Андоновски: Укинувањето на балансерот ќе оди во фази

Укинувањето на балансерот ќе оди во фази, од денеска бројките одговараат на пописните резултати на резидентното население. 

Укинувањето на балансерот ќе оди во фази. Во првата фаза ќе се вратиме на законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе одиме кон целосно укинување на алатката балансер при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот - соодветна и правична застапеност на етничките заедници, порача денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Нагласи дека со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование. Стручноста, додаде, ќе биде пред изборот на етничка припадност.

- Денеска е првата владина седница на којашто ќе бидат разговарани некои основни прашања за функционирањето на Владата. Знам дека граѓаните имаат големи очекувања сите работи да биде направени брзо, но мислам дека за ова е потребна сеопфатна дискусија во рамки на Владата, да видиме кои се начините да не се повреди темелниот принцип на Уставот - соодветна и правична застапеност на заедниците, но во исто време прво да ја гарантираме мериторноста, ефикасноста, квалитетот, образованието и искуството на вработените, а не да го гледаме нивниот етнички предзнак, изјави Андоновски по денешната средба со новинарите.

Посочи дека бројките во дигиталната алатката балансер од денеска веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година.

- Тоа значи дека лицата попишани во држави во странство нема да бидат дел од дигиталната алатка балансер за вработување во Република Македонија. Времето на балансирање по етнички клуч останува во минатото и сето тоа со почитување на темелните вредности на Уставот, потенцира Андоновски.

Јувентус и официјално се засили со Даглас Луиз

Јувентус и официјално го објави потписот на играчот од средниот ред на Астон Вила, Даглас Луиз.

Сумата на трансферот е 50 милиони евра, а „бјанконерите“ ќе ја платат на четири рати. Одделно се ставени бонуси во износ од 1,5 милиони евра.

Во правец на Бирмингем одат Самуел Ајлинг-Џуниор и Енцо Баренечеа. Според Фабрицио Романо, овие зделки се во вкупна вредност од 22 милиони и се одвоени од трансферот на Луиз.

Дваесет и шест-годишниот Бразилец минатата сезона постигна девет гола на 35 натпревари во Премиер лигата и беше важен за Астон Вила во пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Договорот на Луиз со Јувентус е на пет години. Во моментов со репрезентацијата на Бразил учествува на Копа Америка. /МИА

Крајнодесничарската партија на Ле Пен победи во првиот круг од изборите во Франција

Коалицијата на Макрон трета.

Според излезните анкети, во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција, екстремно десничарскиот национален митинг на Ле Пен освои 34,2 отсто од гласовите, екстремно левиот нов народен фронт 29,1, а сојузот на претседателот Макрон е трет со 21,5 отсто.

Французите избираат 577 пратеници, по еден во сите 577 изборни единици, според мнозински модел.

Во денешниот прв круг мандати ќе освојат само тие кандидати што ќе имаат над 50 отсто од гласовите на избирачите кои излегле на гласачкото место, доколку излезноста на тоа избирачко место било најмалку 25 отсто.

Во вториот круг од гласањето, кој е закажан за 7 јули, влегуваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.

Дејан и Венцислав Недеви учествуваа на меѓународниот карате семинар со Сенсеи Кавазое

 Д-р Дејан Недев и д-р Венцислав Недев викендов од 28 до 30 јуни учествуваа на меѓународниот карате семинар со Сенсеи Масао Кавазое кој се одржа во Тонсберг, Норвешка.

Семинарот беше во организација на Норвешката федерација за традиционално карате која долги години е членка на Европската (ЕТКФ) и светската (ИТКФ) федерација.

Недеви ги интензивираа контактите со Сенсеи Масао Кавазое кој во моментов важи за еден од најдобрите карате инструктори во светот кој е ученик на Сенсеи Хидетака Нишијама основачот на ИТКФ.

Наскоро се планира Сенсеи Кавазое да одржи семинар и во Македонија.

притисни ентер