Киа веќе ја објави естетиката на екстериерот, а сега реши да го сподели со фановите ентериерот на својот глобално важен модел. Новиот Соренто е пред премиера, а судејќи според најавата, ќе следи по стапките на поголемиот Telluride.
Четвртата генерација со својот впечатлив изглед носи значителен исчекор во кабината. Не само во споредба со неговиот претходник, туку и во директна конкуренција. Производителот ја опишува со мотото „функционални чувства“, за кои вели дека ја усогласиле естетиката и функционалноста.
Како и да е, новата Киа има 12,3-инчен дигитален кокпит и инфозабава од 10,25-инчен екран. Другиот екран е за климатизацијата.
Исто така, интересно е и решението за контрола на менувачот, што доаѓа со кружен механизам, не баш типично за автоматскиот менувач. Помалиот кружен прекинувач е за прилагодување на шасијата во зависност од подлогата.