Ферстапен и следната сезона ќе вози за Ред Бул - Канал 5

Ферстапен и следната сезона ќе вози за Ред Бул

Трикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, најави дека ќе остане во Ред Бул и следната сезона.

Ферстапен и следната сезона ќе вози за Ред Бул

Ферстапен во четвртокот вечер беше присутен на прес-конференција пред трката за Големата награда на Австрија, а откако три пати беше запрашан јавно да каже дали следната сезона ќе вози за Ред Бул, тој одговори потврдно.

„Во ред, да“, рече Ферстапен.

„Веќе работиме на болидот за следната сезона, а кога сте фокусирани на тоа, тоа значи дека возите и за тој тим“, додаде холандскиот возач.

Ферстапен е под договор со Ред Бул до 2028 година, но празното место на Луис Хамилтон во Мерцедес од 2025 година предизвика шпекулации дека германскиот тим ќе се обиде да го привлече Холанѓанецот во својот тим.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, претходно оваа година изјави дека би сакал Ферстапен да вози за тимот.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

 Во денешниот израелски напад уште една експлозија одекна во близина на седиштето на Иранската државна телевизија (ИРИБ).

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

Израел вчера првпат ја нападна зградата на ИРИБ, сместена во северниот дел на Иран.

По вчерашниот израелски напад, ИРИБ кратко време не емитуваше програма. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

Иран по првиот напад врз ИРИБ издаде предупредувања за евакуација за израелските телевизии.

притисни ентер