Ѓорческа едно место погоре на ВТА листата - Канал 5

Ѓорческа едно место погоре на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и покрај тоа што немаше настап на турнир оваа недела напредуваше едно место на ВТА листата и сега се наоѓа на 209-то место со 249 поени.

Ѓорческа едно место погоре на ВТА листата
Во конкуренција на двојки таа е на 146 место без промена на пласманот.

Втората македонска тенисерка која има ранг на ВТА листата, Магдалена Стоилковска во сингл има исто така скок напредок за едно место. Сега таа е на 1.154-та позиција со пет поени, додека во двојки е на 1.063-то место со 12 поени што претставува пад за три позиции во однос на минатонеделното рангирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром: Започна реконструкцијата на краци од улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во стартот на градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче.

Општина Аеродром: Започна реконструкцијата на краци од улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче

Во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој.

Реконструкцијата е дел од проектите што ги реализира Општина Аеродром во рамките на вториот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти. Преку обезбедените средства, Општината продолжува со реализација на значајни капитални инвестиции насочени кон модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Во текот на летниот период, Општина Аеродром ќе реализира голем број инфраструктурни проекти на повеќе локации. Во фокусот се реконструкција и санација на улици, уредување на јавниот простор, подобрување на комуналната инфраструктура и реализација на нови капитални инвестиции, со цел создавање помодерна, пофункционална и поуредена општина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонската Армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ

Јас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија.

Мицкоски: Македонската Армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ

Во касарната „Илинден” во Скопје во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше презентиран дел од новата опрема што Армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од над 40 милиони евра.

Еве што порача при посетата на Армијата во касарната Илинден во Скопје премиерот Христијан Мицкоски.

„Добар ден и од мене,

Јас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија.

Ми останува само да се заблагодарам на амбасадорот за неговата лична посетеност, на Европската Унија што, еве, донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата.

Исто така би сакал да се заблагодарам на мојот колега од Владата, министерот за одбрана, на заменикот, на луѓето од Министерството, за посветената работа.

Се разбира, сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност, за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна, да биде подготвена. Сведочевте на прекрасна вежба. На сите оние старешини коишто се дел од Генералштабот, дел од единиците, и се разбира, најголема благодарност до луѓето, до војниците, коишто сето ова кое што денеска го видовте, го извршија беспрекорно.

Ние остануваме, како Влада, посветени да ги исполнуваме сите барања од страна на НАТО Алијансата.

Пред неколку дена, во посета кај нас беше главниот командант на вооружените сили на НАТО за Европа, господинот Гринкевич, којшто јасно кажа дека сите инфраструктурни проекти коишто во моментот ги движиме, вклучително и средствата коишто ги одвојуваме, претставуваат пример за многу земји членки на НАТО и тие, во нашиот случај, достигнуваат и до четири проценти, што навистина за нас претставува една цел која што ќе се обидеме, во годините коишто следат, да ја одржиме.

Четири проценти од бруто-домашниот производ, имајќи предвид дека номиналниот бруто- домашен производ во последно време расте со стапка од осум проценти и повеќе, ќе претставува предизвик, но секако ние, како Влада, имаме приоритет да инвестираме во нашата македонска Армија и да ја направиме Армијата поконкурентна, иако таа, можам да кажам, е навистина исклучително конкурентна.

Така што, еве, уште еднаш би сакал да се заблагодарам на сите учесници и, како што кажав, на сите оние коишто допринесуваат денеска македонската Армија да изгледа конкурентна вака како што е.

Ви благодарам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамилтон не престанува да зборува за Ким: Не и е грижа за лошите коментари

Легендата на Формула 1, Луис Хамилтон повторно јавно проговори за својот однос со ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан.

Хамилтон не престанува да зборува за Ким: Не и е грижа за лошите коментари

Ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон, ја спомена својата девојка Ким Кардашијан додека им се обраќаше на фановите во Силверстоун пред Големата награда на Велика Британија во четврток, 2 јули.

Ова не е прв пат Хамилтон некако да ја искаже својата љубов кон Ким пред сите, истото го направи и во Монако.

Откако публиката аплаудираше, еден од возачите се пошегува и праша: „Дали е поради брзиот автомобил или поради новата девојка?“ Хамилтон се насмеа на тоа и одговори: „Да, добро прашање“. Потоа Хамилтон му се заблагодари на својот тим од Формула 1, а потоа ја спомена и својата девојка, со која медиумите го поврзуваат од февруари.

„Кога ќе поминете една година со овој тим, сфаќате дека Ферари сè уште е најлегендарниот тим на сите времиња, иако минуваше низ тежок период. Тоа е неверојатен тим и сите одлично ме прифатија. Првата година, се разбира, беше многу тешка, но сега конечно гледаме дека целиот вложен труд нè враќа таму каде што сакаме да бидеме.“

На крајот, со насмевка додаде: „И секако, секако, тука е Ким“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер