Петрушевски: Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче
1Мицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи
2Петрушевски: Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче
ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
1ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
2Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
Шоу бизФото: Бред Пит отпатува на грчки остров со својата девојкаХоливудската ѕвезда, актерот Бред Пит пристигна во Грција со својата партнерка Инес де Рамон, каде што престојува за да работи на својот нов филм „Јавачите“.Веста за доаѓањето на еден од најпознатите светски актери предизвика големо внимание во грчките медиуми и на социјалните мрежи. По пристигнувањето во Грција, Бред Пит го привлече вниманието на јавноста и медиумите како и секогаш со својот стајлинг. Во текот на својата кариера, мегапопуларниот актер постојано покажуваше подготвеност да експериментира со модата, и иако неговиот приватен живот со години е во центарот на вниманието на јавноста, вклучувајќи го и бракот со Анџелина Џоли и претходниот брак со Џенифер Анистон, неговиот стил често добиваше позитивни коментари од модните критичари. Неговата партнерка, Инес де Рамон, која дизајнира накит, е позната и по својот префинет моден вкус. Двојката се појави во Грција во координирани, спортско-елегантни комбинации. Двојката моментално престојува на грчкиот остров Хидра, кој се наоѓа во Саронскиот Залив, во близина на Пелопонез. Тоа е мал и ексклузивен остров познат по својата зачувана архитектура, камени куќи, тесни улички и богата поморска историја. Хидра е единствена и по тоа што употребата на автомобили, моторни возила, па дури и велосипеди е забранета со закон, што го зачувува мирот и автентичноста на местото. Магариња и коњи се користат за транспорт на стока, додека жителите и туристите се движат пеш или со водни такси.Тагови: Бред Пит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаМицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи„Добар ден и од мене, Најпрво би сакал да го честитам денот на градот Валандово. Денеска некако се поклопија настаните и почнувањето на проектот Страиште, но и денот на градот Валандово и да посакам уште многу вака успешни проекти да се реализираат, не само во Валандово туку и низ цела Македонија што всушност претставува и главна цел на оваа Влада е да испорача она што им е потребно на граѓаните. Не секогаш успеваме во таа намера имајќи в предвид со каква ситуација се соочивме и што се наследивме, разурната држава, уништени институции, систем којшто не постоеше, но се трудиме приоритет по приоритет, еден по еден да ги решаваме проблемите и се надевам дека успеваме во најголема мера да ги решиме тие проблеми. Што се однесува до самиот проект, слушнавте и од самите говорници за каков сложен проект станува збор. Но, она коешто е поважно е дека со овој проект ќе се овозможи земјоделците коишто ќе ги обработуваат своите ниви да имаат повеќе достап до вода, односно ќе имаат можност да имаат достап до вода тогаш кога таа им е потребна. Ќе има можност за повеќе реколта, повеќе земјоделско производство и конечно на крај повеќе приходи за самите земјоделци и на тој начин се надеваме дека голем број од жителите во овој крај ќе се вратат повторно на нивите, ќе го заживееме земјоделството и ќе имаме поголемо производство на земјоделски производи што претставува една од основните цели на работењето на оваа влада. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на колегите од владата, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за посветената работа на луѓето од институциите во рамките на самото министерство коешто навистина со својата енергија, со својата напорна работа допринесува за овој проект денеска повторно се рестартира или отпочне со работа, на општината којашто дава своја поддршка се разбира секогаш кога е потребно за ваков тип на проекти, на пратениците од овој дел во македонското собрание коишто го поддржуваат реализирањето на ваквите проекти. И остануваме ние како влада да решиме што повеќе проблеми, нешто коешто веќе го кажав на почетокот од моето денешно излагање и конечно на крај да се заблагодарам на нашите партнери од банката KfW коишто ги пратат овие проекти. Се надевам дека уште многу вакви и слични проекти ќе решиме во иднина. Нека е аирлија.“изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со ФилипчеГо повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче за ситни политички поени.Челниците на СДС веќе ја преминаа границата. Единствено што прават изминативе две години е ширење на паника меѓу граѓаните, обид за создавање на недоверба кон институциите, како и хистерија и хаос во општеството. Да ја потсетиме јавноста дека поради внатрешни проблеми во партијата, Филипче ги лаже граѓаните и пробува да создава перцепција во јавноста дека работата не оди на добро. Така, пред година дена, велеа ќе дојдат мигранти во државата по договорот со Обединетито Кралство и тоа за пари. Тоа не се случи. Велеа дека ИПАРД програмата е суспендирана во Македонија, а дека парите земјоделците нема да ги добијат. Поминаа по тоа два месеци ИПАРД програмата продолжи да функционира, а земјоделците си ги добија финансиските средства. Лажеа за извештајот на Томас Вајц, дека бил лош дека немал напредок, за потоа човекот на национална телевизија јасно да ги демантира СДС и Филипче. Лажеа дека пензиите нема да бидат исплатени на пензионерите. Поминаа месеци, пензионерите имаат над 7.500 денари повисоки пензии за само 2 години, пензискиот фонд е стабилен, и нема никаква дилема дека ќе продолжат и натаму да се исплаќаат пензиите. Ширеа хистерија за Унгарскиот кредит, со кој општините добиваа пари за нови училишта, градинки, болници, патишта, а компаниите меки кредити за своите бизниси. ДЗР пред некое време, јасно излезе и констатираше дека нема никаква малверзација со овој кредит, а унгарски функционери јасно признаа дека сме добиле кредит по ултра поволни услови. И уште многу попратни работи за кои ќе ни треба цел ден да ги елаборираме за тоа како без срам и образ Филипче и СДС лажеа, па откако беа демантирани, не се извинија ниту пак имаат некаква одговорност. Затоа, ваквиот однос на функционери на СДС е казнив според КЗ член 315, наречен саботажа, кој предвидува најмалку 3 години затвор за оној кој свесно предизвикува штета на правно лице. Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФрчкоски: Мицкоски е во паника поради вистината за Алта банка, затоа се заканува на СДСММицкоски и Славески мора да одговараат што дозволија влез на банка со сомнителен капитал – пералница на Вучиќ.Мицкоски e во паника поради вистината за Алта банка. Приказната почна да се одмотува. Мицкоски и Славески мора да одговараат што дозволија влез на банка со сомнителен капитал – пералница на Вучиќ. Затоа Мицкоски се заканува на СДСМ на владини прес конференции и го повикува обвинителството да не гони. Таму си постави свои луѓе кои му работат на повик и по желба. Кога Мицкоски зборува за „саботажа“ и „загрозување на уставниот поредок“ по Член 315 од КЗ правно да му објасниме која е вистината: 1.Законското битие на делото подразбира дејствие кое мора да произлегува од злоупотреба на работното место/обврската што едно лице ја има кон субјектот што се оштетува, со намера да се сруши уставниот поредок. 2.СДСМ нема никакви извршни функции во институциите врзани со влезот на Алта за да можат да ги саботираат одвнатре. Ниту нашите јавни прес-конференции кои претставуваат транспарентно политичко дејствување се акт против државата. 3.Бидејќи „саботажа“ произлегува од злоупотреба на работното место или обврската што одредено лице ја има кон субјектот што се оштетува, тогаш повторно доаѓаме до Мицкоски и Славевски. Тие ги имале сите податоци на маса, сите информации, и сепак го дозволиле или овозможиле влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски систем. Носењето потенцијално штетни одлуки од позиција на моќ и влијание внатре во институциите е суштина на членот 315. Значи со „саботажа“кај Мицкоски работи Фројд. Затоа, кога Христијан Мицкоски го повикува обвинителството, прво нека го повика во својата канцеларија, кај себе во Владата. Потоа може да ги упати и кај Трајко Славески, во Народната банка. Нека кажат што им донесе Вучиќ. Банка за перење пари од криминал и од корупција. Александар Вучиќ - „Оскар“, како што е препознаен како шеф на балканскиот нарко картел во Sky преписките, во Македонија прво го доведе Мицкоски на власт, а потоа самиот го презеде управувањето со државата. Донесе соработници на БИА во владата на Македонија. Да ги застапува руските интереси. За сето ова Мицкоски знае дека ќе одговара еден ден. Затоа е во паника и се обидува на ист начин да се заканува како што Вучиќ правеше со студентите и опозицијата во Србија кои ги нарекуваше терористи кои го рушат уставниот поредок. Повикувањето на членови од кривичниот законик за ширење паника во Србија доведе до апсења на опозицијата. Сега Мицкоски прави copy-paste на одлуките на Вучиќ и заканите по негов налог. Вучиќ си го чува капиталот и си прави отстапница. Во Србија во моментов се апсат сите во полицијата што учествувале во такви нарачани апсења. Мицкоски, на Вучиќ ова не му успеа, а тебе уште помалку. Ќе одговараш за секој украден денар и за оваа изолација на земјата. За сè она што им го одзеде на младите и на иднината. За тоа што го загрози финансискиот систем и пензиите. За тоа што работниците се понижени. Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата, а судството и медиумите се под политичка опсада. Шефот Вучиќ се тресе, а и ти со него. Правдата доаѓа по своето. Доаѓа тоа време, знаеш и ти самиот. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор СДСМТагови: Јон Фрчкоски СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook