Британците го истражуваат инцидентот во воената база: Двајца обвинети, се сомнева на вмешаност на Иран - Канал 5

Британците го истражуваат инцидентот во воената база: Двајца обвинети, се сомнева на вмешаност на Иран

Двајца британски државјани се обвинети за помагање на иранското разузнавање, по истрагата за инцидент во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) Ферфорд во Глостершир, југозападна Англија.

Британците го истражуваат инцидентот во воената база: Двајца обвинети, се сомнева на вмешаност на Иран

Мохмед Абдулкарим (24) од Лондон денеска треба да се појави пред Магистратскиот суд во Вестминстер. Тој е обвинет за помагање на странска разузнавачка служба, што претставува кривично дело според британскиот Закон за национална безбедност од 2023 година.

Пред судот ќе се појави и Нуман Есгир (24), исто така од Лондон. Тој е обвинет за влез во забранета зона со намера да му нанесе штета на Обединетото Кралство. Есгир првично беше уапсен на 27 септември во близина на воена база, а повторно беше уапсен на 20 октомври.

Полицијата се сомнева дека зад сето ова стои Иран

Британската полиција за борба против тероризмот верува дека во случајот е вмешано иранското разузнавање. Лоренс Тејлор, шефот на британската полиција за борба против тероризмот, предупреди дека во последните месеци имало повеќе сомнителни инциденти кои полицијата ги поврзува со Иран.

„Во последните месеци забележавме низа инциденти за кои веруваме дека биле оркестрирани од иранската држава. Како што изјави шефот на МИ5 пред само неколку недели, ние работиме заедно за да интервенираме, да ја идентификуваме заканата и да одговориме на неа“, рече Тејлор.

„Јавноста може да ни помогне во ова и, како и секогаш, ги повикувам граѓаните да пријават сè што ги загрижува во овој поглед. Ваквите пријави можат да бидат, и навистина се, важни“, додаде тој.

Уште еден маж е ослободен без обвинение

Како дел од истата истрага, на 20 октомври беше уапсен и 25-годишен маж со британско и иранско државјанство, под сомнение дека ѝ помагал на иранската разузнавачка служба. Тој беше ослободен без да биде обвинет за тоа кривично дело, но сепак мора редовно да се јавува во полиција, бидејќи претходно бил уапсен на 1 октомври под сомнение за подготовка на терористички напади.

Уште петмина мажи, исто така уапсени за време на истрагата, се пуштени на слобода со обврска да се јавуваат во полиција. Френк Фергусон, раководител на Одделот за посебни кривични дела и борба против тероризмот при Службата на крунското обвинителство (CPS) на Обединетото Кралство, потврди дека се поднесени обвиненија против двајцата мажи.

„Службата на крунското обвинителство одлучи да покрене постапка против две лица за прекршоци според Законот за национална безбедност, по истрагата спроведена од полициските служби за борба против тероризмот во врска со значаен инцидент поврзан со базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Ферфорд“, изјави Фергусон. „Ќе продолжиме тесно да соработуваме со нашите партнери додека трае оваа сложена истрага“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Времето денеска според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Променливо облачно со температура до 21 степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер