Истанбул сепак останува домаќин на финалето на Лигата на шампионите - Канал 5

Истанбул сепак останува домаќин на финалето на Лигата на шампионите

УЕФА денеска ги отфрли информациите на некои медиуми дека финалето на Лигата на шампионите може да се пресели од Истанбул во Лисабон.

Истанбул сепак останува домаќин на финалето на Лигата на шампионите

Откако англискиот весник „Дејли мејл“ неодамна објави дека Лисабон би можел да биде алтернативен домаќин на финалето на фудбалската Лига на шампиони доколку има немири во Истанбул за време на претседателските избори во Турција, УЕФА објави дека тоа не е точно.

„Натпреварот според планираното ќе се одигра во Истанбул на 10 јуни“, соопшти УЕФА. „УЕФА не се вклучува во никакви други дискусии со политички институции, влади или национални фудбалски асоцијации. Постои загриженост дека може да дојде до немири доколку Реџеп Таип Ердоган, кој е на власт две децении, загуби на претседателските избори.

Дејли Мејл пишува дека УЕФА тешко може да го одложи финалето откако го пресели од Истанбул во 2020 и 2021 година поради пандемијата на Ковид-19, но дека размислува за резервен план. Португалската престолнина беше клучен дел од планот Б за време на пандемијата на коронавирус и последниот турнир во Лигата на шампионите од четвртфиналето до финалето се одржуваше таму пред празни трибини.

Лигата на шампионите моментално е во полуфинална фаза. Во првите полуфинални натпревари Интер го совлада градскиот ривал Милан со 2:0, додека Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа 1:1. Реваншите се на 16 и 17 мај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation).

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

За Сиљановска – Давкова, повеќе од три децении Проект ХОУП значајно придонесува во јакнењето на македонските здравствени капацитети, унапредување на професионалните знаења на здравствените работници и воведување нови технологии во здравството.

Претседателката ги поздрави донациите на современа медицинска опрема, примената на инвентивни методи, како и инвестициите во човечки ресурси преку клинички обуки со меѓународна експертиза.

Според неа, меѓународните партнерства се важни во креирањето одржливи системски решенија, коишто на долг рок ќе влијаат на подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

Оценувајќи ја како исклучително успешна и инспиративна работата на Проект ХОУП, Сиљановска-Давкова се заблагодари за нивната посветеност и присуство во државава.

Соговорниците информираа за нивните досегашни и тековни здравствени и хуманитарни програми и активности.

Тие изразија задоволство од соработката со македонските институции, пред сѐ со здравствените работници и ја нагласија подготвеноста за натамошна помош и поддршка.

Проект ХОУП е глобална организација со 65 годишно искуство, присутна во повеќе од 25 земји, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони

Со денешното пуштање на 100.000 единки охридска пастрмка, порибувањето на езерото за 2026 година заврши со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, односно за 1,6 тони над планираните 4,9 тони.

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид соопшти дека со денешното пуштање на 100.000 единки охридска пастрмка, порибувањето на езерото за 2026 година заврши со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, односно за 1,6 тони над планираните 4,9 тони.

„Потпишан е договор со Хидробиолошкиот институт и за следниот циклус на вештачки мрест и порибување во наредната година со нови 1.550.000 млади пастрмки“, изјави министерот Серафимовски.

Тој појасни дека во годинашното порибување биле вклучени и 100.000 поголеми единки од минатогодишниот мрест, со просечна тежина од 16 грама, за надоместување на пропуштеното по паузата во вештачкиот мрест од 2019 до 2023 година, притоа посочи и дека кај летната форма на охридската пастрмка, по 23 години од последниот вештачки мрест, експериментално е добиен подмладок кој успешно се одгледува.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја засилува заштитата и на јагулата, која е критично загрозен вид. Нејзиното зачувување го поставуваме како институционален приоритет. Владата за првпат усвои Национален план за управување со јагула“, нагласи министерот Серафимовски.

YouTube video

Тој најави дека Хидробиолошкиот институт ќе ги спроведува мерките за внесување млади јагули и безбеден транспорт на сребрените јагули кон морето, при што за пренос се предвидени 40 отсто од утврдената годишна квота за лов на традиционалната рибарска замка „Далјан“ на Црн Дрим кај Струга, за да им се овозможи да го продолжат патот кон Саргасовото Море, избегнувајќи го минувањето низ турбините на хидроцентралите.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, информираше дека надлежните инспектори од одделението за рибарство, во соработка со рибочуварската служба од охридскиот регион и со езерската гранична полиција, вршат редовни контроли на работата на концесионерите.

„Нашите инспектори се вклучени и во процесот на сузбивање на нелегалниот риболов, односно во борбата со рибокрадците. Заклучно со денес, од почетокот на 2026 година, имаме спроведено вкупно 231 инспекциски надзор на Охридското Езеро и за сторени прекршоци имаме издадено 21 платен налог. Во наредниот период ќе продолжиме со борбата против рибокрадците со цел да обезбедиме заштита на биодиверзитетот и зачувување на рибниот фонд“, изјави директорот Ангеловски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Алберто Нуњез Феихоо, лидер на шпанската конзервативна Народна партија (ПП), во петокот побара распоредување на морнарицата во Сеута. 

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер Педро Санчез на предвремените избори закажани за 29 ноември, пренесува „Политико“.

„Честите упади на Мароко во шпанските води не се изолирани инциденти, туку модел на агресија што бара одлучен одговор. Распоредете ја морнарицата. Повикајте го мароканскиот амбасадор. Повлечете го нашиот амбасадор од Рабат на консултации и побарајте објаснувања од највисоките нивоа на мароканската влада“, напиша Феихоо во петокот на платформата „X“. Својата објава ја заврши со пораките: „Шпанија не е на продажба. Шпанија се брани“.

Неговото барање е дел од поширока низа критики упатени кон владата на Санчез. Тензиите се зголемени од крајот на јули, кога повеќе од 70.000 мигранти пристигнаа во Сеута, шпанска енклава на границата со Мароко. Во последните месеци, министрите за внатрешни работи од земјите-членки на Европската унија постојано повикуваат на спроведување построги миграциски политики низ целата Унија.

Непотврден инцидент во водите кај Сеута

Повикот на Феихоо уследи по непотврдени извештаи дека марокански патролен брод во четвртокот поминал неколку часа во шпанските води крај брегот на Сеута. Шпанската Граѓанска гарда ги демантираше овие тврдења. Слични наводи за навлегување на марокански воени бродови во шпанските води се појавија и во јули.

Во средата, портпарол на Европската комисија изјави за шпанската новинска агенција ЕФЕ дека „шпанските и мароканските власти треба да ги разјаснат фактите“.

Зголемени тензии и кралска посета

Вчера во Брисел, Феихоо присуствуваше на самитот на Европската народна партија (ЕПП), чија членка е и неговата Народна партија (ПП). Според мадридското издание на „Политико“, во завршната декларација на Европската народна партија (ЕНП) остро се критикува шпанската влада поради кризата во Сеута. Конзервативците најавија дека, доколку дојдат на власт по изборите, ќе спроведат мерки за ограничување на имиграцијата.

„Цела Европа мора да го признае неуспехот на шпанската влада и да изврши неопходен притисок за да се спречи оваа криза да се вкорени, да се прошири или да се повтори“, напиша Феихо во авторски текст претходно овој месец. Тензиите околу Сеута и Мелиља – кои Мароко ги смета за свои окупирани територии – се засилуваат.

Анкета објавена од „Политико“ оваа недела покажува дека 58 отсто од испитаниците сметаат оти е веројатен вооружен судир меѓу Мадрид и Рабат во текот на следната деценија. Шпанскиот крал Фелипе VI, исто така, оваа недела ги посети овие енклави – посета која беше оценета како историска.

При таа пригода, тој изјави: „Сеута и Мелиља се неотуѓив дел од политичката и националната реалност на Шпанија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја не се предмет на преговори“. Последната посета на шпански монарх на овие територии се случила во 2007 година, кога поранешниот крал Хуан Карлос I ги посетил Сеута и Мелиља за време на дипломатски спор со Мароко.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер