Фото: Не е Тесла но е Никола - Канал 5

Фото: Не е Тесла но е Никола

Натпреварот за тоа кој ќе направи најинтересен и најфункционален електричен камионет се продолжува.

Фото: Не е Тесла но е Никола

Крајот на минатата година го одбележа контроверзниот Тесла Сајбертрак а во 2020 би можел да блесне друг електричен камионет.

Компанијата Никола ги објави техничките спецификации и компјутерските рендери од електричниот камионет Бадгер.

Во споредба со Тесла Сајбертрак, Бадгер има поконвенционален но и помодерен дизајн во надворешноста каде што доминираат ЛЕД светла.

Возилата е со должина од 5.900мм, ширина од 2.160мм и висина од 1.850мм.

На рендерите е прикажана и верзија со два реда седишта покрај товарниот дел а за сега не е соопштено дали Никала ќе прави верзија само со еден ред седишта.

Интересно е дека во план се две варијанти. Иако и двете се електрични, едната користи водородни согорливи ќелии за производство на електрична енергија во самото возило, додека другата ќе се потпира исклучиво на батериите и нивното полнење на струен приклучок.

Класичната електрична верзија ќе биде опремена со литиум- јонска батерија со капацитет од 160 киловати и ќе има автономија до 483 километри. Моделот со водородните согорливи ќелии, од друга страна ќе може помине и до 966 километри со полн резервоар водород.

Ваква голема автономија ќе биде постигната благодарение на тоа што и варијантата со согорливи ќелии ќе има две батерии кои можат да се полнат преку кабел на полнач, па истовремено ќе може да се користи струјата од батериите како и онаа која се добива од согорливите ќелии.

Произведувачот истакнува дека електричниот камионет има максимална сила од 919 коњски сили, додека на возачот постојано на располагање ќе му бидат 462 коњски сили.

Компанијата Никола наведува дека Бадгер ќе може да повлече и до 3.629 килограми. Плановите за сериско производство и цените на овој камионет не се соопштени а предвидено е возилото да биде претставено во продукциска верзија во септември 2020.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот во НП „Пелистер“ е локализиран, екипи од Битола цела ноќ беа на терен

Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема.

Пожарот во НП „Пелистер“ е локализиран, екипи од Битола цела ноќ беа на терен

Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, информира директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски.

Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори.

Пожарот кој започна вчера во близина на атарот на село Подмочани набргу се рашири во пониските делови на НП „Пелистер“ од страната на Преспа.

Во неговото гаснење интервенираа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, организирани од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а имаше и воздушна интервенција со двата ертрактори.

Во текот на целата ноќ на терен интервенираа припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“, екипи на националниот парк, пожарникари од Битола и екипи со механизација од јавните претпријатија од Битола.

Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден.

Надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје

Од 1 септември повторно ќе биде воспоставена железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца. 

Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје

Возот ќе застанува на станиците Зелениково, Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајна станица ќе биде Железничката станица Скопје.

Од Скопје првиот воз ќе тргнува во 5:32 часот, а останатите во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Од Зелениково првото поаѓање ќе биде во 6:20 часот, а потоа во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот.

Патувањето ќе трае меѓу 24 и 28 минути, зависно од правецот и терминот на поаѓање, а новиот возен ред ќе важи до 31 декември 2026 година. Железничката врска треба да им го олесни секојдневното патување кон Скопје на жителите на Зелениково, Орешани, Драчево, Лисиче и околните населени места, особено доколку поаѓањата бидат добро поврзани со останатиот градски превоз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државата

Поминаа седум недели. Цел еден град, Гостивар беше отруен, над 5.000 граѓани завршија по болници.

СДСМ: Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државата

Уште во 50 населени места ширум државата беше објавено дека има небезбедна вода

Гостивар.

Крушево.

Валандово.

Свети Николе.

Демир Капија.

Булачани.

Пласница.

Лешок.

Преглово.

Маврово.

Рич.

Белотино.

Башино Село.

Елшани.

Велестово.

Сушица.

Зубово.

Дражево.

Борисово.

Колешино.

Ново Коњарево.

Порој.

Џепчиште.

Речица.

И во уште многу други места водата не беше безбедна за пиење.

Загадување се појави во четири реки меѓу кои Лепенец и Вардар.

Цела Македонија остана без безбедна вода за пиење.

А одговорен - сè уште нема. Ниту еден.

Нема ниту резултат за водата. Не е објавен документ ниту за водата во Гостивар ниту за други населени места.

Доста беше молк.

Објавете ги документите, граѓаните имаат право да знаат каква вода пијат.

Кој ќе одговара за системско труење на државата?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер