АвтомобилизамФото: Дебитираша новата Е класа за сите терениМерцедес остана доследен, па новата генерација на E класата ја доби и својата „All-Terrain“ верзија.Мерцедесот Е-класа за сите терени дебитира како караван со висок клиренс со погон на сите тркала. Станува збор за нешто поробусна варијанта на стандардниот караван наменет за оние кои повремено сакаат да се симнат од асфалтот, а не сакаат теренец. Светската премиера се одржа на актуелниот саем за автомобили „IAA Mobility“ во Минхен, а цената на овој автомобил ќе биде објавена подоцна, велат од германскиот производител. „All-Terrain“ има различна предна табла од стандардната Е класа и изменет браник. Над тркалата и долните делови на каросеријата има заштитни елементи, типични за овој тип возила. Автомобилот стандардно доаѓа со тркала од 18 инчи, но како опции се достапни големини од 19 и 20 инчи. На европските купувачи ќе им бидат понудени три опции за мотори, вклучувајќи 4-цилиндричен „лесен“ хибрид (E220), 6-цилиндричен бензинец (E450) и 4-цилиндричен „plug-in“ хибрид со дизел мотор (E300 de). Повеќе детали ќе бидат познати пред почетокот на продажбата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч11:22Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28
Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч11:22
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаСДА: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме - 31-година од геноцидот во СребреницаПред точно 31 година беше извршен геноцид во Сребреница, која во тоа време беше заштитена зона на ОН.Оваа година во Поточари ќе бидат погребани десет жртви. Жртвите кои годинава ќе бидат погребани биле на возраст од 20 до 56 години. Меѓу нив има и тројца млади луѓе кои во моментот на смртта биле во своите дваесетти години и кои дури сега ќе го најдат својот конечен мир. Геноцидот во Сребреница е дел од колективната меморија на демократскиот свет. Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата 78/282 на 23 мај 2024 година, прогласувајќи го 11 јули за „Меѓународен ден на размислување и сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година“. Претставничкиот дом и Сенатот во САД уште во 2005 година, а подоцна и во 2015 и 2020 година, усвојуваа резолуции со кои злосторството во Сребреница недвосмислено се дефинира како геноцид. Европскиот парламент преку неколку резолуции, а особено онаа од 2009 година, успеа да го воведе 11 јули како Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница на ниво на целата Европска Унија. Парламентите на Канада и Австралија, исто така, усвоија декларации кои го вклучија сребреничкиот геноцид во образовните програми и официјалните календари на сеќавање. Резолуции беа усвоени и во парламентите на Црна Гора, Северна Македонија, Хрватска, Косово и Албанија, со што се создаде еден вид „цивилизациски круг“ околу Босна и Херцеговина, во кој геноцидот се признава како заедничка болка и опомена. Припадниците на Војската на Република Српска и нивните помагачи, по падот на Сребреница на 11 јули 1995 година, убија повеќе од 8.000 бошњачки мажи во низа масовни погубувања. Во мезарјето на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари досега се погребани 6.772 жртви на геноцидот, додека 250 жртви се погребани во локалните гробишта по одлука на членовите на нивните семејства. По повеќе од илјада жртви на геноцидот во Сребреница сè уште се трага. Меѓународниот суд на правдата во Хаг во 2007 година донесе пресуда во која се констатира дека во јули 1995 година во Сребреница, која тогаш беше „заштитена зона“ на ОН, Војската на Република Српска (ВРС) извршила геноцид. Во рамките на одбележувањето на 31-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, по комеморацијата, во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари ќе се одржи верска програма. Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме! СДА Македонија,Тагови: Сребреница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрва детска градинка во Долно Лисиче - важен чекор за подобра иднинаОпштина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче.Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата. Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој предлог. Со посветена работа и чекор по чекор, продолжуваме да вложуваме во проекти што носат трајни придобивки за граѓаните. Грижата за најмладите и создавањето подобра иднина остануваат наш приоритет. Општина АеродромТагови: детска градинка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)Мал авион се урна на Бахамите, западно од главниот град Насау, при што загинаа сите 10 лица во авионот, соопштија денес локалните власти.Цесна 402, управувана од локалната авиокомпанија Фламинго Ер, полета од меѓународниот аеродром Линден Пиндлинг во главниот град Насау во петокот кон аеродромот Сан Андрос. Авионот наишол на тешкотии за време на летот и се урнал во грмушки кратко пред слетувањето, објави Би-Би-Си. Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, првично изјави дека едно лице преживеало, но подоцна беше потврдено дека починало од повредите. Идентитетите на жртвите, нивните имиња и возрасти, сè уште не се официјално објавени, објави Би-Би-Си. Одделот за истрага на воздушни несреќи на Бахамите ја истражува точната причина за трагичната несреќа. Бахамите, кои се наоѓаат во западниот Атлантски Океан северно од Карипското Море, вклучуваат повеќе од 700 острови и над 2.400 острови, а малите авиони се главно средство за транспорт меѓу островите. A small passenger plane crashed in the Bahamas All those on board — the pilot and 9 passengers — died. pic.twitter.com/jH6v53mO4W — NEXTA (@nexta_tv) July 11, 2026 Тагови: авион Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38