Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
МакедонијаАкциска контрола на Полициската станица за граничен надзор Охридско езероПронајдени повеќе рибарски мрежи и поголема количина уловена риба.На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“, како и пронаоѓање рибарски мрежи и друг риболовен алат и прибор. Притоа, на потегот помеѓу струшките села Калишта и Радожда пронајдени се дваесет т.н. висечки рибарски мрежи, кои се најстрого забранети за вршење лов на риба, во вкупна должина од околу 4.000 метри со улов од 872 парчиња риба - Охридска Белвица и вкупна тежина од 116,9 килограми. По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и од Регионален центар за гранични работи Запад од езерото ги подигнаа рибарските мрежи заедно со уловот, по што е известен надлежниот инспекторат за рибарство. Во наредниот период, Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ќе продолжи со спроведување на засилени акциски контроли со цел сузбивање на незаконитиот риболов, како и пронаоѓање на лица сторители на ова кривично дело и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро.Тагови: Охридско Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
МакедонијаСДСМ: Македонија губи првачиња – младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“Оваа 2026 година е најлошата година за македонското образование од независноста до денеска. Поразителни се бројките: 3.000 помалку првачиња, 148 празни училишта, 433 паралелки помалку, се затвораат 26 подрачни училишта. Никогаш сликата на почетокот на учебната година не била потажна. Дебалк на криминалните политики на Мицкоски. Македонија губи првачиња, училиштата се празнат, паралелките исчезнуваат, ја губиме иднината. Поради лошата економска состојба, иселувањето, блолкирањето на европскиот пат, Македонија губи млади, губи работна сила. Изолацијата којашто Владата на Мицкоски ја спроведува ги брка младите. А што прваат Мицкоски и Јаневска? Им зборуваат за спалните соби, ги обвинуваат граѓаните и увезуваат „економски работници“. Или како што вели Мицкоски во едно негово интервју, „Празниот простор дома ќе мора да се пополнува со работници од трети земји“ Значи тоа е политиката на Мицкоски, македонските работници да ги заменат економски работници од трети земји. Тоа денеска на сите им е јасно. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
МакедонијаЛажно видео се шири на социјалните мрежи: Се злоупотребува ликот на спикерот на Канал 5На социјалните мрежи се појави манипулирано видео генерирано со вештачка интелигенција во кое се злоупотребува ликот и гласот на познатиот спикер на Канал 5 Телевизија, Борислав Тноковски.Во лажното видео, дигитално изменетата верзија на новинарот наведува дека претставува „револуционерен производ“ и методологија за брзо и лесно слабеење. Во видеото е злоупотребен и идентитет на малолетно девојче. Станува збор за класична интернет-измама чија цел е да ги доведе граѓаните во заблуда, искористувајќи го медиумскиот авторитет и препознатливоста на познатото ТВ-лице за финансиска корист и продажба на непроверени производи. Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да не наседнуваат на вакви дезинформации.Тагови: измама Канал 5 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
КултураПо 14 години Дарко Митревски повторно дома – со провокативен мастерклас на „Браќа Манаки“Македонскиот сценарист и режисер со „привремена“ американска адреса, оваа есен, барем накратко, се враќа дома во Македонија.На претстојниот интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки„ кој ќе се одржи од 19-ти до 25-ти септември во Битола, Дарко Митревски ќе гостува како предавач со провокативно насловен мастерклас: „Како да НЕ снимите здодевен филм?“. На нашиот најголем филмски фестивал, Митревски ќе сподели дел од неговите досегашни професионални искуства и неколку сценаристички „рецепти“ за помладите колеги. Мастеркласот „Како да НЕ снимите здодевен филм?„ е замислен како презентација на низа раскажувачки техники со кои писателите го пленат вниманието на публиката уште од времињата на античката драма, па се до епохата на современиот Холивуд. Или кажано со неговиот пргав вокабулар: „Во пишувањето филмски приказни не постои нешто што се вика недостиг на инспирација. Постои само незнаење и мрза, кои лесно можат да се победат доколку се поседува алатот и се знае занаетот.“, вели Митревски. На пошироката јавност Митревски и е познат како автор на двата најгледани македонски филма во историјата на македонската кинематографија: легендарната црна комедија „Балканкан„ со продадени 150.000 кино влезници и 20.000 ДВД копии, како и фудбалскиот еп „Трето полувреме„ кој во кино салите низ Македонија го видоа над 90.000 гледачи. Исто така е автор и на популарните ТВ серии „Уа, шнајдери!„ и „Досие Скопје„, како и креатор на низа музички видеа од златното време на македонската поп и рок музика. Неговите филмови настапуваа на стотина филмски фестивали: Московскиот филмски фестивал, лондонскиот Raindance, калифорнискиот Cinequest, шпанскиот Sitges, меѓународните фестивали во Стокхолм, Вашингтон, Рим, Минхен, Њујорк, Хелсинки, Мајами, Токио, Каиро, Палм Спрингс, Тромсо, Котбус, Киев, Атланта, Букурешт, Порторико, Загреб, Белград, Мотовун, Софија... Добитник е на низа награди во Америка, Европа и регионот. Во САД, Митревски потпиша договор за отстапување на правата за две свои сценарија, кои очекуваат реализација, а неодама во продукција на „Vinegar Syndrome“ излезе и луксузно блуреј ре-издание на неговиот првенец, „Збогум на дваесетиот век“, на кој Митревски е коавтор на сценариото и режијата, заедно со Александар Поповски. По 14 години отсуство Дарко пак се враќа дома. Се надеваме дека Македонија пак ќе му се израдува. Тагови: Дарко Митревски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter