3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
Шоу бизФото: Поранешниот сопруг на Џесика Алба штотуку се разведе, а веќе е во врска со 20 години помлада манекенкаЕкс сопруг на една од најубавите актерки во Холифуд, Џесика Алба штотуку се разведе, а веќе си најде 20 години помлада манекенка,-„Таа е малку постара од вашата ќерка“.Продуцентот Кеш Ворен е забележан со девојка која е 20 години помлада од него, само шест месеци откако неговата поранешна сопруга, убавата актерка Џесика Алба поднесе барање за развод. Новата романса предизвика лавина од коментари, а поголемиот дел од критиките се фокусираа на големата разлика во годините меѓу партнерите. Поранешниот сопруг на познатата актерка 46 годишниот Кеш Ворен е виден на вечера со 20 години помладата манекенката Хана Сан Дор во Лос Анџелес. „Неговата најстара ќерка има 17 години“, „Мини верзија на Џесика Алба, типична“, „Очигледно е дека сака таков тип на жена“, „Срам да ти е. Таа е малку постара од твоите деца“, „Обично не пишувам вакви коментари, но мислев дека е негова ќерка“, коментираа на Инстаграм. Врската сè уште не е потврдена, додека Џесика Алба (44) официјално е со актерот Дени Рамирез (32), со кого беше на одмор во Канкун, и беа фатени како се бакнуваат.Тагови: Џесика Алба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТехеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на ИранИран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.Тагови: Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористиПутин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски. Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛекарската комора почна процедура за избор на ново раководствоВо тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври. Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter