Каролина Гочева блесна во Марков за 35 години независност - Канал 5

Каролина Гочева блесна во Марков за 35 години независност

Бел фустан, дизајн на Марков и Каролина Гочева – совршена модна комбинација!

Каролина Гочева блесна во Марков за 35 години независност

По повод прославата на 35 години Македонија на градскиот плоштад во Скопје, Македонската Кралица Каролина Гочева восхити во бело издание со потпис на дизајнерот Марков. Таа изгледаше беспрекорно стилизирана од Јована Зука, едноставен природен мејк-ап и фризура во Холивудски стил ја надоплнуваа впечатливата бела тоалета.

Станува збор за дело на Марков, долг фустан со слим линија кој ја оцртува фигурата комплетиран од куса наметка со изразено рамо изработени со вез од кристали во златни мотиви. Како вистинска дива пеејќи рамо до рамо со светски познатиот тенор Хозе Карерас ја остави публиката без здив, а стајлингот беше надополнет со високи бели ракавици.

Елегантно, маркантно и гламурозно модно издание на Каролина кое несомнено ќе биде запаметено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветин подари Виолински клуч на Карерас со порака „музиката и уметноста ќе го спасат светот“

Светски познатиот тенор Хозе Карерас, сношти, доби уметничка слика „Виолински клуч со три рози“ од македонскиот уметник сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин.

Цветин подари Виолински клуч на Карерас со порака „музиката и уметноста ќе го спасат светот“

По завршување на настапот во рамки на концертот „José Carreras with Macedonian All-Stars“, Цветин се сретна со Каререс, при што подарувајќи му ја сликата, порача „музиката и уметноста ќе го спасат светот“.

Карерас и Цветин разговарале за своите животни кариери и за актуелните случувања во светот. На листата светски музичари – уметници, освен Карерас, вакви уметнички слики добиле и францускиот пејач и композитор Шарл Азнавур, оперскиот сопран Радмила Бакочевиќ, диригентот Зубин Мехта, џез музичарите Би Би Кинг и Реј Чарлс, македонските оперски певици Милка Ефтимова, Весна Илкова Гиновска, како и македонскиот оперски пејач Борис Трајанов и македонскиот класичен пијанист Симон Трпчевски.

Карерас настапи на концерт во Македонија по повод 35 години независност на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на Вардар

На барање на Општина Карпош, Град Скопје деновиве постави клупи  и корпи за отпадоци долж пешачката патека на кејот на реката Вардар, во делот на локалната самоуправа, на потегот од хотелот „Александар Палас“ до „Железниот мост“, во населбата Влае.

Општина Карпош: Нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на Вардар

Со оваа акција, се подигнува степенот на квалитетот и квантитетот на урбаната опрема и урбаната инфраструктура на територијата на локалната самоуправа, во една од најзначајните и најфрекфентните рекреативни зони во градот. Оваа иницијатива претставува пример за одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје, кои до сега соработувале во повеќе ситуации. Во оваа пригода апелираме до сите граѓани, на совесно и одговорно однесување и чување на урбаната опрема и урбаните реквизити, како наше заедничко урбано и јавно добро.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Македонија губи првачиња – младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“

Оваа 2026 година е најлошата година за македонското образование од независноста до денеска. 

СДСМ: Македонија губи првачиња – младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“

Поразителни се бројките: 3.000 помалку првачиња, 148 празни училишта, 433 паралелки помалку, се затвораат 26 подрачни училишта.

Никогаш сликата на почетокот на учебната година не била потажна. Дебалк на криминалните политики на Мицкоски.

Македонија губи првачиња, училиштата се празнат, паралелките исчезнуваат, ја губиме иднината.

Поради лошата економска состојба, иселувањето, блолкирањето на европскиот пат, Македонија губи млади, губи работна сила.

Изолацијата којашто Владата на Мицкоски ја спроведува ги брка младите.

А што прваат Мицкоски и Јаневска? Им зборуваат за спалните соби, ги обвинуваат граѓаните и увезуваат „економски работници“.

Или како што вели Мицкоски во едно негово интервју, „Празниот простор дома ќе мора да се пополнува со работници од трети земји“

Значи тоа е политиката на Мицкоски, македонските работници да ги заменат економски работници од трети земји.

Тоа денеска на сите им е јасно.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер