Отпечатокот од глина со големина од 4,5 сантиметри прикажува човек, веројатно крал, кој седи на голем стол, се вели во соопштението.
Археолозите веруваат дека откритието му припаѓа на Персискиот период од Ерусалим, откако Вавилонците го уништиле градот.
„И покрај бројните ископувања во Ерусалим досега, откритијата од персискиот период се многу ретки и затоа ни недостасуваат информации за карактеристиките и изгледот на градот во тој период“, рекоа истражувачите Јувал Гадо и Јифат Шалев, истакнувајќи ја реткост на наодите.
Печати, изработени од парчиња глина, се користеле во античко време за да се потпишат документи или да се означуваат пакувања.
„Откривањето на печатот во градот на Давид укажува дека, и покрај тешката состојба во градот по уништувањето, имало напори да се обнови градската администрација и неговите услуги што ќе ги користат жителите“.
Првиот еврејски храм, изграден од кралот Соломон, бил уништен од вавилонците во 586 година п.н.е., а вториот од Римјаните во 70 година.
Од вториот храм, останал само Ѕидот на плачот и е најсвето место за Евреите.