Ѓоковиќ застана во одбрана на тенисерката, која го критикуваше поради вакцинацијата - Канал 5

Ѓоковиќ застана во одбрана на тенисерката, која го критикуваше поради вакцинацијата

Двојната победничка на грен слем, победничка на Ролан Гарос (2018) и Вимблдон (2019), денес деветта, а некогаш лидерката на ВТА листата, Симона Халеп, е привремено суспендирана откако при допинг контрола биле пронајдени забранети супстанции.

Ѓоковиќ застана во одбрана на тенисерката, која го критикуваше поради вакцинацијата

Во нејзините наоди се пронајдени траги од роксадустат, лек наменет за третман на анемија, кој го зголемува производството на еритроцити. Тоа откритие било донесено во август, пред УС Опен. „Никогаш не сум била толку шокирана во мојот живот. Денес започнува најтешкиот натпревар во мојот живот: борбата за вистината. Никогаш во кариерата не сум помислила да изневерам, тоа е спротивно на вредностите на кои сум израсната. Соочена со оваа нефер ситуација се чувствувам збунето и изневерено“, напиша Халеп на Твитер.

Во нејзина одбрана излезе Новак Ѓоковиќ, основачот и претседател на Здружението на професионални тенисери (PTPA). Да потсетиме, се работи за организација независна од АТП, на која Ѓоковиќ успеа да привлече голем број колеги незадоволни од начинот на кој АТП се бори за нивните права.

Во соопштението на ПТПА во врска со ситуацијата со Романката се вели: „ПТПА е посветена да ја заштити Симона Халеп, како и сите други тенисерки, да има правично судење во текот на целиот процес. Ќе се бориме за нејзините права и ќе бараме да инсистираме на транспарентност за сите други тенисери.“

Интересно е тоа што Халеп беше една од тенисерките кои не навиваа за Ѓоковиќ кога доби забрана за настап и одбрана на титулата на Австралија опен поради одбивање вакцина на почетокот на годината. Романката тогаш изјави:

„Мислам дека на тенисот не му требаше таква ситуација. Не бев свесна за тоа, не се вмешав во таа ситуација, играв на турнирот, но тоа воопшто не ми се допадна. Мислам дека кога има правила и кога луѓето кои се експерти велат дека мора да биде така, тогаш мора да се почитуваат правилата и да слушаме што велат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар

Да почекаме да Регулаторна комисија излезе со нивните математики, вели Мицкоски.

Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за подрастично намалување на цените на горивата и дали се очекува стабилизација во Македонија и на глобално ниво со оглед на тоа што околу 55 трговски бродови поминаа низ Ормутскиот теснец, изјави:

„Па таа бројка од 55 танкери и не е нешто драматична, имајќи предвид дека на времето таа бројка била и троцифрени на ден. Имајте предвид дека овие танкери додека стигнат до конечните дестинации, ќе поминат можеби и еден месец, можеби и повеќе. Отприлика 25 до 35 дена, додека да стигнат таму каде што треба.

Така што очекувам во периодот, цената на барелот да се движи отприлика тука некаде, плус-минус некој долар, околу 80 долари за барел. Јас стојам на ставот дека нашите математики се тие, сега треба да ги видиме кои се математиките на Регулаторната комисија. Но очекувам поевтинување на бензините отприлика 2,5-3 денара и очекувам околу 7 денара намалување на дизелот по литар. Отприлика ова се тоа кое што ние го очекуваме, но да почекаме да Регулаторна комисија излезе со нивните математики.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации

Управата за јавни приходи го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта.

УЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации

Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна и царинска администрација на Унгарија, Чила Тамаш Цзинеге, на директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова.

Во своето обраќање по преземањето на претседателството, директорката Петрова истакна дека даночните администрации денес се соочуваат со брзи технолошки промени, нови економски модели и растечки очекувања од граѓаните и бизнисите. Таа нагласи дека улогата на IOTA е да им помогне на даночните администрации успешно да ги претворат овие предизвици во можности преку практична соработка, размена на искуства и заедничко градење на капацитети.

„IOTA не треба да биде само место каде даночните администрации разговараат за промените, туку место каде заедно ги претвораат предизвиците во конкретни решенија."- истакна Петрова.

Веднаш по церемонијата на преземање на претседателството, директорката Петрова го предводеше конститутивниот состанок на новиот состав на Извршниот совет на IOTA, во кој влегуваат Азербејџан, Белгија, Ерменија, Естонија, Романија, Финска, Хрватска и Швајцарија.

Во рамките на Генералното собрание на IOTA, директорката Петрова учествуваше во панел дискусија со директорите на даночните администрации на Азербејџан, Естонија, Украина, Унгарија и Хрватска, посветена на стратешките приоритети на даночните администрации и идната улога на IOTA. На дискусијата беше нагласена потребата од забрзување на дигиталната трансформација, како и способноста на даночниците да управуваат со оваа трансформација и да ја зачуваат довербата на јавноста во услови на брзи технолошки и економски промени.

IOTA е организација во која членуваат 43 европски земји и две придружни членки, а е поврзана со повеќе меѓународни и глобални организации кои работат на даночни прашања. Преземањето на претседателството на IOTA претставува значајно меѓународно признание за Управата за јавни приходи, препознавајќи ја како активен и кредибилен партнер во европската даночна заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукање во училиште на Филипините, убиени се три лица (Вознемирувачко видео)

Три лица се убиени, а пет се повредени во пукање во училиште на Филипините, соопшти денес филипинската полиција.

Пукање во училиште на Филипините, убиени се три лица (Вознемирувачко видео)

Повредените се однесени во блиските медицински установи на лекување, објави Ројтерс.

Инцидентот се случил во Националното средно училиште „Сан Хозе“ во градот Таклобан, покраина Лејте.

Регионалната полициска управа распореди дополнителен персонал во училиштето за да ја обезбеди безбедноста на учениците, персоналот, родителите и околната заедница.

Како што е наведено, еден осомничен за нападот е уапсен, додека другиот е сè уште на слобода.

Полицијата ги истражува околностите што доведоа до инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер