Швајцарецот е рангиран на деветтото место на листата на најплатени спортисти на сите времиња со импресивни 1,59 милијарди долари заработени за време на неговата кариера, прилагодени на инфлацијата. Федерер има освоено повеќе од 100 милиони долари во наградни фондови, заедно со бројни профитабилни спонзорски договори со компании како што се „Најк“, „Жилет“ и „Ролекс“.
Втор на листата меѓу тенисерите е Рафаел Надал, кој ја зазема 26-та позиција со заработка од 735 милиони долари. Да потсетиме, Надал се пензионираше минатата година по финалето на Дејвис купот.
Тенисерот Новак Ѓоковиќ е на 33-то место со вкупна заработка од 690 милиони долари. Српскиот тенисер е сè уште активен на АТП турнејата и има шанса да се искачи на ранг-листата пред да се пензионира.
Единствената тенисерка на листата е американската легенда Серена Вилијамс, која со 23 гренд слем титули е на 40-то место со вкупно 660 милиони долари заработени во текот на кариерата.
На врвот на листата на најплатени спортисти е поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан, со неверојатни 4,15 милијарди долари, додека во Топ 5 се наоѓаат и голф легендата Тајгер Вудс, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, НБА великанот Леброн Џејмс и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.