Јужна Кореја подигна борбени авиони по влегување на руски воени авиони во нејзината воздушна одбранбена зона
2Јужна Кореја подигна борбени авиони по влегување на руски воени авиони во нејзината воздушна одбранбена зона
3СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциите
СветЈужна Кореја подигна борбени авиони по влегување на руски воени авиони во нејзината воздушна одбранбена зонаЈужнокорејската војска следела „повеќе“ руски авиони додека се приближувале и биле „на работ“ да влезат во воздушниот простор над остров покрај источниот брег, изјави портпарол на здружениот штаб на вооружените сили.Воздухопловните сили на Јужна Кореја во вторникот подигнаа борбени авиони, а владата издаде „превентивно“ предупредување да се засолни жителите на еден остров откако руски воени авиони накратко влегоа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на земјата. Јужнокорејската војска следела „повеќе“ руски авиони додека се приближувале и биле „на работ“ да влезат во воздушниот простор над остров покрај источниот брег, изјави портпарол на здружениот штаб на вооружените сили. „Нарушувањето на воздушниот простор беше очекувано, затоа, со цел да ја заштитиме безбедноста на нашите луѓе, издадовме превентивно предупредување“, изјави портпаролот. На крајот, немаше навлегување во воздушниот простор на јужна кореја од страна на руските авиони, соопшти војската. Министерството за одбрана ќе го повика рускиот воен аташе подоцна во вторник за да „изнесе строг протест“, изјави портпаролот на министерството .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
БалканДвајца мажи повторно осудени за убиство на полицајци во БиХ при обид за кражба на автомобилВо повторената постапка, Кантоналниот суд во Сараево изрече долгогодишни затворски казни за двајца мажи кои во 2018 година ги убија сараевските полицајци Адис Шеховиќ и Давор Вујиновиќ, откако полицајците ги фатиле во обид да украдат автомобил.Според новата пресуда, Сава Маринковиќ е осуден на 45 години затвор – што е максималната казна за убиство во Босна и Херцеговина – додека Александар Мацан е осуден на 15 години. Двајцата биле членови на организирана криминална група која крадела автомобили во Сараево, а потоа ги пренесувала на територијата на Република Српска и понатаму во Србија, каде што биле препродавани. Убиството на двајцата полицајци За време на еден таков обид за кражба, на 26 октомври 2018 година, во сараевската населба Алипашино Поље, полициска патрола наишла на овие лица додека се обидувале да провалат во автомобил „Фолксваген Голф 6“ со хрватски регистарски таблички. Без никакво предупредување, крадците отвориле оган врз полицајците – кои се наоѓале во своето службено возило – користејќи автоматско оружје и испукувајќи најмалку 20 куршуми. Адис Шеховиќ починал на самото место, додека Давор Вујиновиќ им подлегнал на повредите во болница неколку часа подоцна. По убиствата, Маринковиќ побегнал од Босна и Херцеговина. Подоцна бил лоциран во Германија, од каде што во 2022 година бил екстрадиран во БиХ. Мацан, пак, сам се пријавил во полиција во 2021 година. Во повтореното судење, беа изречени истите казни По долготрајна истрага и судење, Кантоналниот суд во Сараево и во 2024 година ги осуди Маринковиќ и Мацан на 45, односно 15 години затвор, откако ги прогласи за виновни за убиство на полицајци. Нивните адвокати поднесоа жалби на пресудата. Врховниот суд на Федерацијата Босна и Херцеговина делумно ги уважи жалбите, ја укина првобитната пресуда и наложи повторно судење, кое сега заврши со истата осудителна пресуда. Одбраната има право да поднесе жалба и на оваа пресуда. Третиот член на криминалната група, Марко Трифковиќ, исто така беше обвинет за учество во убиството. Тој ја призна вината и претходно беше осуден на 15 години затвор во посебна постапка. Извор: Индекс.хрТагови: БиХ убиства Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаСДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциитеВо Македонија жените повеќе не страдаат само од раката на насилниците – страдаат и од институционалниот молк и неказнивост. Сведоци сме на бројни насилства врз жени и убиства, зад кои стојат претходни пријави, барања за помош и институционални пропусти. 17-годишнта девојка Билјана од Богданци - убиена и покрај активната забрана за приближување. Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје - не ја дочекаа помошта, не добија заштита и покрај бројните пријави. Насилникот кој ја претепа до бессознание Сара во Охрид првично беше пуштен да се брани од слобода. Ова не се изолирани инциденти - ова е доказ дека системот не ги штити жртвите. И случаите за кои наводно МВР постапува, не водат до одговорност на високите раководни позиции. Вината е префрлена само врз обичните полициски службеници. Во последните две години се регистрирани 13 фемициди – 6 во 2025 и 7 во 2026 година. Во 2025 година во МВР биле евидентирани рекордни 4.745 пријави од жени и поднесени над 1.000 кривични пријави, додека центрите за социјална работа регистрирале 1.754 нови жртви на семејно насилство. Во првите десет месеци од 2026 година, бројот на пријави е зголемен за над 70%, а поднесени се 1.450 кривични пријави – зголемување од 50% во однос на истиот период минатата година, додека Министерството за социјална политика сè уште до денес ги нема јавно објавено полугодишните податоци за 2026 година. До надлежното јавно обвинителство се поднесени речиси 2.500 кривични пријави за овие две години. Но, клучното прашање на кое јавноста сè уште нема одговор, е за колку од нив е поднесен обвинителен акт и има судска завршница. Огромната бројка на пријави не значи ништо ако правдата заглави во фиоките, а насилниците останат неказнети. Наша должност како пратеници, и морална обврска е да застанеме во одбрана на жртвите на насилство, нивните семејства и безбедноста на секој поединец во државата. Затоа, како пратеничка група на СДСМ и коалицијата согласно одредбите од Деловникот, денес поднесуваме Иницијатива за одржување на итна седница на Собранието со присуство на министрите за внатрешни работи, социјална политика и правда и државниот јавен обвинител. Бараме итна седница на Собранието, на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита. На граѓаните им е потребен функционален систем што штити животи, систем кој ќе им понуди безбедност, и тоа како пратеници мора да им го овозможиме. Затоа ги повикуваме сите пратеници во Собранието, да застанат зад оваа наша иницијатива, да ја потпишат и да се свика итна седница. Има неколку работи кои како Собрание можеме да ги направиме. Прво е да во најможен краток рок да се донесат заклучоците од Надзорната расправа, Надзорна расправа која се одржа во јуни-јули и до денес немаме заклучоци од истата. Да ги разгледаме барањата на граѓанските организации кои што работат на оваа проблематика за измена на осумте закони, да се стават на седница измените на Законот за заштита и спречување од насилство, кој што од август месец е во Собранието, и секако преку дискусиите на самата седница да утврдиме одговорност, односно пропусти во постапувањето на институциите, да бараме одговорност и да донесеме одредени конкретни мерки за превенција на граѓаните и секако заштита на жртвите од насилство и семејно насилство. Прес - конференција на СДСМ - Јована Тренчевска,пратеничка Скопје, 24.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter