Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена
2Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена
ЗабаваФото: Ангели на Викторија Сикретс ги израдуваа спортистите во Рио!!Адријана Лима и Алесандра Амбросио се појавија на славната плажа Копакабана во Рио и ги изненадија присутните спортисти меѓу кои имаше и носители на медели.Двете убавици на радост на спортистите направија и неколку фотографии. Американскиот пливач Чејс Кализ сигурно исто ќе и се радава на фотката со Адријана како и на освоениот златен медал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ Владата препорача работа од дома за вработените во осумте државни институции, лоцирани во административната зграда „Нова Македонија“, по поплавата која вчера се случи во објектот по пукање на топловодна цевка. Поради ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини исклучена се и струјата и водата.. Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата. -Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата - информираат од владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна женаДесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје. „Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР. Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан ГрубиСо изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами. Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на лотаријата Перпарим Бајрами, кои беа во бегство, но се вратија и се предадоа на властите во земјава, во овој судски предмет обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. Тие се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на Ад „Државна Лотарија“ во износ од над 9 милиони евра.сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter