Испорачаната вода од јавен водовод лани намалена за 0,9 проценти, домаќинствата потрошиле 68,9

Во јавниот водовод минатата година биле зафатени и преземени 293 191 илјада метри кубни вода за снабдување, што е за 2,3 проценти помалку во однос на  2022 година. 

Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.4 проценти, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1 процент, од езера.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2023 година било за 0,9 проценти помалку во однос на претходната година.

Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 68,9 проценти од вкупната испорачана вода од јавен водовод.

Вкупното количество отпадни води во 2023 година било за 0,4 проценти помало во однос на 2022 година.

Од вкупното количество испуштени води во 2023 година, непречистени биле 72,2 проценти, а пречистени 27,8 проценти од отпадните води.

Андоновски: Укинувањето на балансерот ќе оди во фази

Укинувањето на балансерот ќе оди во фази, од денеска бројките одговараат на пописните резултати на резидентното население. 

Укинувањето на балансерот ќе оди во фази. Во првата фаза ќе се вратиме на законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе одиме кон целосно укинување на алатката балансер при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот - соодветна и правична застапеност на етничките заедници, порача денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Нагласи дека со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование. Стручноста, додаде, ќе биде пред изборот на етничка припадност.

- Денеска е првата владина седница на којашто ќе бидат разговарани некои основни прашања за функционирањето на Владата. Знам дека граѓаните имаат големи очекувања сите работи да биде направени брзо, но мислам дека за ова е потребна сеопфатна дискусија во рамки на Владата, да видиме кои се начините да не се повреди темелниот принцип на Уставот - соодветна и правична застапеност на заедниците, но во исто време прво да ја гарантираме мериторноста, ефикасноста, квалитетот, образованието и искуството на вработените, а не да го гледаме нивниот етнички предзнак, изјави Андоновски по денешната средба со новинарите.

Посочи дека бројките во дигиталната алатката балансер од денеска веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година.

- Тоа значи дека лицата попишани во држави во странство нема да бидат дел од дигиталната алатка балансер за вработување во Република Македонија. Времето на балансирање по етнички клуч останува во минатото и сето тоа со почитување на темелните вредности на Уставот, потенцира Андоновски.

Ферстапен и следната сезона ќе вози за Ред Бул

Трикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, најави дека ќе остане во Ред Бул и следната сезона.

Ферстапен во четвртокот вечер беше присутен на прес-конференција пред трката за Големата награда на Австрија, а откако три пати беше запрашан јавно да каже дали следната сезона ќе вози за Ред Бул, тој одговори потврдно.

„Во ред, да“, рече Ферстапен.

„Веќе работиме на болидот за следната сезона, а кога сте фокусирани на тоа, тоа значи дека возите и за тој тим“, додаде холандскиот возач.

Ферстапен е под договор со Ред Бул до 2028 година, но празното место на Луис Хамилтон во Мерцедес од 2025 година предизвика шпекулации дека германскиот тим ќе се обиде да го привлече Холанѓанецот во својот тим.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, претходно оваа година изјави дека би сакал Ферстапен да вози за тимот.

Хали Бери Објави фотографија која мора да се зумира

Холивудската ѕвезда, актерката Хали Бери предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Мегапопуларната жена мачка објави фотографија која мора да се зумира.

Атрактивната Хали на воодушевување на фановите позираше во стилот на познатата фотографија на славната секс бомба Мерлин Монро.

Актерката Хали Бери редовно каде и да се појави го привлекува внимание на јавноста.

Сексапилната Бери е многу активна на социјалните мрежи и често објавува провокативни фотографии, а со едно издание сега предизвика бурни реакции на Инстаграм.

Имено, таа позираше во бел фустан, во стилот на познатата фотографија на Мерлин Монро и во таа прилика откри повеќе отколку што сакаше.

притисни ентер