за образование Весна Јаневска, откако студентите изминатиот период алармираа дека со денови останувале без струја, неретко учеле и живееле на светлина од свеќи, без топла вода и во сериозно лоши услови..Според Јаневска, лошата состојба во студентскиот дом се должела на лошото менаџирање и натрупаните долгови, за што најави и постапка за избор на нов директор. Јаневска посочи дека МОН во реконтукцијата вложува 5,5 миниони евра и се очекува активностите да започнат до крајот на годинава. - Оваа година ќе почне и реновирањето на студентскиот дом во Охрид, тој е во лоша состојба. Да, ние направиме ревизија, свесни сме дека досегашното раководство крајно недомаќински работело и во моментов е процес на промена на директорот, но сметајте дека тој студентски дом од денес е затворен, без оглед што ќе има промена на директорот и некаде очекувам пред крајот на годината да почне негова реконстукција. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука Дополнително, Јаневска откри и дека поради утврдени неправилности затворени се 18 институти за високо образование и една приватна стручна школа, а се чешла работењето на уште 5 универзитети. - Има временски рокови за тоа и ние ги почитуваме, законот го почитуваме. Како ќе поминат роковите за жалба или евентуално ако може нешто да се поправи, така тие што не пправуваат ќе бидат завторани. До сега се затворени 18 институти и една приватна високо стручна школа. Во процес сме на затворање на уште, не ме фаќајте за збор 5,6 институти сигурно и правиме мониторинг во најмалку уште 5 универзитети.- Весна Јаневска – министерка за образование и наука Инаку, студентските домови Стив наумов и Кузман Јосифовски – Питу во Скопје според најавите на Јаневска вратите за студентите ги отвораат со почетокот на новата академска година, додека од септември се очекува да започне реконстукција и на студентските домови во Битола, Прилеп и Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook