Истражување: Демократијата во светот продолжила да се намалува во 2021 година - Канал 5

Истражување: Демократијата во светот продолжила да се намалува во 2021 година

 Демократијата продолжи да опаѓа во светот во 2021 година, според Индексот за демократија, составен од истражувачката група Економист.

Истражување: Демократијата во светот продолжила да се намалува во 2021 година

Минатата година, 45,7 отсто од светското население живеело во некоја форма на демократија, што е намалување од 49,4 отсто во 2020 година, соопшти во средата одделот за истражување. Само 6,4 отсто од луѓето живееле во „целосна демократија", нешто помалку од 6,8 отсто една година порано.

Повеќе од една третина од луѓето, 37,1 отсто, живееле во диктатури, што е мал пораст во споредба со 2020 година. Уделот на авторитарни држави постојано расте во последните неколку години.

Норвешка, која според истражувањето беше оценета како најдобра во три од петте категории, останува на врвот на листата. Следува е Нов Зеланд кој од четвртото се искачи на второто место, а потоа следуваат Шведска, Финска, Исланд и Данска.

Две големи европски земји беа предмет на критики во студијата.

Шпанија е деградирана во „неправилна демократија" поради полошата проценка на независноста на судството, врз основа на политичките несогласувања околу назначувањето на судии.

Британија се уште е „целосна демократија", но поради неколку скандали кои ја нарушија довербата на граѓаните во владата, нејзиниот рејтинг е намален. Британскиот премиер Борис Џонсон веќе две недели се соочува со критики во својата земја поради скандалот „партигејт", односно организирањето забави во владиниот штаб при целосното затворање.

Кина беше во фокусот на извештајот наречен „Кинески предизвик". Студијата истакна дека, спротивно на очекувањата на западните аналитичари, Кина не стана подемократска, иако во исто време стана побогата, туку стана „помалку слободна", а извештајот ја класифицира како „авторитарен режим".

Активистите за човекови права велат дека Кина го зајакнува надзорот над населението, ги задушува владините критичари, дисидентите и малцинствата како што е муслиманското ујгурско население. з

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификување

Две нови обвиненија против вкупно девет лица за злоупотреби поврзани со даночните контроли во дискотеката Пулс во Кочани.

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификување

Тамошното обвинителство поднесе обвинителен акт против три лица – двајца даночни контролори од УЈП кои побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде третообвинетиот бил одговорно лице. Според информациите станува збор за инспекторите во штипската дирекција на УЈП, Драган Паунов кој инаку е брат на претседателката на скопскиот Кривичен суд Даниела Димовска, и Дуле Димитриев. Додека Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов Деко, е одговорното лице во објектите. Информациите околу даночната постапка кои законски не смееле да ги оддаваат, иснпекторите на Михал Јованов му ги пренесувале преку вибер пораки.

-Двајцата даночни контролори се обвинети и за – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи при извршена контрола во правниот субјект во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 06.03.2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот,- -ОЈО Кочани.

Дел од пораките меѓу Јованов и инспекторите, ИРЛ објави лани во септември. Комуникацијата посочуваше на дојави до дискотеката пред да има инспекциски контроли и подмитувања со подароци. Обвинителството тогаш потврди дека пораките се дел од доказниот материјал.

Шест лица пак се опфатени во обвинителниот предлог - четворица даночни контролори и инспектори од УЈП, и една вработена во ДПИ кои ги вршеле контролите во Пулс и фирмите на кои реален сопственик е Дејан Јованов – Деко, кој е шестообвинет.

-Констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик,- -ОЈО Кочани.

Кривичната пријава првично опфаќала уште четири лица за злоупотреба на службената положба. За две лица постапката е запрена поради застареност, додека за другите две е утврдено дека нема дејствија на ова или на друго кривично дело што се гони по службена должност, велат од обвинителството.

Со овие две, за кочанската трагедија со пожарот во дискотеката Пулс каде загинаа 53 лица, досега има шест обвиненија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје.

Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба.

Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските.

На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам.

Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага.

-Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата.

Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер