Кампања за подигнување на свеста за значењето на Дреновската Клисура како споменик на природата - Канал 5

Кампања за подигнување на свеста за значењето на Дреновската Клисура како споменик на природата

Во тек е кампања за подигнување на свеста за значењето на Дреновската Клисура како споменик на природата, информираше денеска Роберто Паризов, претседател на регионалното еколошко друштво ,,Еко-живот”, со седиште во Кавадарци.

Кампања за подигнување на свеста за значењето на Дреновската Клисура како споменик на природата

Тој соопшти дека тековно се спроведуваат активности за подигање на јавната свест преку различни средства. Социјални мрежи, медиумска кампања, дистрибуирање на брошури, летоци, работилници и слично. Паризов нагласи дека целта на кампањата е локалното население од општините Кавадарци и Росоман да се запознаае со уникатната биолошка разновидност на заштитеното подрачје „Дреновска клисура“, за да може во иднина, да се допринесе за негова заштита и промоција.

-Активностите се реализираат во рамките на проектот „Подигнување на свест за подигнување на јавната свест за значењето на Дреновска Клисура“, имплементиран од G Consult Ltd. во соработка со Eko Zivot Eko Centar и поддршка нa СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Пекинг-Подружница Скопје, појасни Паризов.

Тој беше дециден дека специфичните климатски услови и геолошката подлога во Дреновската клисура, долината на реката Раец, создаваат услови за хетерогена природна вегетација и уникатна фаунистичка разновидност.

-На само 2.4 квадратни километри се среќава реликтна флора надополнета со ендемична фауна како дреновскиот полжав, чие распространување е ограничено на горните делови на клисурата, како и вилинските кончиња. Оваа биолошка разновидност условила Дреновската клисура да се прогласи за Споменик на природата. Според истражувањата, долината на реката Раец, вклучувајќи ја и Дреновската клисура, е прогласена за значајно подрачје за птици. Номинацијата на оваа област во 2008 година е заснована кокретно на присуството на 4 гнездечки парови на египетскиот мршојадец, 15-25 гнездечки парови на белонокта ветрушка и 2-3 гнездечки парови на црн штрк. Истовремено, има и уште една номинација како област од особен интерес за заштита, Раечка клисура како дел од Емералд мрежата, за што имплементацијата ја води Европскиот Совет под Бернската Конвенција, информираше Паризов.

Тој нагласи дека областа изобилува со природни живеалишта, од кои некои се од европски интерес и се наведени во анекс еден од Директивата за живеалишта на ЕУ.

-Природните живеалишта наведени во анекс еден од Директивата за живеалишта на ЕУ, кои се наоѓаат во областа на прочување, ја вклучуваат самата Раечка река, нејзината крајречна шума, изворот на тврда вода и придружната водна вегетација, влажните пасишта, сувите пасишта и карпите и карпестите падини, вклучувајќи ги и пештерите. Живеалиштата се наведени во овој анекс од Директивата за живеалишта на ЕУ врз основа на нивото на закана со кое се соочуваат. Кај изворите се среќава нив реликтниот вид на папрат, соопшти Паризов.

Тој се осврна и на тоа дека Дреновската клисура во долината на реката Раец, вклучува области кои се сметаат за критично живеалиште на египетскиот мршојадец, глобално загрозен вид.

-Египетскиот мршојадец има статус на глобално загрозен вид според Меѓународната унија за заштита на природата и во исто време претставува строго заштитен вид според Бонската и Бернската меѓународна конвенција, како и во рамки на конвенцијата за регулирање на меѓународна трговија со загрозени видови. Во нашето законодавство се наоѓа на листата на видови под строга заштита. Согласно истражувањата на Македонското еколошко друштво, Република Македонија останува една од последните држави на Балканот, каде може да се сретне оваа птица. Во минатото, нивното присуство било честа појава на овие територии, а денес се проценува дека нивната бројност на Балканот изнесува помалку од 90 пара. Бидејќи египетскиот мршојадец е филопатски вид и има силни конспецифични врски во шемите на миграција, територијата на Дреновската клисура и двете други неодамна напуштени територии, мора да се сметаат за значајни од гледна точка на зачувување, дециден беше претседателот на „Еко-живот”.

Паризов проговори и за другите природни богатства со коишто располага оваа област.

-Карпестите живеалишта во Дреновската клисура и нејзината северна рамнина се сметаат за критично живеалиште за ендемичениот полжав Carinigera drenovoensis. Клисурата може да ја одржи целата популација на овие видови со ограничен опсег. Поради оваа причина, карпестите живеалишта на овој полжав се сметаат за критични. Карпите претставуваат живеалиште и на ретка реликтна хазмофитска вегетација, со растителни видови со ограничена распространетост. Пештерата Лилиарник е живеалиште на шест видови на лилјак, наведени во вториот и четвртиот анекс од Директивата за живеалишта на ЕУ. Пештерата се наоѓа на многу стрмна карпеста падина со јужна експозиција, а влезот се гледа од патот. Пештерата е долга околу 80 метри, со голема пештерска галерија на самиот крај. Целата пештера е сува, освен пештерската галерија, каде има влажна глина и пештерски гуано на дното. Пештерата Лилиарник редовно ја користат лилјаците како место за роење. Сезоната на парење обично започнува до крајот на октомври. Мажјаците од повеќето видови користат специјални повици за да ги привлечат женките. Во овој период, може да се сретнат голем број лилјаци, кои ројат. Досега е потврдено присуството на голема мешана колонија лилјаци од видот Голем ноќник и Долгокрилест лилјак, информираше Паризов. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложено е денешното рочиште за Државна лотарија поради остуство на сведок

Одложено првото рочиште за Државна Лотарија откако Артан Груби пред една недела излезе и од куќен притвор – сведок на обвинителството не се појави во судница. 

Одложено е денешното рочиште за Државна лотарија поради остуство на сведок

Станува збор за Надије Хоџа, вработена во државна лотарија, која вчера ги известила обвинителите дека денеска ќе оди на службено патување. По ова, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски го одложи рочиштето, следното судење е веќе утре, но Хоџа повторно нема да се појави во судницата.

Поради ова, судот го задолжуи обвинителството да го обезбеди сведокот на судењето закажано за 30 октомври.

Покрај тоа што судот ќе почека Хоџа да се појави како сведок, од претходно Владо Петковски, директорот на секторот за приредување на игри на среќа беше прогласен за непријателски сведок на обвинителството, иако беше предложен од нивна страна.

Обвинителите велат дека истражуваат дали врз Петковски имало некакво влијание бидејќи тврдат дека пред судот го сменил исказот, но генерално посочуваат дека се задоволни од досега дадените искази на нивните сведоци.

– Тој беше испитан во обвинителството како осомничен, беше предложен како сведок во делот на набавката на ВЛТ апаратите, а од нему познати причини одлучи да го промени исказот којшто го имаше дадено во обвинителството . Вториот сведок имаше неколку клучни моменти коишто мислиме дека се битни за предметот. Иако ова е предмет којшто генерално е базиран на материјална документација како доказим меѓутоа сведоците даваат неколку поврзници на тие докази, вториот сведок имаше неколку клучни моменти кои сметаме декао дат во корист на теоријата на одбраната,- изјави Даниел Коцев, обвинител во случајот „Државна лотарија“.

На утрешното рочиште треба да се појави нов сведок на обвинителството, додека Хоџа и уште еден вработен во државна лотарија, во судницата ќе се појават на 30 октомври.

Покрај поранепшниот прв вицепремиер Артан Груби, за проневери од 9,7 милиони евра во државна лотарија обвинет е и екс директорот Перпарим Бајрами и уште 6 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денари

Синдикалната кошница надмина 70 илјади денари.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денари

Споредбено со септември, пресметките на ССМ, покажале дека трошоците за четиричлено семејство пораснале за 926 денари, а дека цела една минимална плата, нешто над 26 илјади денари, треба да се потроши само за најосновните потреби - за храна и пијалоци. Ако се направи споредба со почетокот на годината пак, минималната синдикална кошничка се зголемима за 3945 денари.

Заменик-министерот за економија Ристески оценува дека скокот на цените на горивата има влијание на целата економија, но со владините политики вели граѓаните не се оставени сами на себе. Во понеделник на социо-економскиот совет во Владата, пак, ќе се дебатира за владината потрошувачка кошница, која на неодамнешната презентација покажа драстично помали трошоци за живот во однос на синдикалната.

-Владата покажа дека и во ваква тешка економска светска криза има капацитет да се справува со правење на одлични мерки кои досега дадоа и резултати. А дека има резултати покажува и фактот дека имаме и една од најниските инфлации во Европа и регионот. / Имаме зголемување на просечната исплатена нето плата во Македонија, што најголем дел од населението да речам се движи околу таа просечна плата, бидејќи само 2 проценти од населението реално земаат минимална плата, така да ќе гледаме таа просечна или медијална плата да се зголемува и понатаму,- Марјан Ристески – заменик министер за економија.

-Цената на нафтата држи константно повисока цена, има раст на платите во привнатниот бизнис, тоа е потврдено со официјални податоци од заводот за статистика, зголемени суровини.. Сето тоа придонесува да има притисок на излезната страна, во однос на тоа да има потреба да се покачат одредени цени. Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

За да се зголеми продуктивноста и можноста за поголема заработката на работниците, Ѓорѓиевски најавува дека во следниот период ССК ќе се залага за плаќање по час, модел кој оценува дека фукционира добро во многу други држави и во приватниот и во јавниот сектор.

Инаку, според извештај на Здружението за истражување и анализи - ЗМАИ, Македонија достигнува 64 проценти од просечното ниво на благосостојба во ЕУ.

Според нивните заклучоци, доколку се задржи просечното темпо на приближување од последните пет години, ќе бидат потребни уште 52 години за да се достигне европскиот просек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос

Министерот за одбрана Мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, Лафчиски попладнево во владата одржаа прес-конференција заедно со претставници на синдикалните здруженија.. 

 Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос

Афродита Рамос го следи пресот.

Афродита, има ли трајно решеение за статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст?

Во видедото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер