СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциите - Канал 5

СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциите

Во Македонија жените повеќе не страдаат само од раката на насилниците – страдаат и од институционалниот молк и неказнивост. 

СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциите

Сведоци сме на бројни насилства врз жени и убиства, зад кои стојат претходни пријави, барања за помош и институционални пропусти.

17-годишнта девојка Билјана од Богданци - убиена и покрај активната забрана за приближување. Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје - не ја дочекаа помошта, не добија заштита и покрај бројните пријави.

Насилникот кој ја претепа до бессознание Сара во Охрид првично беше пуштен да се брани од слобода.

Ова не се изолирани инциденти - ова е доказ дека системот не ги штити жртвите.

И случаите за кои наводно МВР постапува, не водат до одговорност на високите раководни позиции.

Вината е префрлена само врз обичните полициски службеници.

Во последните две години се регистрирани 13 фемициди – 6 во 2025 и 7 во 2026 година.

Во 2025 година во МВР биле евидентирани рекордни 4.745 пријави од жени и поднесени над 1.000 кривични пријави, додека центрите за социјална работа регистрирале 1.754 нови жртви на семејно насилство.

Во првите десет месеци од 2026 година, бројот на пријави е зголемен за над 70%, а поднесени се 1.450 кривични пријави – зголемување од 50% во однос на истиот период минатата година, додека Министерството за социјална политика сè уште до денес ги нема јавно објавено полугодишните податоци за 2026 година.

До надлежното јавно обвинителство се поднесени речиси 2.500 кривични пријави за овие две години. Но, клучното прашање на кое јавноста сè уште нема одговор, е за колку од нив е поднесен обвинителен акт и има судска завршница.

Огромната бројка на пријави не значи ништо ако правдата заглави во фиоките, а насилниците останат неказнети.

Наша должност како пратеници, и морална обврска е да застанеме во одбрана на жртвите на насилство, нивните семејства и безбедноста на секој поединец во државата.

Затоа, како пратеничка група на СДСМ и коалицијата согласно одредбите од Деловникот, денес поднесуваме Иницијатива за одржување на итна седница на Собранието со присуство на министрите за внатрешни работи, социјална политика и правда и државниот јавен обвинител.

Бараме итна седница на Собранието, на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита.

На граѓаните им е потребен функционален систем што штити животи, систем кој ќе им понуди безбедност, и тоа како пратеници мора да им го овозможиме.

Затоа ги повикуваме сите пратеници во Собранието, да застанат зад оваа наша иницијатива, да ја потпишат и да се свика итна седница.

Има неколку работи кои како Собрание можеме да ги направиме. Прво е да во најможен краток рок да се донесат заклучоците од Надзорната расправа, Надзорна расправа која се одржа во јуни-јули и до денес немаме заклучоци од истата.

Да ги разгледаме барањата на граѓанските организации кои што работат на оваа проблематика за измена на осумте закони, да се стават на седница измените на Законот за заштита и спречување од насилство, кој што од август месец е во Собранието, и секако преку дискусиите на самата седница да утврдиме одговорност, односно пропусти во постапувањето на институциите, да бараме одговорност и да донесеме одредени конкретни мерки за превенција на граѓаните и секако заштита на жртвите од насилство и семејно насилство.

Прес - конференција на СДСМ - Јована Тренчевска,пратеничка

YouTube video

Скопје, 24.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јужна Кореја подигна борбени авиони по влегување на руски воени авиони во нејзината воздушна одбранбена зона

Јужнокорејската војска следела „повеќе“ руски авиони додека се приближувале и биле „на работ“ да влезат во воздушниот простор над остров покрај источниот брег, изјави портпарол на здружениот штаб на вооружените сили.

Јужна Кореја подигна борбени авиони по влегување на руски воени авиони во нејзината воздушна одбранбена зона

Воздухопловните сили на Јужна Кореја во вторникот подигнаа борбени авиони, а владата издаде „превентивно“ предупредување да се засолни жителите на еден остров откако руски воени авиони накратко влегоа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на земјата.

Јужнокорејската војска следела „повеќе“ руски авиони додека се приближувале и биле „на работ“ да влезат во воздушниот простор над остров покрај источниот брег, изјави портпарол на здружениот штаб на вооружените сили.

„Нарушувањето на воздушниот простор беше очекувано, затоа, со цел да ја заштитиме безбедноста на нашите луѓе, издадовме превентивно предупредување“, изјави портпаролот. На крајот, немаше навлегување во воздушниот простор на јужна кореја од страна на руските авиони, соопшти војската. Министерството за одбрана ќе го повика рускиот воен аташе подоцна во вторник за да „изнесе строг протест“, изјави портпаролот на министерството .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва го „дигна на нозе“ НАТО, авион AWACS пристигнува во Полска

НАТО ќе испрати авион AWACS во Полска како одговор на падот на три ракети на територијата на Алијансата, потврди полскиот заменик-министер за одбрана, Павел Залевски.

Москва го „дигна на нозе“ НАТО, авион AWACS пристигнува во Полска

Минатиот петок, како што потврди обвинителството, три руски ракети „Х-101“ паднаа на територијата на Полска. Инцидентот предизвика загриженост дека војната во Украина би можела да се прошири на територијата на НАТО, пишува Ројтерс.

По состанокот на НАТО во Брисел, Залевски им изјави на новинарите дека Полска ќе добие авион од типот AWACS. „Станува збор за врвен систем кој ни овозможува многу подобар оперативен увид во ситуацијата. На тој начин, можеме поефективно да одговориме на ваквите закани“, рече тој.

Флотата на НАТО располага со 14 авиони за рано предупредување и контрола, кои се препознатливи по радарските куполи со дијаметар од девет метри. Овие летала се во служба на Алијансата за воздушен надзор и контрола уште од 1982 година.

Тие се стационирани во воздухопловната база Гајленкирхен во Германија, а од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, интензивно се користат за надгледување на источното крило на НАТО. Во случај на конфликт, системите AWACS можат да обезбедат единствена радарска слика за сите сојузнички борбени авиони, бродови и командни центри, истовремено насочувајќи ги борбените авиони на НАТО кон целите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер