Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“
1Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“
3ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаОпштина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невремеОпштина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка со Владата и со Градот Скопје. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата. Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи: Важешка лична карта или патна исправа (фотокопија); Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист); Фотографии од локацијата по претрпената штета; Записник од МВР за настанатата штета; Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСинкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“Премиерот на Литванија за Би-Би-Си изјави дека дека неговата земја направила планови за евакуација поради заканите од Русија, но додаде дека „нема да се предадат“ доколку бидат нападнати.Премиерот Миндаугас Синкевичиус изјави дека литванците се чувствуваат „постојано загрозени“ од Русија, делумно поради беспилотните летала што влегуваат во воздушниот простор на земјата. Рече дека доколку неговата земја биде нападната, „ќе возвратат. Постојат планови за „различни сценарија“ пример за „непречено“ извлекување на постарите граѓани од градовите и избегнување на сообраќајни метежи. Литванија која е членка на НАТО, дели копнена граница со руската енклава калининград. Ова се случува само една недела откако пилотите на борбените сили на НАТО соборија дрон што влезе во воздушниот простор на литванија. Москва не го коментираше инцидентот. Авионите на НАТО се искачија неколку пати за да соборат залутани украински дронови што годинава влегоа во балтичките земји, Естонија и Латвија.Тагови: Миндаугас Синкевичиус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казнаНа 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(45) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.Тагови: Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионотМерките коишто ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време ан енергетската криза даваат резултати.Македонија останува со најниски цени на горивата од земјите во регионот. За да и биде појасно на јавноста, ќе ги споредиме малопродажните цени на бензинот и дизелот кај нас и во нашето соседство. Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%. Следат, Хрватска каде малопродажната цена на бензинот е 107 денари, а споредено со кај нас цената е за 8% повика, па Црна Гора и Словенија со 106 денари или 7% повисока цена, а во Босна и Херцеговина со цената од 104 денари е за 5% поскап. Следно ќе ги споредиме цените на дизелот кој во Македонија се продава по 104,5 денари, додека во Албанија малопродажната цена е за дури 40,5% повисока и изнесува 147 денари, па следи Грција со 126 денари или за 20%, потоа е Србија со малопродажна цена на дизелот за 18,5% повисока или 124 денари по литар. Во Словенија дизелот се продава по 122 денари по литар, што е за 17% повисока цена од кај нас, во Хрватска 119 денари, односно за 14% повисока цена, па следи Црна Гора со 117 денари, односно 12% поскапо и Босна и Херцеговина со цена по литар дизел од 116 денари што е за 11% поскапо од кај нас. Ова се реалните цели на горивата во Македонија и во регионот, македонските граѓани трошат помалку за да ги наполнат своите резервоари на возилата и со тоа им останува повеќе во нивните семејни буџети. Ова е доказ дека добро испланираните и променети мерки за намалување на цените, како што е намалување на ДДВ и акцизите, даваат резултати и ги држат под контрола малопродажните цени. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се води од интересот на државата и стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter