Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
МакедонијаФуере: Тактиката на бугарската влада за Македонија е неразумна и контрапродуктивнаБугарија го користи своето членство во Европската унија за да наметне сопствено толкување на историјата, како и да инсистира на тоа дека нејзината верзија мора да биде прифатена од други земји пред да започнат пристапните преговори. Тактиката што во моментов ја користи Владата на Бугарија кон Македонија е прилично неразумна и контрапродуктивна и може да има сериозни последици, не само за односите меѓу двете земји, туку и за целиот регион, и за политиката на проширување на Европската унија, смета поранешниот амбасадор на ЕУ во Скопје Ерван Фуере. Пристапот на бугарската влада праќа лоша порака до земјите од Западен Балкан дека и тие можат да се соочат со целосна блокада на патот кон ЕУ, вели Фуере во интервју за Бугарското национално радио. – Бугарија го користи своето членство во Европската унија за да наметне сопствено толкување на историјата, како и да инсистира на тоа дека нејзината верзија мора да биде прифатена од други земји пред да започнат пристапните преговори. И тоа е контрапродуктивно бидејќи ја поткопува политиката на проширување на ЕУ и оди целосно спротивно на принципите врз кои се базира европската интеграција и со кои Бугарија се согласи кога стана членка на ЕУ во 2007 година, истакнува Фуере. Вели дека прашањата што ги поставува Софија – територијален интегритет, национален идентитет, постоење или не на национално малцинство, толкување на историјата – се реални проблеми што постојат не само меѓу Бугарија и Македонија, но ако се говори во поширок спектар на Европа, тоа е една од причините за создавање на процесот на европска интеграција – да се решат овие прашања, да се промовира помирувањето не со присила, туку со соработка. Како пример го посочува фактот дека и Ирска и Велика Британија имале прилично бурна повеќевековна историја, но кога двете земји станаа членки на Европската заедница, како што се нарекуваше во 1973 година, стана можно да се постават и решат некои од критичните прашања, како што се националниот идентитет, историјата и правата на малцинствата. Според Фуере, Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Скопје и Софија е многу добар пример за две соседни земји да работат заедно и да најдат заедничка основа за меѓусебна доверба, но за тоа е потребно време. – Договорот со Северна Ирска од 1998 година сè уште се спроведува – 20 години подоцна. Затоа, мислам дека е неразумно Бугарија да верува дека сè во овој договор треба да се направи првиот ден по потпишувањето. Потребно е време, треба да се дискутира, образованите и мултидисциплинарните комисии треба да се состануваат, а блокирањето на процесот на проширување ќе спречи тоа, вели Фуере. Доколку, пак, Бугарија не стави вето и дозволи за започнат официјално пристапните разговори со Македонија, кои ќе траат неколку години, тоа, според него, ќе даде многу позитивен сигнал дека Софија гледа на овој процес како на процес на соработка. – Тоа, исто така, ќе создаде позитивна атмосфера за продолжување на билатералните разговори меѓу двете земји за отворените прашања. Важно е за целиот балкански регион, ЕУ и целата меѓународна заедница да ги разгледуваат овие прашања многу посеопфатно, бидејќи тие ќе продолжат се појавуваат, иако во поинаков контекст – на пример, кога ќе започнуваат преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија. Сите овие проблеми се многу сложени и товарот на историјата врз нив е сè уште многу, многу тежок. Затоа во фокусот на вниманието на ЕУ и меѓународната заедница, треба да биде како да се помогне во решавањето на овие билатерални проблеми преку соработка и интеграција на општествата, рече Фуере Смета дека работите не треба да се враќаат назад и да се отвораат повторно спорни историски дебати, туку да се земе предвид дека ЕУ е заедница која промовира помирување засновано врз владеењето на правото. Фуере вели дека во контекст на владеењето на правото на кое се базира ЕУ, не може да се игнорира и прашањето за националите малцинства за што има одлуки на Судот за човекови права. – Судот за човекови права на Советот на Европа е формиран токму и за да гарантира дека и Македонија и Бугарија го почитуваат тоа. И не можеме да го игнорираме фактот дека има пресуди на Судот во Стразбур, точно за постоењето на национални малцинства во Бугарија. И ЕУ, чија членка е и Бугарија, се заснова на владеењето на правото. Прашањето за национални малцинства не постои само на Балканот, туку во цела ЕУ – Каталонија, Велс, Шкотска. Но, постојат процеси што се занимаваат со нивно решавање – не со сила, туку преку соработка, изјави поранешниот евроамбасадор во Скопје Ерван Фуере./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
НБАИсториски меч за Виктор Вембањама во НБАЅвездата на Сан Антонио, Французинот Виктор Вембањама испиша историја во НБА во текот на ноќта меѓу саботата и неделата.Францускиот кошаркар Виктор Вембањама одигра фантастичен натпревар против Њу Орлеанс во ноќта меѓу саботата и неделата, при што забележа 50 поени, 18 скока, 4 украдени топки и 5 блокади! Тој стана првиот играч во историјата на НБА со ваква статистика, а ова „чудо“ од Франција е главна вест на речиси сите светски портали. Вембањама им се придружи на Вилт Чемберлен, Ентони Дејвис и Боб Мекаду како четвртиот играч во историјата кој имал повеќе од еден натпревар со најмалку 50 поени, 15 скока и 5 блокади. Како што веќе известивме, ова е првпат по 53 години некој да оствари 4 украдени топки и 5 блокади на еден НБА натпревар, покрај 50 поени и 15 скока. VICTOR WEMBANYAMA BECOMES THE FIRST PLAYER SINCE 1973-74 TO RECORD 50+ PTS, 15+ REB, 4+ STL AND 5+ BLK IN A GAME! 🤯 50 PTS 🤯 18 REB 🤯 5 BLK 🤯 4 STL 🤯 5 3PM 🤯 32 MIN SPURS WIN THEIR 14TH IN 15 GAMES. https://t.co/lPKk3jYNjL — NBA (@NBA) November 22, 2026 Ова е вторпат во ноември Вембањама да постигне 50 поени на еден натпревар, бидејќи на 4 ноември против Далас тој веќе имаше 52 поени и 24 скока! Тогаш тој стана првиот играч по Боб Мекаду кој остварил 50 поени и 20 скока на еден НБА натпревар. Како играч на Бафало Брејвс (претходникот на ЛА Клиперс), Мекаду имаше 52 поени, 22 скока и 7 блокади!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКим Јонг Ун поставил услови за средба со Трамп?!Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за време на неговата неодамнешна турнеја низ Азија, сè до последниот момент инсистирала на организирање средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Сепак, тоа не се случи, изјави денес официјален претставник запознаен со преговорите. Според официјални лица, двете земји ја разгледувале можноста за лична средба меѓу Трамп и Ким Џонг Ун, но Северна Кореја поставила услови што биле неприфатливи за САД, пренесува „Волстрит џурнал“. Официјалниот претставник не наведе какви услови побарала Северна Кореја. Од друга страна, претставник на администрацијата на Трамп ги демантираше извештаите дека имало обиди за организирање средба со севернокорејскиот лидер. Белата куќа, исто така, соопшти дека нема промена во нејзиниот постоечки став во однос на денуклеаризацијата на Северна Кореја. Кон средината на ноември, Трамп учествуваше на самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Манила, како и на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Шенжен, Кина, каде што одржа историска трилатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин. Обидите на администрацијата на Трамп да организира самит меѓу Северна Кореја и САД продолжуваат уште од минатата година, при што Трамп се обидел да стапи во контакт со Ким Џонг Ун преку постоечките телефонски мрежи и комуникациски канали, но никој не одговорил. Потоа, Трамп му напишал писмо на севернокорејскиот лидер, но тоа не му било соодветно врачено. Според официјални лица, претставници на Белата куќа испратиле курир пред мисијата на Северна Кореја при Обединетите нации во Менхетен, Њујорк, за да му го предаде писмото директно на некој севернокорејски дипломат; сепак, дипломатот подоцна го оставил неотвореното писмо пред американскиот претставник во салата за состаноци на ОН.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотУдар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становитеГрадскиот совет на Њујорк предложи закон според кој поседувањето или користењето батерии за електрични велосипеди и скутери што не ги исполнуваат безбедносните стандарди би се третирало како тешко кривично дело,.Градскиот совет на Њујорк предложи закон според кој поседувањето или користењето батерии за електрични велосипеди и скутери што не ги исполнуваат безбедносните стандарди би се третирало како тешко кривично дело, а исто така би се забранило и чувањето на такви батерии во станови. Градските власти предложија нови мерки поради порастот на бројот на пожари предизвикани од литиум-јонски батерии во станбените делови на Њујорк. Според „Њујорк тајмс“, од почетокот на годината досега, бројот на вакви пожари е за околу 70 отсто поголем во споредба со истиот период минатата година. Претставници од администрацијата на градоначалникот Зоран Мамдани, како и од Противпожарната служба на Њујорк, упатија критики кон предлозите за построги законски ограничувања. Тие наведуваат дека ваквите мерки би ги казниле луѓето што секојдневно користат електрични велосипеди и скутери за патување, како и доставувачите со ниски примања. Извештај на Комисијата за безбедност на потрошувачки производи на САД, објавен во април, утврди дека во периодот од 2017 до 2024 година, во Соединетите Држави се случиле 45 смртни случаи поврзани со пожари предизвикани од литиум-јонски батерии. Од нив, 19 се поврзани со електрични велосипеди, 15 со електрични тротинети, а 11 со самобалансирачки скутери, познати и како „ховерборди“. Проблемот е особено изразен во Њујорк, каде што бројот на пожари предизвикани од литиум-јонски батерии оваа година достигна рекордно ниво. Според податоците на противпожарната служба, на кои се повикува Градскиот совет, до почетокот на ноември биле регистрирани 406 вакви пожари, во споредба со 241 пожар во истиот период минатата година.Тагови: Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter