3Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
ФудбалИдеалениот тим на Светското првенство со изненадувања на голотСветската фудбалска федерација, ФИФА го објави официјалниот идеален тим на Светското првенство во 2026 година и, како што се очекуваше, новиот светски шампион – Шпанија – има најмногу претставници.„Црвената фурија“ стигна до својата втора светска титула благодарение на одличните игри на Марко Кукуреља, Педро Поро и Родриго, кои поради своите настапи беа вклучени во најдобриот тим на турнирот. Финалистот Аргентина има двајца претставници. Лионел Меси, кој на првенството постигна осум гола и запиша четири асистенции, се најде во нападот, додека Лисандро Мартинез беше избран за еден од двајцата централни дефанзивци. Франција исто така има тројца играчи во идеалниот состав. Најдобриот стрелец на турнирот, Килијан Мбапе, и Мајкл Олисе ги зазедоа своите места во офанзивниот дел од тимот, додека Дајо Упамекано ја предводеше одбраната. Средниот ред го комплетира Џуд Белингем, кој уште еднаш ја потврди својата класа на најголемата фудбалска сцена, додека позицијата централен напаѓач му припадна на Ерлинг Халанд по неговиот одличен голгетерски учинок. Посебно признание доби голманот на Зеленортските Острови, Возиња, кој со своите одлични одбрани беше едно од најголемите изненадувања на турнирот и обезбеди место во идеалниот тим од 11 играчи. Идеален тим на Светското првенство 2026 (4-3-3): Голман: Возиња (Зеленортски Острови) Одбрана: Марк Кукуреља (Шпанија), Дајо Упамекано (Франција), Лисандро Мартинез (Аргентина), Педро Поро (Шпанија) Среден ред: Џуд Белингем (Англија), Родри (Шпанија), Мајкл Олис (Франција) Напад: Лионел Меси (Аргентина), Ерлинг Халанд (Норвешка), Килијан Мбапе (Франција)Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион Ф-16 се урна во поле во ТурцијаТурски борбен авион Ф-16 денес се урна за време на тренинг-лет во северозападната турска провинција Јалова поради технички дефект.Видео снимки покажуваат експлозија и црн чад како се издигнуваат од полето каде што падна авионот. пилотот се катапултираше и ја преживеа несреќата“, соопшти турското министерство за одбрана. Оттаму додаваат дека причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага. Според првичните информации, пилотот се спасил со катапултирање со падобран, по што на местото биле испратени медицински и противпожарни екипи. Тагови: авион турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ЖивотМилиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 годинаМилиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка. Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот. Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители. Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот Фото: ВИТагови: затемнување на Сонцето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКараванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во ВелесПо Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.Таму е Сања Трајковска Ставров. Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00