Ван Бомел нов селектор на Белгија - Канал 5

Ван Бомел нов селектор на Белгија

Ван Бомел е новиот селектор на Белгија, започнува новата ера на „Црвените ѓаволи“!

Ван Бомел нов селектор на Белгија

Поранешниот холандски фудбалер Марк ван Бомел ја презеде функцијата селектор на белгиската репрезентација.

Марк ван Бомел е назначен за нов селектор на белгиската фудбалска репрезентација, потврди Фудбалскиот сојуз на таа земја.

Поранешниот холандски репрезентативец постигна договор за соработка до јуни 2028 година и ќе го наследи Руди Гарсија на клупата на „Црвените ѓаволи“.

Марк ван Бомел (49) ја започна својата тренерска кариера во 2018 година во ПСВ, а потоа ги водеше Волфсбург и белгискиот Антверпен, со кој во 2023 година ја освои двојната круна. Со тоа тој ќе стане вториот Холанѓанец на клупата на Белгија, откако таа репрезентација ја предводеше Дик Адвокат во периодот од 2009 до 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идеален тим на Светското првенство со изненадувања на голот

Светската фудбалска федерација, ФИФА го објави официјалниот идеален тим на Светското првенство во 2026 година и, како што се очекуваше, новиот светски шампион – Шпанија – има најмногу претставници.

Идеален тим на Светското првенство со изненадувања на голот

„Црвената фурија“ стигна до својата втора светска титула благодарение на одличните игри на Марко Кукуреља, Педро Поро и Родриго, кои поради своите настапи беа вклучени во најдобриот тим на турнирот.

Финалистот Аргентина има двајца претставници.

Лионел Меси, кој на првенството постигна осум гола и запиша четири асистенции, се најде во нападот, додека Лисандро Мартинез беше избран за еден од двајцата централни дефанзивци.

Франција исто така има тројца играчи во идеалниот состав. Најдобриот стрелец на турнирот, Килијан Мбапе, и Мајкл Олисе ги зазедоа своите места во офанзивниот дел од тимот, додека Дајо Упамекано ја предводеше одбраната.

Средниот ред го комплетира Џуд Белингем, кој уште еднаш ја потврди својата класа на најголемата фудбалска сцена, додека позицијата централен напаѓач му припадна на Ерлинг Халанд по неговиот одличен голгетерски учинок.

Посебно признание доби голманот на Зеленортските Острови, Возиња, кој со своите одлични одбрани беше едно од најголемите изненадувања на турнирот и обезбеди место во идеалниот тим од 11 играчи.

Идеален тим на Светското првенство 2026 (4-3-3):

Голман: Возиња (Зеленортски Острови)

Одбрана: Марк Кукуреља (Шпанија), Дајо Упамекано (Франција), Лисандро Мартинез (Аргентина), Педро Поро (Шпанија)

Среден ред: Џуд Белингем (Англија), Родри (Шпанија), Мајкл Олис (Франција)

Напад: Лионел Меси (Аргентина), Ерлинг Халанд (Норвешка), Килијан Мбапе (Франција)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Официјално е отворен Градскиот базен во Кавадарци!

Денес, во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и бројни гости, градоначалникот Митко Јанчев официјално го пушти во употреба целосно реконструираниот Градски базен.

Јанчев: Официјално е отворен Градскиот базен во Кавадарци!

Денес, во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и бројни гости, градоначалникот Митко Јанчев официјално го пушти во употреба целосно реконструираниот Градски базен – еден од најсовремените спортско-рекреативни комплекси во државата.

Со инвестиција од околу 1 милион евра, обезбедена преку вториот јавен повик на Владата, базенскиот комплекс доби целосно нов лик. Реконструирани се големиот и малиот базен, изграден е современ систем за филтрација и пречистување на водата, поставени се нови водни атракции и тобогани, детски водни реквизити и современо детско игралиште, а целосно се обновени соблекувалните, тушевите, санитарните јазли, лекарската просторија, пристапните патеки и сите придружни содржини.

Ова не е само реконструкција на еден објект, туку инвестиција во иднината на Кавадарци – во спортот, рекреацијата, туризмот и подобриот квалитет на живот на граѓаните.

Градскиот базен повторно ги отвори своите врати и од денес ќе биде место за спорт, рекреација, дружење и создавање нови летни спомени за сите генерации.

[💙] Кавадарци доби уште еден капитален проект со кој продолжува да се развива како современ и урбан град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работна средба на заменик-министерот Ристески со министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ

Работна средба на заменик-министерот Ристески со министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ

Работна средба на заменик-министерот Ристески со министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со новоизбраниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ.

На работната средба беа разменети мислења и идеи за повеќе значајни теми поврзани со состојбите на општините, локалниот економски развој, поддршката за домашните компании и значењето на инфраструктурните инвестиции на општиот економски развој на Република Македонија.

Заменик-министерот Ристески пред министерот ја претстави последната мерка објавена од Агенцијата за вработување која е дел со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, а тоа е мерката „Економија на грижа - Општинско-корисна работа“ која е наменета за општините.

Со истата се овозможува општините работно да ангажираат невработени лица од евиденцијата на АВРМ со стекнат сертификат за давател на услугата во период од 9 (девет) месеци за ангажман од 40 часови неделно. Лицата би биле ангажирани во областите на социјални или здравствени услуги во согласност со потребите на локално ниво, како и за приоритетни целни групи на крајни корисници. За нивниот ангажман лицата ќе добиваат недомест од 24.000 денари месечно со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

На средбата соговорниците се согласија дека приоритетна цел за Владата на Република Македонија е да имаме економски стабилни, силни и дигитализирани општини кои нудат квалитетни услуги за граѓаните и компаниите во Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер