Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин
ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија
1Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин
2ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија
3СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
1Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
2 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
МакедонијаРистовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена - 49 милиони денари за градскиот базен во КавадарциМинистерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на целосно реконструираниот Градски базен во Кавадарци.Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на целосно реконструираниот Градски базен во Кавадарци, капитален проект вреден речиси 49 милиони денари, со кој градот добива современ спортско-рекреативен центар наменет за сите генерации. Од вкупната инвестиција, 30.141.432 денари се обезбедени преку Министерството за спорт, од средствата на Владата на Република Македонија преку вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти, додека останатите средства ги обезбеди Општина Кавадарци. -Ние не градиме споменици, туку места каде што ќе растат идните шампиони. Секој реконструиран базен, секоја спортска сала и секое игралиште значат повеќе можности за децата, повеќе здравје за граѓаните и повеќе шанси Македонија повторно да создава врвни спортисти. Нашата цел е јасна – спортската инфраструктура повеќе никогаш да не биде оставена да пропаѓа, туку да стане двигател на развојот во секоја општина - истакна министерот Ристовски. Тој нагласи дека Министерството за спорт паралелно работи на завршување на повеќе капитални проекти низ државата. Во рамки на реконструкцијата е обновен целиот базенски комплекс, поставен е нов систем за филтрација и пречистување на водата, реконструирани се големиот и малиот базен, изградени се водни атракции и тобогани, детски водни реквизити, современо детско игралиште, целосно се обновени соблекувалните, тушевите, санитарните јазли, лекарската просторија, пристапните патеки и останатите придружни содржини. Во Кавадарци е во завршна фаза и изградбата на новиот затворен базен, проект чија реализација Министерството ја доведе до финална фаза по повеќегодишен застој. На ист начин беа завршени и базените во Карпош, во Кисела Вода и во Штип, продолжува изградбата во Струмица, Кичево и Ѓорче Петров, додека технички е завршен и базенот во Битола. Со ова Министерството за спорт продолжува со реализација на стратешката определба за модернизација и развој на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел секоја општина да добие современи услови за спорт, рекреација и развој на младите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФормулаПаника во Ферари: на Хамилтон му се слошило по трката во Сингапур!По завршувањето на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1, Луис Хамилтон морал да замине на лекарски преглед.Возачот на ферарри, се соочил со сериозни физички тегоби по исцрпувачката трка за Големата награда на Сингапур, за време на која извозе 62 круга при екстремна топлина и висока влажност на уличната патека „Марина Беј“. Пилотот на Ферари по трката поради својата здравствена состојба не се појави пред медиумите , а италијанскиот тим потврди дека му била потребна медицинска помош. Портпаролот на Ферари потврди дека седумкратниот светски шампион се чувствувал лошо откако излегол од болидот и бил прегледан од медицинскиот тим на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА). Поради тоа, на Хамилтон му било дозволено да ги пропушти вообичаените медиумски обврски по трката. Проблемите на Хамилтон дополнително се влошија поради стратешка грешка за време на самата трка. Британецот не ја послуша наредбата на Ферари да влезе во боксот за време на периодот со виртуелно безбедносно возило, поради што беше принуден да продолжи да вози со стари и значително истрошени гуми. Поради недостатокот на прилепување, тој не успеа да ја одбрани својата позиција во завршницата. Хамилтон постепено губеше позиции, а го престигнаа возачот на Мерцедес, Кими Антонели, како и двајцата претставници на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. Иако во еден момент се бореше за место на подиумот, трката ја заврши на шестото место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотAвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонијаЕпархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија, во името на чесното свештенство и верниот народ, упати честитка до Неговото Блаженство, поглавар на МПЦ–ОА и администратор на Австралиско-сиднејската епархија.Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, е роден на 1 мај 1955 година во село Добрушево, Битолско. За епископ е хиротонисан на 12 јули 1986 година, а во октомври 1999 година е избран и востоличен за поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Годинава се одбележува значајниот јубилеј – 40 години од неговата архиерејска хиротонија (1986–2026). По овој повод, Епархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија, во името на чесното свештенство и верниот народ, упати честитка до Неговото Блаженство, поглавар на МПЦ–ОА и администратор на Австралиско-сиднејската епархија, со следната содржина: Ваше Блаженство, Од името на Епархискиот Управен Одбор, свештенството и верниот народ на Македонската Православна Епархија за Австралија – Сиднеј, Ви упатуваме честитки по повод значајниот јубилеј – 40 години од Вашата архиерејска хиротонија. Четири децении архиерејско служење претставуваат сведоштво за живот посветен во служба на Христа и Неговата Света Црква. Му благодариме на Семилостивиот Бог за годините на Вашето архиерејско служење и Му вознесуваме молитви и понатаму да Ве дарува со добро здравје, духовна крепост, мудрост и благодат во извршувањето на Вашата архипастирска служба. Нека Господ Исус Христос, по молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии, Ве укрепува и чува уште многу години, за доброто и напредокот на нашата Света Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија. На многаја лета Ваше Блаженство!!!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“Додека измамата зависи од постапките на другите, заблудата раѓа во вас и ве води во неизвесни води.Додека измамата зависи од постапките на другите, заблудата раѓа во вас и ве води во неизвесни води. На крајот од патувањето, следува емоционално сознание со кое многумина тешко се справуваат – разочарување. Завршување на една врска е процес, исто како и влегувањето во неа. Кога ќе погледнете наназад, ретко постои само една причина за разделбата, но сепак постои еден збор што укажува на коренот на проблемот и често ја опфаќа целата динамика: *потенцијал*. Идејата за некого, визијата за иднина исполнета со развој – ја поттикнува почетната занесеност и ја одржува силна, сè до моментот кога станува јасно дека таквата иднина никогаш нема да се оствари. Тоа не е баш лага; тоа е само искривена слика, родена од сопствените потреби и копнежот по блискост. Не е погрешно да се зема предвид потенцијалот; тој може да послужи како водич за заеднички развој во врската, под услов очекувањата да останат реални. Некои луѓе влегуваат во врска едноставно затоа што не сакаат да бидат сами, а токму „потенцијалот“ е аргументот што го користат за да го оправдаат тоа. Тие не сфаќаат дека вљубувајќи се во нечиј потенцијал се залажуваат себеси и се впуштаат во залуден обид да го променат партнерот. Партнерот има свои индивидуални цели и обрасци на однесување. Да, некои од нив можат да се подобрат, обликуваат или на нив може да се работи – тоа е дел од личниот развој – но нереално е да се очекува партнерот целосно да се прилагоди на вас, на сликата што сте ја имале во умот или на визијата што првично сте ја виделе. Можеби би сакале тој да се однесува поинаку или да има интереси што се совпаѓаат со вашите... но каде тогаш би била неговата сопствена личност? „Се заљубив во неговиот потенцијал, но тоа беше само проекција на самата себе – на мојот сопствен потенцијал што допрва требаше да го реализирам. Ми требаа три години да сфатам дека почнав да чувствувам гнев кон него бидејќи не ги исполнуваше моите очекувања. Колку е тоа навистина себично? Зошто самата не ги исполнував тие очекувања?“ – вели Даниела (35), опишувајќи врска во која го сакала она што *би можело* да биде, наместо да ја гледа и негува личноста што навистина била присутна. Како што и самата признава, тоа си го правела и себеси. Ваквото размислување води кон еден маѓепсан круг на фантазија и проекција. Наместо да живеете во моментот и да уживате во времето поминато со партнерот, постојано се потсетувате дека вашите очекувања не се исполнети. Во заедничките мигови треба да се ужива, а не да критикувате. Каде води таквата врска? Најголемата опасност кај врските засновани на потенцијалот е стравот од загуба. Но, ако не можете да напредувате во врската, ако не сте во состојба да бидете искрени, вреди ли да останете? Како да знаете дали сте заробени во ваква токсичност? Едноставно запрашајте се: дали би останале со партнерот кога би можеле да ја видите иднината и знаете дека ништо значително нема да се промени низ годините? Ставовите, вредностите и навиките би останале исти. Дали го сакате тоа? Луѓето растат или ги менуваат своите обрасци бидејќи така сакаат. Ги мотивира постигнувањето цели што ги сметаат за важни. Оние што се обидуваат да влијаат на тоа поради задоволување на сопствените потреби, наидуваат на фрустрација и отпор. Партнерот не се чувствува сакано или исполнето; всушност, неговата вистинска вредност се намалува. Во тешки случаи, оние што се опседнати со потенцијалот и самите трпат психичко или физичко малтретирање – верувајќи дека работите ќе се подобрат. Во меѓувреме, истражувањата покажуваат дека ваквиот начин на размислување – особено во ситуации што го загрозуваат поединецот – го продлабочуваат проблемот, бидејќи постојано го потсетуваат на болката и јазот меѓу реалноста и фантазијата. Потенцијалот станува само еден вид бегство од реалноста. На крајот на краиштата, со тоа ја загрозувате и сопствената благосостојба. Впрочем, нашата примарна должност е да научиме да се сакаме себеси – да препознаеме што можеме да понудиме, но и како да поместиме некои граници. Ако не можете сами да го направите тоа, неправедно е тоа да го очекувате од другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter