Триесет семејства од државава добија пчели и пчеларска опрема, донација од ТИКА - Канал 5

Триесет семејства од државава добија пчели и пчеларска опрема, донација од ТИКА

Триесет семејства од државава добија пчели и пчеларска опрема, донација од ТИКА, Турска агенција за соработка и координација, во рамките на проектот за развој на пчеларството. 

Триесет семејства од државава добија пчели и пчеларска опрема, донација од ТИКА

На овој начин, како што беше кажано на настанот во неготинското село Курија, тие добиваат можност за зголемување на економскиот приход, се зајакнуваат социо-економските услови на населението, а се придонесува и кон руралниот развој. Истовремено, се промовираат здравата исхрана и здравиот начин на живот.

Програмскиот координатор на ТИКА во Република Македонија, Мехмет Бајрак рече дека реализираат проекти и активности низ државава почнувајќи од 2005 година, со формирање на програмската канцеларија во Скопје.

- Првиот проект што го реализиравме во областа на земјоделството и сточарството беше проектот за развој на пчеларството во Македонија, кој започна во 2007 година. Проектот беше инициран со обезбедување обука и пчеларници за 90 земјоделски семејства од регионите Радовиш и Конче, со тоа што истиот проект беше избран меѓу најдобрите проектни практики на УНДП во рамките на програмата за соработка Југ-Југ во 2008 година, појасни тој во изјава за медиумите.

Бидејќи проектот дал успешни резултати и придонел за зголемување на економскиот приход на семејствата корисници, го прошириле за да вклучат различни градови и села низ годините.

- До денес дониравме пчелни кошници на близу 300 семејства. Денес, нови семејства се приклучуваат на проектот со тоа што доставуваме 10 кошници со пчели и потребни работни материјали за производство на 30 семејства определени од регионите како Ресен, Центар Жупа, Пласница, Диржилови и Пагаруша, Радовиш и Неготино. Дополнително, нашите водечки фармери обезбедуваат поддршка за споделување искуства на семејствата вклучени во проектот онаму каде што е потребно, информираше Бајрак.

Тој истакна дека семејствата кои имаат корист од нивниот проект за развој на пчеларството, го консумираат медот што го произведуваат и го продаваат на локалниот пазар, давајќи дополнителен придонес за нивната семејна економија. Покрај зголемување на приходите на семејните бизниси кои живеат во руралните средини, проектот дава придонес и за руралниот развој.

- Нашите проекти не се ограничени на поддршка на пчеларски активности. До денес имаме донирано оранжерии за 1000 семејства од целата земја, со цел да го зголемиме квалитетот на производите и квантитетот на производството, особено преку поттикнување на оранжериското производство. На 600 семејства им обезбедивме и садници од калинка, орев, слива и цреша и садници од јагоди, погодни за производствените карактеристики на регионите, нагласи тој.

Притоа, подвлече дека имаат обезбедено и мотокултиватори, земјоделско прскање и прскање со вештачко ѓубриво, машини за садење и берба на кромид, што им се потребни на семејствата за обработување на нивните земјишта и ги ставиле достапни за заедничка употреба на семејствата.

- Проектите што се реализираат во областа на земјоделството и сточарството се важни за нас, бидејќи директно имаат позитивно влијание врз животот на семејствата. Поради оваа причина, ќе продолжиме да ги следиме нашите проекти на ова поле во наредните периоди. На пример, оваа година планираме да ги обезбедиме потребните резервоари за собирање млеко, за да можат семејствата кои се занимаваат со сточарство, да го собираат млекото под хигиенски услови, рече Бајрак.

Исуф Јакупи од Скопје, е нов пчелар, почетник. Во изјава за МИА, тој сподели дека порано неговиот татко бил пчелар, но, починал пред неколку години. Љубовта кон пчелите отсекогаш била присутна во нивната фамилија. Тој самиот извесен период бил „оладен“ за пчеларство, не мислел да се занимава со пчеларство. Но, како професор по спорт, залагајќи се за здрав живот, а со поттик и поддршка од ТИКА, преку проект и донација, решил да се врати на семејната традиција и ако може, да развие семеен бизнис.

- Станува збор за доста донирана опрема. Сандаци за пчели празни со рамови и друго, плус сандаци со пчели, маски, разноразна опрема. Планираме пошироко производство на мед, имам три деца кои сакам да ги поттикнам и да ги вклучам во семејните активности, да ја продолжиме традицијата на производство на мед, подвлече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци

Октомври со највисока исплата за породилни надоместоци.

ФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци

Над 621 милион денари исплатени во октомври, од кои рекордни 467 милиони денари за породилни надоместоци во последните четири месеци. Зад овие бројки стои континуитет во реализацијата на правата на осигурениците и јасна определба навремената исплата да стане стандард, а не исклучок.

Фондот за здравствено осигурување го заокружи октомври 2026 година со исплатени 621.383.663 денари за надоместоци на плата по основ на привремена спреченост за работа и породилно отсуство.

Од вкупниот износ, 467.074.428 денари се исплатени за породилни надоместоци, што претставува највисока месечна исплата за оваа намена во периодот јули–октомври 2026 година. За останатите надоместоци по основ на боледување се исплатени 154.309.235 денари.

Но, вистинската слика за работењето на Фондот не ја дава само еден месец.

Во периодот од јули до октомври, Фондот исплати вкупно над 2,35 милијарди денари за боледувања и породилни отсуства, од кои над 1,66 милијарди денари се однесуваат на породилни надоместоци.

Овие податоци ја отсликуваат финансиската димензија на една од најважните обврски на Фондот – обезбедување континуитет во остварувањето на законските права на осигурениците.

Особено значајно е што октомвриската исплата за породилни надоместоци бележи раст од над 25 проценти во однос на септември, потврдувајќи го засилениот обем на реализирани исплати за оваа категорија осигуреници.

За Фондот, успехот не се мери само со висината на исплатените средства, туку и со сигурноста што ја носи нивната навремена исплата.

Зад секој исплатен надоместок стои конкретно право, а зад секое право – човек, родител или семејство за кое финансиската предвидливост има особено значење.

Токму затоа, определбата на раководството, предводено од генералниот директор м-р Златко Перински, е редовноста на исплатите да се воспостави како траен принцип на работење, со одговорно управување со средствата и непречено исполнување на останатите обврски на Фондот.

Средствата на здравственото осигурување им припаѓаат на осигурениците. Обврска на Фондот е тие да се користат законито, одговорно и навремено, во функција на остварување на нивните права.

Фондот и во наредниот период ќе продолжи да работи на подобрување на организацијата, ефикасноста на обработката на барањата и одржувањето стабилна динамика на исплатите.

Нашата цел е едноставна: осигурениците да не ја доживуваат навремената исплата како посебна вест, туку како сигурност на која можат да сметаат.

ФЗО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.

Мицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција

-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?

​Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. 

Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?

Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни.

Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи?

Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања.

И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање!

Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот.

Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит!

YouTube video

Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер