Француски милијардер дава 200 милиони евра за обнова на Нотр Дам

Богатите Французи започнаа да се „натпреваруваат“ кои ќе даде поголема донација за обнова на катердралата Нотр Дам во Париз, која е скоро уништена во големиот пожар кој дури утринава е целосно изгаснат.  

Семејството на францускиот милијардер Бернар Арно и неговата компанија за производство на луксузна роба ЛВМХ ќе донира 200 милиони евра за обнова на изгорената катедрала, е наведено во соопштението од семејството Арно.

„Семејството Арно и групата ЛВМХ сакаат да ја покажат својата солидарност во ова време на национална трагедија и да се придружат во давањето помош за обнова на оваа извонредната катедрала, која е симбол на Франција, нејзиното наследство и француското единство, е наведено во соопштението.

Претходно францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, познат и како сопруг на актерката Селма Хаек соопшти дека неговото семејство ќе донира 100 милиони евра за обнова на катедралата Нотр Дам.

-Мојот татко и јас одлучивме да изводиме 100 милиони евра и учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам, соопшти Пино.

Сопругот на холивудската актерка Салма Хаек, Пино е првиот човек на компанијата Керинг, која е сопственик на брендовите како Гучи и Сен Лорен.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер