Идеалениот тим на Светското првенство со изненадувања на голот - Канал 5

Идеалениот тим на Светското првенство со изненадувања на голот

Светската фудбалска федерација, ФИФА го објави официјалниот идеален тим на Светското првенство во 2026 година и, како што се очекуваше, новиот светски шампион – Шпанија – има најмногу претставници.

Идеалениот тим на Светското првенство со изненадувања на голот

„Црвената фурија“ стигна до својата втора светска титула благодарение на одличните игри на Марко Кукуреља, Педро Поро и Родриго, кои поради своите настапи беа вклучени во најдобриот тим на турнирот.

Финалистот Аргентина има двајца претставници.

Лионел Меси, кој на првенството постигна осум гола и запиша четири асистенции, се најде во нападот, додека Лисандро Мартинез беше избран за еден од двајцата централни дефанзивци.

Франција исто така има тројца играчи во идеалниот состав. Најдобриот стрелец на турнирот, Килијан Мбапе, и Мајкл Олисе ги зазедоа своите места во офанзивниот дел од тимот, додека Дајо Упамекано ја предводеше одбраната.

Средниот ред го комплетира Џуд Белингем, кој уште еднаш ја потврди својата класа на најголемата фудбалска сцена, додека позицијата централен напаѓач му припадна на Ерлинг Халанд по неговиот одличен голгетерски учинок.

Посебно признание доби голманот на Зеленортските Острови, Возиња, кој со своите одлични одбрани беше едно од најголемите изненадувања на турнирот и обезбеди место во идеалниот тим од 11 играчи.

Идеален тим на Светското првенство 2026 (4-3-3):

Голман: Возиња (Зеленортски Острови)

Одбрана: Марк Кукуреља (Шпанија), Дајо Упамекано (Франција), Лисандро Мартинез (Аргентина), Педро Поро (Шпанија)

Среден ред: Џуд Белингем (Англија), Родри (Шпанија), Мајкл Олис (Франција)

Напад: Лионел Меси (Аргентина), Ерлинг Халанд (Норвешка), Килијан Мбапе (Франција)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

До крајот на неделава водата во Гостивар треба да биде безбедна за техничка употреба – односно за миење и други домашни потреби, но не и за пиење, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Тој појасни дека во прва фаза нема да смее да се конзумира, а по миење на системот и потврда од лабораториски испитувања дека е безбедна, што се очекува да се заврши наредната недела, водата од чешмите во Гостивар ќе може и да се пие.

-Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски „Водовод“ и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно миење на системот за да може да добиеме вода која што ќе има нормални граници на хлор и која што ќе биде добра за техничка употреба. Планот е кон крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Во меѓувреме граѓаните на Гостивар да не се опуштаат, да ги следат мерките и да не користат вода од чешма, порача Министерот за здравство Сашо Клековски. Епидемиолошката состојба во моментот е на статус кво, а во главно се намалува, но од медицински аспект нема никакви сомнежи дека извор на заразата е загадената вода, бидејќи дека освен астровирусот, најчесто пациентите имале и бактерија шигиела, што може да предизвика и крвави столици, а укажува на фекално загадување.

Во однос на вчерашната изјава и апел да нема „јавачи на епидемија“, коментар на кој реагираше и професорот Никола Пановски, Министерот Клековки ретерираше и појасни дека не мислел на никој од лекарите конкретно, туку алудирал на граѓаните за да се информираат пред се преку надлежните институции за состојбата и начинот на лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе заработат милијарди долари откако потпишаа нуклеарен договор со Саудиска Арабија

САД потпишаа значаен договор со Саудиска Арабија, што ќе ѝ овозможи да развива цивилна нуклеарна програма, во што ќе учествуваат и американски компании.

САД ќе заработат милијарди долари откако потпишаа нуклеарен договор со Саудиска Арабија

Текстот од договорот не беше објавен јавно, но американските медиуми објавија дека тој ќе ѝ дозволи на Саудиска Арабија да збогатува ураниум во иднина. Експертите велат дека ова создава ризик од идна нуклеарна пролиферација во веќе нестабилниот регион.

Министерството за енергетика на САД кажа дека покрај договорот за соработка, потпишан е и „двостран договор за заштитни мерки“.

Ова е првпат САД да ѝ помагаат на друга земја да збогатува ураниум на своја територија. објавата уследи среде ескалацијата на војната во иран, што сад ја започнаа во февруари за да го спречат да развие нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговори

Новиот 21 пакет санкции на ЕУ против Москва од Руската инвазија на Украина во 2022 година, вклучува одржување на сегашното ниво на горната граница на цената на руската нафта.

ЕУ го одобри новиот пакет санкции против Русија по неколку недели натегања и преговори

Преговорите за новите економски санкции воведени поради војната во Украина се одолговлекуваа откако неколку земји инсистираа на ублажување на поединечните елементи од пакетот.

На 22 јули беше објавено дека 27-те земји-членки на ЕУ донеле привремена одлука да го задржат горната граница на цената на руската нафта на 44 долари за барел во текот на една недела за да се спречи нејзиното автоматско зголемување.

Мерката има за цел да ги ограничи приходите на Москва од глобалниот извоз на сурова нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер